Skip to main content

Posts

Апел со мала лична историја

Растев во средина каде машките играа со колички и носеа машки бои, каде беше срамота и неприфатливо за машко да игра ластик со девојчињата пред зграда, да сака да им прави плетенки на другарките. Растев во средина каде „тоа е за женски/машки“ беше најверојатно секоја трета реченица која возрасните ја кажуваа.  Како поразличен од групата на машки деца во зграда никогаш не се пронајдов во играњето фудбал – затоа секогаш стоев на страна и затоа секогаш се буткав да се дружам со девојчињата бидејќи „женските“ игри ми беа поинтересни. Од тука нормално излегоа и сите наредни ситуации во кои сум се нашол не само јас, туку и многу други „поразлични“ деца. Во основно на почеток и не беше така лошо, првите четири години бевме уште мали за било што да дојде до израз, да се коментира, да се забележува иако бидувањето педантен откако се сеќавам беше потенцирано како „нежна“ карактеристика која ја поседувам. Наредните четири години кога дефинитивно се приметуваше дека не сум into the activities for
Recent posts

15254 километри

Денес си ја испратив најдобрата другарка за Австралија. Другарка која ми била здрав разум и совест. Другарка која ми била поддршка за сè и која секогаш ми помагала и ме учела како да се сакам и прифатам себе онаков каков што сум. Другарка која никогаш не ми дозволила да се сомневам што сè можам да постигнам. Другарка која ме научи како да не трошам време и енергија на небитни луѓе и работи. Другарка која беше спремна да жртвува од себе само за да го заштити нашето пријателство. Другарка со која сме го испиле целиот алкохол на светот, сме ги исплакале сите тажни песни и сме се смееле до грчеви во стомак. Другарка со која си ги знаеме најинтимните тајни, најголемите стравови и најубавите соништа. Денес си ја испратив другарката која е пола од она што сум јас. И среќен сум. Среќен сум што оди во подобар живот, што ќе има прилика да живее прекрасно и да напредува. Среќен сум што оди со човекот кој ја сака највеќе и што ќе даде сè од себе она секогаш да е насмеана и задоволна. Среќен сум

Македонските јавни лица и терминологијата

Во моменти кога се потпишува петиција за подобри услови за децата со посебни потреби, кога народот почнува да размислува малку повеќе за сите групи на граѓани кои се дел од ова општество и појавува желба да помогне во подобрување на положбата во општеството на истите, се соочуваме со појава на група на поединци (во случајов политички аналитичар) кои мавтајќи со своите дипломи и титули (поради кои очекуваме дека ќе се начитани и ќе имаат тро побогат речник за употреба, а и сам ите богами така се поставуваат) без никакво размислување, за опишување на негативна карактеристика на поединец користат терминологија поврзана со една од состојбите на децата кои спаѓаат во онаа група за која се потпишува петицијата. Не знам кој е Петар Арсовски, и искрено не ме ни интересира да дознаам, ама тој Петар Арсовски кога веќе се нарекува политички аналитичар, чие мислење се очекува да има некаква тежина, не смее да си дозволи дури ни во момент на афектна состојба да изјави нешто како она на сликата п

Предновогдишна еуфорија

Не е еуфорија. Комбинација од спомени од семејна топлина, од убава атмосфера, насмеани луѓе, симпатично украсени излози на продавници, накитени канделабри, дрвја, паркови, улици. Испреплетено со ладниот воздух, веењето на снег, тркалањето снежни топки за снешко, шарите на прозорите наутро. Чајот, столната ламба, книгата, тивката божиќна компилација од музика пуштена да ја надополнува атмосферата во позадина. Трепелтивата светлина од миризливата свеќа, волнените капа, шал и ракавици. Сеќавањето на многуте честитки кои ги праќавме и добивавме, избирањето на истите по тезгите на плоштад. Китење на елката, отплеткувањето на сијаличките и нивната музика, бирањето на нови лампиони и украси во поранешен Смешко на Максим Горки. Санката на полјаната до зграда, пакетчињата под елка, плишаните новогодишни мечиња. Зимскиот распуст, игрите со снег, мавањето со топки снег по автобуси, лижењето мразулци кои висат од покриви и натстрешници. И денес, бидејќи многу од ова фали, поради обврските к

Интелектот на просечниот освестен македонец

Во време на политичка криза каде буквално станува збор за живот или робија, кога народот станува да се побуни против недостаток на демократија, недостаток на слобода на избор и говор, недостаток на толеранција, недостаток на правен систем, недостаток на квалитет во секој сегмент од животот на еден граѓанин, се соочуваме со идеолошка криза на бунтовната група која тврди дека се бори за подобро утре. Нема да навлегувам во партиските ангажмани на луѓето. Нема ниту да се осудам да му мрчам на некој зошто е симпатизер или член на една, друга или трета политичка партија. Ниту на крај памет не би си дал за право да му речам на некој дека е ретардиран само поради тоа што не е на мојата бранова должина за одредена тема или сет на теми. Не сте слободоумни и без предрасуди само ако се решите да поддржите одреден број на маргинализирани групи, независно дали е од аспект на сексуална определба, здравствена или финансиска состојба или национална припадност. Не ги гледајте само опипливите работи

Скопје и ноќниот живот

Не знам дали е до мене (не е!) или до градот наш насушен, ама постов ќе го почнам директно со потенцирање на неговата цел - НОЌНИОТ ЖИВОТ У ГРАДОВ Е СРАЊЕ! Ако тргнете во петок вечер да излезете, без притоа да немате некаде резервација, шансите да најдете место се нула. Скопје е веројатно првиот град во светот каде се резервираат места на шанк. Од кога по ѓаволите шанкот е нешто што се резервира?! Као, ако е празно, застануваш пиеш и си идеш, ако не е само си идеш и тоа е тоа. Вториот агол од кој можете да го разгледате нашиот ноќен живот е изборот на локали каде може да отидете. Не знам, 10 нека се преку сила. Години уназад се истите локали само шо на година дена менуваат име и лик, две недели има поразлична музика и концепт на забави и после тоа - сè по старо. - Беше у тоа новото на плоштад? Многу е добро, се вика 'рендомиме'. - Не беше тоа 'претходнорендомиме'? - Па да ама се смени газдата и внатре малку ентериерот и сеа е многу кул место. * исти фаци, иста

Кога неделата те тера да мислиш

Хаотична хармонија, така би си го нарекол периодов кој ме мачи некое време наназад.  Сè е тука, сè е како што треба, но некако како да не оди по правилен редослед.  Не знам дали е тоа до мене или е до природата на човекот, но често се сомневам во убавината на моментите, бидејќи знам дека животот не оди лесно и подмачкано постојано. И кога ќе почнам да мислам на тоа и кога ќе видам што е зад мене, колку и да сум сигурен во убавината и стабилноста, толку и се мислам дали сум онаму каде што сакам да сум, дали ги правам работите што сакам да ги правам, дали се радувам навистина на она што го имам или префрлам само превез од лажна среќа колку да се утешам сам. Покрај сето она што го имам постигнато со 23 години, кое е малку во споредба со едни но многу во споредба со други, не можам а да не се замислам што од сега па натаму.  Вечен проблем ми е тоа што не знам како е човек да биде спонтан. Мака ми е што не можам да живеам од денес за утре и да не мислам каде ќе сум наредните три годи