Skip to main content

Музиката и нејзината еволуција

Добро бе, до кога ќе морам да читам твитови, статуси, блогови за тоа која музика е поквалитетна? До кога луѓето ќе си кажуваат едни на други што треба а што не треба да се слуша, што е квалитет а што не е?
Долго време се спремам да истрескам неколку реченици по тастатура за ова и после читањето статијава на ценетиот портал Он.Нет, се решив дека едноставно не можам да држам во себе повеќе.
Она што првично иритира е фактот дека овие статии ги пишуваат луѓе кои решиле дека статијата така треба да изгледа. Ниту правеле јавна анкета, ниту истражувале глобално мислење, ниту пак помислиле да го направат тоа.
Едноставно се накурчиле зошто омилената им група од пред 75 години продала помалце албуми од разлигавениот Џастин Пипер.
Второ - музиката е веќе индивидуален вкус. Затоа се развиени поп, хип-хоп, класика, аренби, техно, хаус, електро, денс, диско, метал, хеви метал. Ако не ви се сфиѓа стилот на Гага, ја имате Бијонсе. Ако не ја сакате ни неа, го имате Бруно Марс. Ако ви е премногу лигав си го имате Енрике. Ако ви е па тој полигав, ете го Рики Мартин, кој доколку не сакате да го слушате зошто е педер и аналогно на тоа нема убава музика, слободно обратете се кај Роби Вилијамс или Џастин Тимберлејк.
Е сеа, ко ќе сфатат многумина па дека оваа листа им буди нагони за повраќање, нека си пронајдат само еден пејач кој може да го слушаат, па ќе сфатат дека наместо да попуваат за убавината и квалитетот на музиката која другите ја популаризираат, можат едноставно да уживаат во она кое тие избрале да го слушаат.
Трето, но не и помалку важно, здосадено ми е коа некој чоек слуша само еден бенд, и нишо појше и кога за него се што е вон границите на тој бедн е тапа музика. Човече - 3ца луѓе не праат музички свет. Целата естрада го прави.
Во однос на главната причина поради која уште толку и го трошам животот на тастатурава:

  • Нели мислите дека Ријана има 10 број 1 синглови пошо публиката ги избрала? А ако убаво се сеќавам, гласот на публиката беше важен, а не на поединец.
  • Како сакате Ке$а да не е попродавана од Битлси, кога ценетите живееле во период кога прво, не се издавал толкав тираж на албуми, а второ, купувањето на албумите било можно само во продавница, а не во секој киоск, на интернет, во пиљара и тн.
  • I gotta feeling е попопуларна од причина што песната ОДГОВАРА НА ДЕНЕШНИОТ НАЧИН НА ЖИВОТ
  • За Селин Дион па е најголемата глупост што ја имам прочитано. Добро бе, има ли човек на планетава земја што Селин Дион ја гледа како пејач кој не вреди да продаде солиден број на албуми? Жената има глас 1 на милион, појава на сцена, сними саундтрак за вториот по ред филм по заработка. И вие сакате да кажете дека тоа е разочарувачки факт што толку успешна жена продала појше од Квин и Нирвана?
  • Шанаја Твејн - прочитајте погоре.
  • БАРБАРА СТРЕЈСЕНД ЈА СТАВИЛЕ ВО НАЈГОЛЕМО РАЗОЧАРУВАЊЕ. Ми иде да зеам и да се дерам на цел глас за тоа какви се „професионалци“ го прават изборот на статиите. Не знам само кој си земал за право таков неповторлив талент да го направи помалку вреден од Џони Кеш и Прл Џем.
  • И аман бе со Џастин Бибер. Шо е детето криво шо женската тинејџ популација е најзастапена во светот? Шо е детето криво што татковците ги разгалиле ќерките, па таа писни Џастин, тато дај и нов албум? 
Имаше на интернет и некои други споредби, ама оваа нашава е крајот. Не сакам да ме разберете погрешно, јас многу ја ценам музиката на Мајкл Џексон, на Битлси, на Квин и сите погоре споменати - меѓутоа треба малку да се има во предвид дека времето се менува, вкусовите се менуваат, сè оди напред, па и музиката и затоа не можеме цел живот да слушаме само Депеш Мод, како што ни Гага нема да остане број еден во тоа што е број еден.

Едноставно редно е секој да си го прибере јазикот, да престане да расудува во името на другите што е квалитет а што не, и да остави другите да уживаат во својот избор.

п.с. Сеа е времето на Кејти Пери, на Бијонсе, на Ријана, на Пипер. Ќе им помине и на нив, ќе дојдат други. И вие упорно ќе дрвите дека само музиката од 60те и 70те вредела? People, grow up. Ако вредела толку колку што викате, немаше сегашниве ѕвезди да се во толкав подем. А ако сметате дека денешните фејмс артисти се толку популарни поради тоа што публиката е глупа, запрашајте се зошто и тие по кои жалите станале популарни како што се и видете дека и вие ќе испаднете дел од нечија публика.

Со почит, човек кој ужива во звуците на музиката без разлика од која година се.


Popular posts from this blog

Апел со мала лична историја

Растев во средина каде машките играа со колички и носеа машки бои, каде беше срамота и неприфатливо за машко да игра ластик со девојчињата пред зграда, да сака да им прави плетенки на другарките. Растев во средина каде „тоа е за женски/машки“ беше најверојатно секоја трета реченица која возрасните ја кажуваа.  Како поразличен од групата на машки деца во зграда никогаш не се пронајдов во играњето фудбал – затоа секогаш стоев на страна и затоа секогаш се буткав да се дружам со девојчињата бидејќи „женските“ игри ми беа поинтересни. Од тука нормално излегоа и сите наредни ситуации во кои сум се нашол не само јас, туку и многу други „поразлични“ деца. Во основно на почеток и не беше така лошо, првите четири години бевме уште мали за било што да дојде до израз, да се коментира, да се забележува иако бидувањето педантен откако се сеќавам беше потенцирано како „нежна“ карактеристика која ја поседувам. Наредните четири години кога дефинитивно се приметуваше дека не сум into the activities for

Пролет во есен

Есен е. Природата почнува да се повлекува, да умира, да исчезнува. Небото почнува сè почесто да плаче за многуте бои кои се губат и се заменуваат со сивилото на ладот. Се раѓа една општоприфатена депресија. Шеташ по улица и во сечии очи, дури и во оние насмеаните, наоѓаш по некоја ронка меланхолија која успева да допре до тебе и да почне полека да те претопува во општиот хаос на недефинирани емоции. Од очила за сонце, преминуваш во влечење на чадор за дожд кој ти треба најмногу оној пат кога ќе го заборавиш дома или на факултет. Наутро, ја вадиш ногата од под ќебе и сфаќаш дека ќе ти треба сета сила на светот за да се измолкнеш од топлината и сигурноста на креветот и да стапнеш во ладот на денот исполнет со обврски кои поради недостаток на сонце ќе бидат минимум три пати потешки. Вировите по улица ги користиш како огледало за некој паралелелн универзум во кој се надеваш дека енергијата нема да ти биде исцицана од депресијата на околината. Погледнуваш надолу, кон еден вир и се соочува

Скопје и ноќниот живот

Не знам дали е до мене (не е!) или до градот наш насушен, ама постов ќе го почнам директно со потенцирање на неговата цел - НОЌНИОТ ЖИВОТ У ГРАДОВ Е СРАЊЕ! Ако тргнете во петок вечер да излезете, без притоа да немате некаде резервација, шансите да најдете место се нула. Скопје е веројатно првиот град во светот каде се резервираат места на шанк. Од кога по ѓаволите шанкот е нешто што се резервира?! Као, ако е празно, застануваш пиеш и си идеш, ако не е само си идеш и тоа е тоа. Вториот агол од кој можете да го разгледате нашиот ноќен живот е изборот на локали каде може да отидете. Не знам, 10 нека се преку сила. Години уназад се истите локали само шо на година дена менуваат име и лик, две недели има поразлична музика и концепт на забави и после тоа - сè по старо. - Беше у тоа новото на плоштад? Многу е добро, се вика 'рендомиме'. - Не беше тоа 'претходнорендомиме'? - Па да ама се смени газдата и внатре малку ентериерот и сеа е многу кул место. * исти фаци, иста