Skip to main content

Македонската младина

До пред некое време на улица ќе слушневте како се зборува за луѓето кои интензивно ги користат социјалните мрежи за комуникација. Ќе слушневте како тие се луѓе кои немаат социјален живот, кои не знаат како е да се биде дел од вербална комуникација поразлична од онаа во која се вклучени мониоторт и тастатурата. Па дури ќе слушневте и дека овие луѓе, кои со тастатурата пред себе можат да направат буквално сè, на улица не знаат ниту да гукнат, а не пак да кажат нешто кое ќе биде конструктивно или со некоја посебна важност.

Денес, токму овие луѓе се причината поради која младината на Македонија се бори за своите права. Токму овие луѓе се гласот на правдата, гласот на вербата во подобро утре и основата на една побезбедна иднина. Жално е што требаше да се случи една непријатна работа како убиството на 22 годишниот Мартин, за да ние младите ја покажеме моќта која ја имаме како дел од народот на оваа 2 милионска земја - меѓутоа сепак треба да бидеме горди што на некаков начин покажавме дека без разлика на сè, сепак сме способни да се бориме за она кое што го заслужува секој човек - правото на живот.

Протестите кои секојдневно се сè помасовни и помасовни, се доказ за свеста на младината во која многумина од постарите одамна ја загубија вербата - младината за која се зборуваше дека не знае ништо попаметно од штракање на компјутер, пијанчење по улица, глпирање низ дискотеки и правење секакви глупости.

Па почитувани постари граѓани на државата - имајте малку доблест, поддржете ја младината во која изгубивте доверба одамна и не заборавајте дека она што таа го прави сега ја подобрува иднината на вашите деца, внуци и сè она што ќе биде ваш потомок.

Никогаш, ама буквално никогаш не ја потценувајте моќта на духот на младите без разлика на кој начин и да избрале да живеат и да комуницираат со светот.

Popular posts from this blog

Пензионерите

Драги, миризливи, небањати, застоени, запотени, умирисани на вчерашни манџи пензионери кои со себе влечете, не една, не две, туку 40 кеси преполнети со зеленчуци, овошја и по некое одмрзнато копанче купено од пазар на тезга, кога веќе го окупирате јавниот превоз, запазете ги следниве подточки. Пробајте да не смрдите Културата која ја барате од младите, применете ја и самите Не купувајте количински ко да се спремате за Големата Депресија Садниците транспортирајте ги на друг начин, а не со автобус кој по вашето напуштање изгледа како да пренесувал ровови земја Ако веќе смрдите, НЕ БАРАЈТЕ да се затвораат прозорите во автобусите. Луѓе сме, воздух ни треба. Не ми викајте да станам ако претходно сте трчале и сте буткале луѓе само за да фатите место во автобус. Кога ве држат нозете да трчате, можат да ве подржат и за две станици. Не коментирајте. Коментарите дека младината е невоспитана ви се џабе кога 90% од нас младите во автобус сме со слушалици. Ако едвај се движите, шо мајка б...

Предрасудите

Делувам како човек кој стварно жали што живее во земјава, меѓутоа немам една причина која може да ме натера да го сменам мојот став. Денес сакам да зборувам за предрасудите. Ја тераме Македонија кон ЕУ. Ја тераме Македонија кон ЈуЕсЕј... Ја тераме Македонија кон сè што нарекуваме high-developed country. Правиме измени во закони, приспособуваме стандарди, имплементираме работи кои не одговараат ниту најмалку на било кој аспект од нашиот начин на живот. Да не должам многу, правиме сè што го прават и оние наши земји - идоли. Но до каде сме со свеста? До каде сме со начинот на кој го прифаќаме светот? Убаво е како тоа ние гледаме со широко отворени очи, но лошо е како срцата ни се затворени према сите тие шаренила кои доаѓаат од надвор. Сè повеќе и повеќе ме изненадува фактот дека и покрај очекуваното, новите генерации да се развиваат во духот на либералноста, во правецот во кој се тера едно отворено општество, сме тргнале во насоката која се зацртала пред некои си 50 години. Тогаш машко б...

Апел со мала лична историја

Растев во средина каде машките играа со колички и носеа машки бои, каде беше срамота и неприфатливо за машко да игра ластик со девојчињата пред зграда, да сака да им прави плетенки на другарките. Растев во средина каде „тоа е за женски/машки“ беше најверојатно секоја трета реченица која возрасните ја кажуваа.  Како поразличен од групата на машки деца во зграда никогаш не се пронајдов во играњето фудбал – затоа секогаш стоев на страна и затоа секогаш се буткав да се дружам со девојчињата бидејќи „женските“ игри ми беа поинтересни. Од тука нормално излегоа и сите наредни ситуации во кои сум се нашол не само јас, туку и многу други „поразлични“ деца. Во основно на почеток и не беше така лошо, првите четири години бевме уште мали за било што да дојде до израз, да се коментира, да се забележува иако бидувањето педантен откако се сеќавам беше потенцирано како „нежна“ карактеристика која ја поседувам. Наредните четири години кога дефинитивно се приметуваше дека не сум into the activities ...