Skip to main content

Предрасудите

Делувам како човек кој стварно жали што живее во земјава, меѓутоа немам една причина која може да ме натера да го сменам мојот став.

Денес сакам да зборувам за предрасудите.
Ја тераме Македонија кон ЕУ. Ја тераме Македонија кон ЈуЕсЕј... Ја тераме Македонија кон сè што нарекуваме high-developed country.
Правиме измени во закони, приспособуваме стандарди, имплементираме работи кои не одговараат ниту најмалку на било кој аспект од нашиот начин на живот.
Да не должам многу, правиме сè што го прават и оние наши земји - идоли.
Но до каде сме со свеста? До каде сме со начинот на кој го прифаќаме светот? Убаво е како тоа ние гледаме со широко отворени очи, но лошо е како срцата ни се затворени према сите тие шаренила кои доаѓаат од надвор.

Сè повеќе и повеќе ме изненадува фактот дека и покрај очекуваното, новите генерации да се развиваат во духот на либералноста, во правецот во кој се тера едно отворено општество, сме тргнале во насоката која се зацртала пред некои си 50 години.
Тогаш машко без влакна на градите било срамота. Маж без бркови не бил маж. Жена во минич била растурикуќа. Жена која сака да работи а не 24/7 да гледа деца не била жена.
И ете, денес, толку време подоцна, со толкава желба за напредок, не сме ги заборавиле овие работи, туку малку сме ги предефинирале. Маж што се депилира е педер. Розева боја е женска боја. Жена што игра фудбал е машкоданка (what the fuck е со зборов). Мажот не треба да се грижи за личната хигиена (креми за лице, маникири и педикири), затоа што тоа била женска работа. Жените со миничи од растурикуќи станаа секс објекти. Прегратка на жена со жена е убаво пошо буди лезбејски фантазии кај мажите. Прегратка маж со маж е за тепање, пошо мажите не треба да изразуваат никакви чувства, па автоматски се педери...
Ако машко има Џастин Бибер фризура, е педер. Ако женско има таква фризура е лезбејка или најмалку бисексуалка. Девојката што сака да си се поднапие кога излага е лесна алкохоличарка која секој може да ја легне. Дечкото шо се прај летва е највечи фраер у град иако не му е срам да се измоча на сред плоштад.
И муабетов, тераме мажите секогаш над жените. Тераме сфаќања од 14 век ако не и порано.
Другарство помеѓу машко и женско не може да има... Нели, турско време, се фати ли некој за рака, одма свадбата... Па ете сега, ко во гени да е врежан фактот дека од сето тоа си излага брак.
Имаме и некое грдо правило дека мора да се заврши факултет (ова дел од новиот свет), ама па и дека жената мора да роди до 22-23 години пошо после веќе стара ќе била (бабите наши на 18 и на 19 имаат раѓано).
Она па што можеби и највеќе ми иде на нерви е она пустото квазипатриотизирање кое ако не го почитуваш, автоматски си предавник на државата а тоа те прави се најдолно.

Не знам веќе на кој начин можам да презентирам пред луѓето дека либерално општество не значи да не бидеш нечиј роб, туку дека значи ДЕКА МОЖЕШ ДА ПРАВИШ ШТО САКАШ. Сите се пукаат со либерализмот кој го поседуваат, а на прашање поставено на студенти на медицински факултет :Што би направиле доколку во ординација ви дојде пациент и ви каже дека е геј?, добвате одговори од типот на :Ќе го утепам, ќе го кастрирам, ќе го избркам...

Имаме некои затворени сфаќања (она што нели популарно го нарекуваме предрасуди) кои не ни даваат да ги гледаме работите од сите агли, туку како коњите сме си, насочени со погледот во само една точка. Стануваме робови на она од кое толку сакаме да избегаме, а самите не го пуштаме да се оддалечи од нас. Остануваме закопани во минатото, а посегнуваме раце кон иднината.
Проблемот не е во тоа што треба време да се привикнеме на новите работи и да забораивме на стегите. Проблемот е во тоа што се плашиме од новини. Се плашиме да мрднеме едно скалило погоре во моралната еволуција незнаејќи дека она е тоа кое пред се ќе треба да го направиме за да биднеме исти со земјите према кои ги градиме нашите аспирации.

Не сакам да бидам јас тој кој ќе пробува да воведе некакви промени, затоа што сакам јас да бидам дел од либерална средина. Можеби звучи кукавички и некој ќе рече ако не превземаш ништо не се буни, ама во Македонијава наша што и да сакаш за да го постигнеш треба да превртиш и небо и земја. Мислам дека никој нема сила за сам да започне такво нешто. Камо ли па воопшто да успее во тоа.

За ова се бара колективност, а кај нас ја нема.

Popular posts from this blog

Апел со мала лична историја

Растев во средина каде машките играа со колички и носеа машки бои, каде беше срамота и неприфатливо за машко да игра ластик со девојчињата пред зграда, да сака да им прави плетенки на другарките. Растев во средина каде „тоа е за женски/машки“ беше најверојатно секоја трета реченица која возрасните ја кажуваа.  Како поразличен од групата на машки деца во зграда никогаш не се пронајдов во играњето фудбал – затоа секогаш стоев на страна и затоа секогаш се буткав да се дружам со девојчињата бидејќи „женските“ игри ми беа поинтересни. Од тука нормално излегоа и сите наредни ситуации во кои сум се нашол не само јас, туку и многу други „поразлични“ деца. Во основно на почеток и не беше така лошо, првите четири години бевме уште мали за било што да дојде до израз, да се коментира, да се забележува иако бидувањето педантен откако се сеќавам беше потенцирано како „нежна“ карактеристика која ја поседувам. Наредните четири години кога дефинитивно се приметуваше дека не сум into the activities for

Пролет во есен

Есен е. Природата почнува да се повлекува, да умира, да исчезнува. Небото почнува сè почесто да плаче за многуте бои кои се губат и се заменуваат со сивилото на ладот. Се раѓа една општоприфатена депресија. Шеташ по улица и во сечии очи, дури и во оние насмеаните, наоѓаш по некоја ронка меланхолија која успева да допре до тебе и да почне полека да те претопува во општиот хаос на недефинирани емоции. Од очила за сонце, преминуваш во влечење на чадор за дожд кој ти треба најмногу оној пат кога ќе го заборавиш дома или на факултет. Наутро, ја вадиш ногата од под ќебе и сфаќаш дека ќе ти треба сета сила на светот за да се измолкнеш од топлината и сигурноста на креветот и да стапнеш во ладот на денот исполнет со обврски кои поради недостаток на сонце ќе бидат минимум три пати потешки. Вировите по улица ги користиш како огледало за некој паралелелн универзум во кој се надеваш дека енергијата нема да ти биде исцицана од депресијата на околината. Погледнуваш надолу, кон еден вир и се соочува

Скопје и ноќниот живот

Не знам дали е до мене (не е!) или до градот наш насушен, ама постов ќе го почнам директно со потенцирање на неговата цел - НОЌНИОТ ЖИВОТ У ГРАДОВ Е СРАЊЕ! Ако тргнете во петок вечер да излезете, без притоа да немате некаде резервација, шансите да најдете место се нула. Скопје е веројатно првиот град во светот каде се резервираат места на шанк. Од кога по ѓаволите шанкот е нешто што се резервира?! Као, ако е празно, застануваш пиеш и си идеш, ако не е само си идеш и тоа е тоа. Вториот агол од кој можете да го разгледате нашиот ноќен живот е изборот на локали каде може да отидете. Не знам, 10 нека се преку сила. Години уназад се истите локали само шо на година дена менуваат име и лик, две недели има поразлична музика и концепт на забави и после тоа - сè по старо. - Беше у тоа новото на плоштад? Многу е добро, се вика 'рендомиме'. - Не беше тоа 'претходнорендомиме'? - Па да ама се смени газдата и внатре малку ентериерот и сеа е многу кул место. * исти фаци, иста