Skip to main content

Државата, матурата, оцените

Гледам тренд се сега матурскиве оцени. Слаби биле, децата не биле задоволни, родителите гневни на идејата да се полага матура. Државата била крива шо децата се со слаби оцени на тестирањата, товар било, мачно било.

Јас сум третата генерација која полагаше матура по нејзиното повторно воведување. И многу добро знам за што зборам кога зборам за ваквиот начин на тестирање. Она што во моментов навистина ми пречи се обвинвуањата према надлежните органи и образовните институции како главни виновници за слабите оцени од матурските испити.
Прво, матурскиот испит не го содржи баш ЦЕЛИОТ материјал учен во сите претходни четири години. Точно се изработува програма за полагање на државна матура во која јасно се наведени кои области и што од нив треба ученикот да биде способен да препознае.
Второ, кога ти четири години по ред ќе имаш 5ка по одреден предмет (еве математика ќе го земеме) тоа значи дека твоето знаење континуирано напредувало со самата надоградба на материјата која се изучува, затоа што без научена математика од прва година, нешто помалку веројатно е без проблем да ја совладаш математиката од трета година (а ако ја совладаш значи си го научил она што ти заостанало претходно). Ова директно се коси со обвинувањата дека материјал од 4 години не може да се спреми во една недела. Па боже господе, материјалот од последната година се учи во текот на таа една година пред матурата а останатите три, кога ќе земеме предвид дека точно се знае што се бара од секоја област, не се баш тешки да се спремат за еден месец.
Дополнително, чија е кривицата шо децата немаат време да ги спремат предметите? Некој им наредува да седнат најрано една недела пред испитите и да спремаат 4 предмети за државна матура? Ќе тргнам од себе кога учам, секогаш викам „Ај бе има време, од утре ќе почнам“ и оп, стигнало полагањето, тропа на врата. Така да, тој проблем со недостигот на време директно е поврзан со заинтересираноста на ученикот да го совлада материјалот.
Идат тука муабети сега „А ти шо мислиш дека на 18 годишник му е дојдено до учење и полагање?“. Епа всушност, ако не му е дојдено до учење и полагање, нема да му е дојдено ни до неговата слаба оцена пошо без желба за лично надоградување шо мајка бара на факултет да пополнува квота?
И се трудам а не можам да разберам зошто родителите не се замислат на што е резултат слабата оцена. Ќе речете незаинтересрани професори предаваат. И мене македонски не ми беше некоја најпрекрасна професорка, ама си имав бе тропојќе у главата, си седнував си читав лектири за обработка, си ги пишував писмените онака како што треба а не колку да имам пошо и онака нема да ги прегледа по прописи. Учев граматика, колку што ме интересираше јазикот, за да не бидам циркуз коа зборам или коа официјално се обраќам некому во пишана форма. А не го бараше професорката тоа од мене. Всушност, мислам дека беше потребно и само да се појавам на час за во старт тројка да имам. И требаше тука да застанам јас?
Образованието не е нешто каде треба да седиме со скрстени раце и да чекаме некој со инка да ни стави во глава. Колку е труд на професорот, толку треба да е труд и на ученикот. Кога мене ми стигнаа резултатите од полагањето на државната матура во ниту еден момент не реков „ЛЕЛЕ ФАЛА БОГУ ПОЛОЖИВ“. Напротив, ниту Господ, ниту професорите, ниту мајка ми и татко ми не седеа место мене да учат. Трудот беше лично мој и го вложив за сам пред себе да можам да си бидам чист и да кажам дека ми се исплатела секоја вложена секунда а пропратно моите дома да се израдуваат на тоа дека успеале детето да го направат доволно свесно да размислува малку подалеку од тоа шо бројка ќе му го кити знаењето. Да, не ми одговараше ни на мене да полагам матура во најјаките години. Не ми се допадна идејата шо завршив сред јули со целиот процес пошо чекав оцени. Ама ми се допадна бе шо знаев дека оцените од претходните четири години, бар по тие четири предмети кои ги полагав ми се реални и потврдени со овој дел од тестирањето. А кога 1/3 од предметите ти е истестирана, сигурен си дека и другите горе - долу се стекнати навистина со труд и вложување а не со врски, стара слава и шарм.
За крај, далеку од тоа дека системот за полагање матура е беспрекорен. Уште подалеку дека на тој начин ќе натераш некој да седне да учи. Ама убаво е да се направи скрининг за тоа колку работи свеста на децата за самонапредување која е пак директно поврзана со тоа како родителот се погрижил детето да бутка низ животот.

Е сега, јасно ми е зошто се бунат родителите. Сфаќаат дека децата после 12 години образование немаат постигнато буквално ништо и директно од тоа влечат дека потфрлиле во правилното насочување на сопственото дете. А кога ти посочуваат на грешките и знаеш дека луѓето се во право, тоа боли. Особено кога станува збор за сопственото дете.

До подобри времиња кога децата ќе се срамат од својот личен неуспех а нема да обвинуваат други, останува да гледаме како е виновен системот но не и родителот.


Popular posts from this blog

Апел со мала лична историја

Растев во средина каде машките играа со колички и носеа машки бои, каде беше срамота и неприфатливо за машко да игра ластик со девојчињата пред зграда, да сака да им прави плетенки на другарките. Растев во средина каде „тоа е за женски/машки“ беше најверојатно секоја трета реченица која возрасните ја кажуваа.  Како поразличен од групата на машки деца во зграда никогаш не се пронајдов во играњето фудбал – затоа секогаш стоев на страна и затоа секогаш се буткав да се дружам со девојчињата бидејќи „женските“ игри ми беа поинтересни. Од тука нормално излегоа и сите наредни ситуации во кои сум се нашол не само јас, туку и многу други „поразлични“ деца. Во основно на почеток и не беше така лошо, првите четири години бевме уште мали за било што да дојде до израз, да се коментира, да се забележува иако бидувањето педантен откако се сеќавам беше потенцирано како „нежна“ карактеристика која ја поседувам. Наредните четири години кога дефинитивно се приметуваше дека не сум into the activities for

Пролет во есен

Есен е. Природата почнува да се повлекува, да умира, да исчезнува. Небото почнува сè почесто да плаче за многуте бои кои се губат и се заменуваат со сивилото на ладот. Се раѓа една општоприфатена депресија. Шеташ по улица и во сечии очи, дури и во оние насмеаните, наоѓаш по некоја ронка меланхолија која успева да допре до тебе и да почне полека да те претопува во општиот хаос на недефинирани емоции. Од очила за сонце, преминуваш во влечење на чадор за дожд кој ти треба најмногу оној пат кога ќе го заборавиш дома или на факултет. Наутро, ја вадиш ногата од под ќебе и сфаќаш дека ќе ти треба сета сила на светот за да се измолкнеш од топлината и сигурноста на креветот и да стапнеш во ладот на денот исполнет со обврски кои поради недостаток на сонце ќе бидат минимум три пати потешки. Вировите по улица ги користиш како огледало за некој паралелелн универзум во кој се надеваш дека енергијата нема да ти биде исцицана од депресијата на околината. Погледнуваш надолу, кон еден вир и се соочува

Скопје и ноќниот живот

Не знам дали е до мене (не е!) или до градот наш насушен, ама постов ќе го почнам директно со потенцирање на неговата цел - НОЌНИОТ ЖИВОТ У ГРАДОВ Е СРАЊЕ! Ако тргнете во петок вечер да излезете, без притоа да немате некаде резервација, шансите да најдете место се нула. Скопје е веројатно првиот град во светот каде се резервираат места на шанк. Од кога по ѓаволите шанкот е нешто што се резервира?! Као, ако е празно, застануваш пиеш и си идеш, ако не е само си идеш и тоа е тоа. Вториот агол од кој можете да го разгледате нашиот ноќен живот е изборот на локали каде може да отидете. Не знам, 10 нека се преку сила. Години уназад се истите локали само шо на година дена менуваат име и лик, две недели има поразлична музика и концепт на забави и после тоа - сè по старо. - Беше у тоа новото на плоштад? Многу е добро, се вика 'рендомиме'. - Не беше тоа 'претходнорендомиме'? - Па да ама се смени газдата и внатре малку ентериерот и сеа е многу кул место. * исти фаци, иста