Skip to main content

Макфест 2011


Макфест - фестивал со традиција долга цели 26 години. Фестивал чие име означува квалитет, односно од денес веќе може слободно да кажам - означуваше.
Секогаш се интересни дебитантските вечери кога очекуваме некоја нова надежна ѕвезда да се појави на сцена, со изглед кој остава без зборови, песна која те тера да ги мрдаш нозете и глас кој ти го зема здивот.
Она на што бевме сведоци оваа година е нешто сосема спротивно од погоре наведеното. Се појавија “таленти“ од кои претпоставувам повеќе од 70% во животот не ни помислиле да се занимаваат со музика. Се појавија фацки кои водени од желбата за слава, поддржани од блиските дека можат да успеат (без разлика на тоа дали се талентирани или не), едноставно пробаа да испејат нешто. Излегоа на сцена млади луѓе кои реално очекуваат дека со талентот кој го презентираа на дебитанската вечер да си обезбедат место на македонската музичка сцена.
Нема да ги обвинам толку дебитантите колку оние кои им ги прават песните. А нема па ни на нив да ја фрлам кривицата колку што ќе ги посочам оние кои моментално ја прават македонската естрада.
Критериумите се толку ниско паднати, што конкретно еден Дејан Тасев (чисто за пример е земен човекот) со неговата песна Врати се, себеси се гледа веќе како една од многуте ѕвезди на македонското музичко небо. Она што не само он туку и сите како него кои вечерва беа дел од шоуто не го разбираат, е дека македонската музика има очајна потреба од еволуција. Не ни требаат текстови на Елвир, Јован, Врчак. Преку глава од текстовите на Габровски, Слаткар па гледам дури и Сања Николиќ (манекена бе, манекенка).
Копров може да е најстариот и најпознатиот композитор во земјава, ама стилот му е застанат во 90те и упорно не мрда од таа една мртва точка.
Аранжманот на песните е поочаен од 43 годишна стара мома која уште живее со нејзините и се уште го чека принцот на бел коњ.
Не знам колку од вас ќе се согласат со мене, но голем дел од учесниците звучеа како прв пат да си ја пеат песната. Интонацијата строго забрането да се погоди. Тоновите во позадина повисоки за неколку степени во однос на реалниот распон на гласот. Фалширање не до максимум, ама некаде во негова близина. Сценски настапи, една Каролина што е најголем антиталент за движење на сцена, за овие денес беше Бог.

Македонската твитер сцена баш и не го поднесе овој очај како што тоа го издржаа луѓето со неверојатни живци кои беа во публика, па еве неколку од многуте твитови посветени на овогодинешниот Макфест.

  • Де бе луѓе, чизми над колена, над нив подвезици и над нив минич? Кој страшен невкус! Ова ли е за на - фестивал на ШЛАГЕРИ и БАЛАДИ?
  • Не можат да смислат некое просто прашање, па „ај отпеј ни нешто“.
  • Проклети да сте што ме кандисавте да уклучам ТВ. 2месеци rehab ќе ми треба после ова доживување...  
  • После -ов сфаќам дека укинувањето на било избрзана одлука.
  • Моментот кога сфаќаш дека кореографиите се спремани 15 мин.пред секој настап.  
  • Вера се согласувам со тебе, се чувствува тој смртен ВИРУС ВО ПЕСНИТЕ!
  • Не сте свесни колку е бедна атмосферата во „Ацо Шопов“. Со години наназад одам на , ама ми се чини дека оваа ептен е утната.
  • Колку за информација оваа Александра Бучевац стана позната по победа на Сунчане Скале, а татко и е директор на фестивалот.  
  • Ја да сум у жири, напуштам сала у знак на протест .
 Македонска музичка сцена, RIP. Иднината и официјално ти е упропастена.

п.с. Не ги лажете младиве од денес дека знаат да пеат. Ќе ги акне тоа во глава, па после Цацко ќе е крив ко ќе неможат една песна да снимат.

Popular posts from this blog

Пензионерите

Драги, миризливи, небањати, застоени, запотени, умирисани на вчерашни манџи пензионери кои со себе влечете, не една, не две, туку 40 кеси преполнети со зеленчуци, овошја и по некое одмрзнато копанче купено од пазар на тезга, кога веќе го окупирате јавниот превоз, запазете ги следниве подточки. Пробајте да не смрдите Културата која ја барате од младите, применете ја и самите Не купувајте количински ко да се спремате за Големата Депресија Садниците транспортирајте ги на друг начин, а не со автобус кој по вашето напуштање изгледа како да пренесувал ровови земја Ако веќе смрдите, НЕ БАРАЈТЕ да се затвораат прозорите во автобусите. Луѓе сме, воздух ни треба. Не ми викајте да станам ако претходно сте трчале и сте буткале луѓе само за да фатите место во автобус. Кога ве држат нозете да трчате, можат да ве подржат и за две станици. Не коментирајте. Коментарите дека младината е невоспитана ви се џабе кога 90% од нас младите во автобус сме со слушалици. Ако едвај се движите, шо мајка б...

Предрасудите

Делувам како човек кој стварно жали што живее во земјава, меѓутоа немам една причина која може да ме натера да го сменам мојот став. Денес сакам да зборувам за предрасудите. Ја тераме Македонија кон ЕУ. Ја тераме Македонија кон ЈуЕсЕј... Ја тераме Македонија кон сè што нарекуваме high-developed country. Правиме измени во закони, приспособуваме стандарди, имплементираме работи кои не одговараат ниту најмалку на било кој аспект од нашиот начин на живот. Да не должам многу, правиме сè што го прават и оние наши земји - идоли. Но до каде сме со свеста? До каде сме со начинот на кој го прифаќаме светот? Убаво е како тоа ние гледаме со широко отворени очи, но лошо е како срцата ни се затворени према сите тие шаренила кои доаѓаат од надвор. Сè повеќе и повеќе ме изненадува фактот дека и покрај очекуваното, новите генерации да се развиваат во духот на либералноста, во правецот во кој се тера едно отворено општество, сме тргнале во насоката која се зацртала пред некои си 50 години. Тогаш машко б...

Скопје и ноќниот живот

Не знам дали е до мене (не е!) или до градот наш насушен, ама постов ќе го почнам директно со потенцирање на неговата цел - НОЌНИОТ ЖИВОТ У ГРАДОВ Е СРАЊЕ! Ако тргнете во петок вечер да излезете, без притоа да немате некаде резервација, шансите да најдете место се нула. Скопје е веројатно првиот град во светот каде се резервираат места на шанк. Од кога по ѓаволите шанкот е нешто што се резервира?! Као, ако е празно, застануваш пиеш и си идеш, ако не е само си идеш и тоа е тоа. Вториот агол од кој можете да го разгледате нашиот ноќен живот е изборот на локали каде може да отидете. Не знам, 10 нека се преку сила. Години уназад се истите локали само шо на година дена менуваат име и лик, две недели има поразлична музика и концепт на забави и после тоа - сè по старо. - Беше у тоа новото на плоштад? Многу е добро, се вика 'рендомиме'. - Не беше тоа 'претходнорендомиме'? - Па да ама се смени газдата и внатре малку ентериерот и сеа е многу кул место. * исти фаци, иста ...