Skip to main content

Скопје и ноќниот живот

Не знам дали е до мене (не е!) или до градот наш насушен, ама постов ќе го почнам директно со потенцирање на неговата цел - НОЌНИОТ ЖИВОТ У ГРАДОВ Е СРАЊЕ!

Ако тргнете во петок вечер да излезете, без притоа да немате некаде резервација, шансите да најдете место се нула. Скопје е веројатно првиот град во светот каде се резервираат места на шанк. Од кога по ѓаволите шанкот е нешто што се резервира?! Као, ако е празно, застануваш пиеш и си идеш, ако не е само си идеш и тоа е тоа.

Вториот агол од кој можете да го разгледате нашиот ноќен живот е изборот на локали каде може да отидете. Не знам, 10 нека се преку сила. Години уназад се истите локали само шо на година дена менуваат име и лик, две недели има поразлична музика и концепт на забави и после тоа - сè по старо.

- Беше у тоа новото на плоштад? Многу е добро, се вика 'рендомиме'.
- Не беше тоа 'претходнорендомиме'?
- Па да ама се смени газдата и внатре малку ентериерот и сеа е многу кул место.
* исти фаци, иста музика, исти правила

Трет аспект на гледање е поделеноста на 'формата' на луѓе шо се движат по градов па соодветно на тоа и зафаќаат разни површини на кои пијат и се журкаат.

1. ПРЕКУЛ АНДЕРГРАУНД ВРЗАНИ СО ШАЛ ОКОЛУ ЦЕЛО ТЕЛО ФАЦИ - излезеш ли на вакво место, ако не си у фазон уз алкохол да дебатираш за на политичарите прљавите гаќи и ако немаш активна идеја како да го спречиш глобалното затополување притоа ставајќи акцент на решавањето на гладот на децата во Африка и тешкиот живот на бегалците од Сирија - дефинитивно нема да припаѓаш на таа забава. Таму не смееш да си опуштен и да сакаш да играш - одма не си достоен да ја носиш титулата свесно човечко битие поради тоа што додека ти тераш хедонистички живот, некој таму во светот се мачи да преживее барајќи храна и вода.
2. ГЕЈ ИЗ СОУ МАЧ ОКЕЈ ШО СИТЕ СЕ ГЕЈ - идеш у некое налик кул местенце, ти се свиѓа амбиент и музика и внатре мажи шо чекаат да се појават други мажи и нишо друго. Глупи чаршиски фрлања ишарет, потфаќање за газ у темница као шо се праеше на времето у Миднајт коа 40 годишни чичиња фаќаа млади девојчиња. Залижани косишта со еден тон гел и една избричена страна од главата со мрсно репче фатено на темето - растргани маици и фармерки искинати како низ мелница да поминале. Ако овде си дошол само да испиеш една пијачка на раат, малку да мрднеш на музика и да си идеш - не си за тука.
3. ВИДИ МЕ АМА СУМ ФЕНСИ И ЧАСТИ МЕ ПИЈАЧКА - 97% од местата за искачање навечер се сведоа на 'ја се знам со вратарот, дефинитивно влагаме'. Ваквите журки најчести низ Скопје, кај шо иде бесна техно-електронска музика се идеални за ако сакаш да те гледаат попреку шо не влагаш на сепаре со џипот и ланецот околу врат, избричен у главата и со скапиот ајфон ес 6ка на маса остаен веднаш до флашата Јегер. Задолжително треба да си на штикла 23ка, 3 шишенца пудра на фаца, евтин парфем и многу многу шљокици по облеката. Нема тука дојдов да си поминам убаво. Има само дојдов да изгледам 'убаво'. Ако сакаш мирна вечер со една - две пијачки и фина музика - не си ни за тука.

Најдете се повредени, повикани, омаловажени и какви сè не во постов. Сликата е таа, нема кај да ја скриеме вистината. Нема доволно големо чергиче за да ги пикнеме работиве под него и да се праиме дека не се тука.

Посебен shoutout до вработените во сите локали. АКО Е СМЕТКАТА 480 И ТИ ДААМ 500 ТИЕ 20 ДЕНАРИ ЌЕ ТИ ГИ ДАДАМ ЈАС АКО САКАМ.
Не е работата за 20 денари. Кај ви ги натплаќаме пијачките, уште пари да земате без да ви ги даде некој е тажно. Имате работодавец од кој земате плата за работата и секој бакшиш треба да е последица на добра услуга и задоволство на клиентот. Ако ви е платата мала, зборете си со шефот. И да, давајте фискални коа наплаќате. Не знаете во кој момент некој од излезените на кои им земате пари, не им давате фискална и не им враќате кусур е всушност УЈП дојден на терен.

Со почит и никавко разбирање за бедниот ноќен живот во Скопје.

Popular posts from this blog

Пензионерите

Драги, миризливи, небањати, застоени, запотени, умирисани на вчерашни манџи пензионери кои со себе влечете, не една, не две, туку 40 кеси преполнети со зеленчуци, овошја и по некое одмрзнато копанче купено од пазар на тезга, кога веќе го окупирате јавниот превоз, запазете ги следниве подточки. Пробајте да не смрдите Културата која ја барате од младите, применете ја и самите Не купувајте количински ко да се спремате за Големата Депресија Садниците транспортирајте ги на друг начин, а не со автобус кој по вашето напуштање изгледа како да пренесувал ровови земја Ако веќе смрдите, НЕ БАРАЈТЕ да се затвораат прозорите во автобусите. Луѓе сме, воздух ни треба. Не ми викајте да станам ако претходно сте трчале и сте буткале луѓе само за да фатите место во автобус. Кога ве држат нозете да трчате, можат да ве подржат и за две станици. Не коментирајте. Коментарите дека младината е невоспитана ви се џабе кога 90% од нас младите во автобус сме со слушалици. Ако едвај се движите, шо мајка б...

Предрасудите

Делувам како човек кој стварно жали што живее во земјава, меѓутоа немам една причина која може да ме натера да го сменам мојот став. Денес сакам да зборувам за предрасудите. Ја тераме Македонија кон ЕУ. Ја тераме Македонија кон ЈуЕсЕј... Ја тераме Македонија кон сè што нарекуваме high-developed country. Правиме измени во закони, приспособуваме стандарди, имплементираме работи кои не одговараат ниту најмалку на било кој аспект од нашиот начин на живот. Да не должам многу, правиме сè што го прават и оние наши земји - идоли. Но до каде сме со свеста? До каде сме со начинот на кој го прифаќаме светот? Убаво е како тоа ние гледаме со широко отворени очи, но лошо е како срцата ни се затворени према сите тие шаренила кои доаѓаат од надвор. Сè повеќе и повеќе ме изненадува фактот дека и покрај очекуваното, новите генерации да се развиваат во духот на либералноста, во правецот во кој се тера едно отворено општество, сме тргнале во насоката која се зацртала пред некои си 50 години. Тогаш машко б...