Растев во средина каде машките играа со колички и носеа машки бои, каде беше срамота и неприфатливо за машко да игра ластик со девојчињата пред зграда, да сака да им прави плетенки на другарките. Растев во средина каде „тоа е за женски/машки“ беше најверојатно секоја трета реченица која возрасните ја кажуваа. Како поразличен од групата на машки деца во зграда никогаш не се пронајдов во играњето фудбал – затоа секогаш стоев на страна и затоа секогаш се буткав да се дружам со девојчињата бидејќи „женските“ игри ми беа поинтересни. Од тука нормално излегоа и сите наредни ситуации во кои сум се нашол не само јас, туку и многу други „поразлични“ деца. Во основно на почеток и не беше така лошо, првите четири години бевме уште мали за било што да дојде до израз, да се коментира, да се забележува иако бидувањето педантен откако се сеќавам беше потенцирано како „нежна“ карактеристика која ја поседувам. Наредните четири години кога дефинитивно се приметуваше дека не сум into the activities for
Денес си ја испратив најдобрата другарка за Австралија. Другарка која ми била здрав разум и совест. Другарка која ми била поддршка за сè и која секогаш ми помагала и ме учела како да се сакам и прифатам себе онаков каков што сум. Другарка која никогаш не ми дозволила да се сомневам што сè можам да постигнам. Другарка која ме научи како да не трошам време и енергија на небитни луѓе и работи. Другарка која беше спремна да жртвува од себе само за да го заштити нашето пријателство. Другарка со која сме го испиле целиот алкохол на светот, сме ги исплакале сите тажни песни и сме се смееле до грчеви во стомак. Другарка со која си ги знаеме најинтимните тајни, најголемите стравови и најубавите соништа. Денес си ја испратив другарката која е пола од она што сум јас. И среќен сум. Среќен сум што оди во подобар живот, што ќе има прилика да живее прекрасно и да напредува. Среќен сум што оди со човекот кој ја сака највеќе и што ќе даде сè од себе она секогаш да е насмеана и задоволна. Среќен сум