Skip to main content

Amy Winehouse, RIP

Има работи во животот кои знаат многу да ме извадат од такт. Блогов конкретно  на тоа го посветувам.
Ете, се случи нешто денес кое мене лично, како голем приврзаник за музиката на Ејми, стварно ми падна претешко. Почина девојката од предозираност.
Не е фактот дека умрела што иритира. Иритира она што луѓето околку го зборуваат.
Умрела пошо си заслужила, ако и е, еден наркоман помалце...
Јасно ни е на сите дека се што правиме си има последици, дека она што ќе го посееме - тоа ќе си го ожнееме.
Ама затоа ве молам, кога утре ќе се лупнете од стаколото на затворената балконска врата само затоа што не сте ја виделе, немојте да си речете како можеше ова мене да ми се случи. Немојте, кога утре ќе слушнете на вести дека загинале дечко и девојка во сообраќајка поради возење во алкохолизирана состојба, да речете дека е жално. Никој не ги терал така да шибаат на улица.
Немојте да речете кога ќе се збрцате со нож у рака додека сечете леб дека ве боли. Пошо немате право да се жалите, сами сте си криви за последиците.
Како бе така, сите светски ѕвезди испоумреа од дрога и за никоја до сега не се рече: Ако и е!
Почнувам се повеќе да се сомневам во здравото расудување на луѓево околу мене. Ако се појавиш дрогиран на сцена и после умреш - заслужено ти е. Ако снимиш филм па после умреш од предозираност - тажно е и болно е.
Ми зборат овие околу мене за некакви си незнаења да се носиш со тоа што си, за неквалитет и за дебилитет... Ми викаат дека не можам да правам споредба во смртта на Хит Леџер и на Ејми.
Типот не ги изневерил фановите како што направила Ејми.
Море кај ви е паметот? Типот остави зад себе жена и ќерка. А не гледам како публиката е поважна од семјеството.
Живеете во сенката на она што сакате да го видите, а не живеете во светот во кој некои работи се малку поинакви од она што вашиот ум го зацртал.
Да, сама си го бараше тоа што умре. Не, не е океј да се радувате што умрела.
Или плачете и по Монро и по Леџер и по Ејми, или не се правете ко првите двајца да оставиле којзнае што на земјава, а Ејми ко да во убила нешто свето.

За крај,

Popular posts from this blog

Пензионерите

Драги, миризливи, небањати, застоени, запотени, умирисани на вчерашни манџи пензионери кои со себе влечете, не една, не две, туку 40 кеси преполнети со зеленчуци, овошја и по некое одмрзнато копанче купено од пазар на тезга, кога веќе го окупирате јавниот превоз, запазете ги следниве подточки. Пробајте да не смрдите Културата која ја барате од младите, применете ја и самите Не купувајте количински ко да се спремате за Големата Депресија Садниците транспортирајте ги на друг начин, а не со автобус кој по вашето напуштање изгледа како да пренесувал ровови земја Ако веќе смрдите, НЕ БАРАЈТЕ да се затвораат прозорите во автобусите. Луѓе сме, воздух ни треба. Не ми викајте да станам ако претходно сте трчале и сте буткале луѓе само за да фатите место во автобус. Кога ве држат нозете да трчате, можат да ве подржат и за две станици. Не коментирајте. Коментарите дека младината е невоспитана ви се џабе кога 90% од нас младите во автобус сме со слушалици. Ако едвај се движите, шо мајка б...

Предрасудите

Делувам како човек кој стварно жали што живее во земјава, меѓутоа немам една причина која може да ме натера да го сменам мојот став. Денес сакам да зборувам за предрасудите. Ја тераме Македонија кон ЕУ. Ја тераме Македонија кон ЈуЕсЕј... Ја тераме Македонија кон сè што нарекуваме high-developed country. Правиме измени во закони, приспособуваме стандарди, имплементираме работи кои не одговараат ниту најмалку на било кој аспект од нашиот начин на живот. Да не должам многу, правиме сè што го прават и оние наши земји - идоли. Но до каде сме со свеста? До каде сме со начинот на кој го прифаќаме светот? Убаво е како тоа ние гледаме со широко отворени очи, но лошо е како срцата ни се затворени према сите тие шаренила кои доаѓаат од надвор. Сè повеќе и повеќе ме изненадува фактот дека и покрај очекуваното, новите генерации да се развиваат во духот на либералноста, во правецот во кој се тера едно отворено општество, сме тргнале во насоката која се зацртала пред некои си 50 години. Тогаш машко б...

Апел со мала лична историја

Растев во средина каде машките играа со колички и носеа машки бои, каде беше срамота и неприфатливо за машко да игра ластик со девојчињата пред зграда, да сака да им прави плетенки на другарките. Растев во средина каде „тоа е за женски/машки“ беше најверојатно секоја трета реченица која возрасните ја кажуваа.  Како поразличен од групата на машки деца во зграда никогаш не се пронајдов во играњето фудбал – затоа секогаш стоев на страна и затоа секогаш се буткав да се дружам со девојчињата бидејќи „женските“ игри ми беа поинтересни. Од тука нормално излегоа и сите наредни ситуации во кои сум се нашол не само јас, туку и многу други „поразлични“ деца. Во основно на почеток и не беше така лошо, првите четири години бевме уште мали за било што да дојде до израз, да се коментира, да се забележува иако бидувањето педантен откако се сеќавам беше потенцирано како „нежна“ карактеристика која ја поседувам. Наредните четири години кога дефинитивно се приметуваше дека не сум into the activities ...