Skip to main content

10те причини зошто ми е мило што живеам во Македонија

Ќе речат многу, како во Македонија што се живее слободно, со одење по гости, седнување на кафе со пријатели, одмарање за викенди и празници, нигде на друго место не се живее.

Па еве ги 10те причини зошто ми е мило што живеам во Македонија:
  1. Никогаш нема да почувствуваме економска криза - научени сме да живееме така
  2. Секоја работа што се појавува во светов, кај нас доаѓа дури откако ќе помине и во Африка - ова е добро затоа што и леталните болести кај нас стигнуваат на крај или вооптшо не стигнуваат
  3. Имаме образовен систем од кој цел свет има корист - секој гледа да побегне во странство откако ќе собере доста знаење
  4. Здравството овозможува завидни услуги во однос на она кое го имаат во Индонезија, Џакарта и Бали
  5. Безбедноста во државата е пример за многу земји од светот. Пример, Бразил, Мексико, Либија...
  6. Бизнисот цвета како кактус - не убаво, туку ретко
  7. Имаме повеќе споменици одошто популација, што говори за богато историско наследство
  8. Развојот на земјоделството кое е основна гранка во земја како нашата е на исто ниво со развојот на земјоделството на сред Менхетен (пак следиме светски тренд - што е добро)
  9. Културата е во голем подем без разлика на целта на инвестиции - дали е од жива или мртва природа
  10. Спортот има значајно место во државата - најпозади, во ќошот зад сè друго
Туку, да си го земев јас пасошот?

Popular posts from this blog

Пензионерите

Драги, миризливи, небањати, застоени, запотени, умирисани на вчерашни манџи пензионери кои со себе влечете, не една, не две, туку 40 кеси преполнети со зеленчуци, овошја и по некое одмрзнато копанче купено од пазар на тезга, кога веќе го окупирате јавниот превоз, запазете ги следниве подточки. Пробајте да не смрдите Културата која ја барате од младите, применете ја и самите Не купувајте количински ко да се спремате за Големата Депресија Садниците транспортирајте ги на друг начин, а не со автобус кој по вашето напуштање изгледа како да пренесувал ровови земја Ако веќе смрдите, НЕ БАРАЈТЕ да се затвораат прозорите во автобусите. Луѓе сме, воздух ни треба. Не ми викајте да станам ако претходно сте трчале и сте буткале луѓе само за да фатите место во автобус. Кога ве држат нозете да трчате, можат да ве подржат и за две станици. Не коментирајте. Коментарите дека младината е невоспитана ви се џабе кога 90% од нас младите во автобус сме со слушалици. Ако едвај се движите, шо мајка б...

Предрасудите

Делувам како човек кој стварно жали што живее во земјава, меѓутоа немам една причина која може да ме натера да го сменам мојот став. Денес сакам да зборувам за предрасудите. Ја тераме Македонија кон ЕУ. Ја тераме Македонија кон ЈуЕсЕј... Ја тераме Македонија кон сè што нарекуваме high-developed country. Правиме измени во закони, приспособуваме стандарди, имплементираме работи кои не одговараат ниту најмалку на било кој аспект од нашиот начин на живот. Да не должам многу, правиме сè што го прават и оние наши земји - идоли. Но до каде сме со свеста? До каде сме со начинот на кој го прифаќаме светот? Убаво е како тоа ние гледаме со широко отворени очи, но лошо е како срцата ни се затворени према сите тие шаренила кои доаѓаат од надвор. Сè повеќе и повеќе ме изненадува фактот дека и покрај очекуваното, новите генерации да се развиваат во духот на либералноста, во правецот во кој се тера едно отворено општество, сме тргнале во насоката која се зацртала пред некои си 50 години. Тогаш машко б...

Скопје и ноќниот живот

Не знам дали е до мене (не е!) или до градот наш насушен, ама постов ќе го почнам директно со потенцирање на неговата цел - НОЌНИОТ ЖИВОТ У ГРАДОВ Е СРАЊЕ! Ако тргнете во петок вечер да излезете, без притоа да немате некаде резервација, шансите да најдете место се нула. Скопје е веројатно првиот град во светот каде се резервираат места на шанк. Од кога по ѓаволите шанкот е нешто што се резервира?! Као, ако е празно, застануваш пиеш и си идеш, ако не е само си идеш и тоа е тоа. Вториот агол од кој можете да го разгледате нашиот ноќен живот е изборот на локали каде може да отидете. Не знам, 10 нека се преку сила. Години уназад се истите локали само шо на година дена менуваат име и лик, две недели има поразлична музика и концепт на забави и после тоа - сè по старо. - Беше у тоа новото на плоштад? Многу е добро, се вика 'рендомиме'. - Не беше тоа 'претходнорендомиме'? - Па да ама се смени газдата и внатре малку ентериерот и сеа е многу кул место. * исти фаци, иста ...