Skip to main content

Глобализација на една мисла

Да, честа појава на фејсбук деновиве.
Напишете статус со драматична порака и пратете го да кружи по фејсбук заедницата.
Не е споделувањето на вакви статуси она кое всушност ми пречи. Ми пречат луѓето кои на овие работи коментираат максимално сакркастично и притоа себе се гледаат како да перфектно ја презентирале иронијата на која ги научиле некои 20на епизоди од серијана Хаус.
Пред некој ден, кога кружеше пораката за ракот, прочитав ваков статус: Глупав рак. Зашто не се излекуваш со тоа што ти пишуваат на Фејсбук?
Колку и да изгледа бесцелно и глупаво да се постираат такви статуси, нели е поглупаво да се даваат вакви коментари? Колку ниско треба да падне еден човек за само да добие 10-15 likes на статус и да изгледа како да е свесен повеќе од оние кои го споделиле тоа? Со што ќе се израмнуваме само за да се направиме појаки од оние лигавите кои споделуваат срцепарателни приказни преку статуси?
Не можам да почнам да размислувам во што се гледа задоволството ако плукнеш по некој кој не одговара на твоите критериуми за јак човек. Не сакам да помислам како тоа јас ќе се ставам над другите само со фактот дека саркастично сум прокоментирал глобална појава.
Едноставно преку глава ми е веќе од оние мали, бездушни хејтери кои ја чекаат секоја прилика да се покажат во што се најдобри.
Доколку ви пречат такви статуси, доколку ви пречат такви појави, бришете ги оние кои ги постираат. Фејсбук никого од вас не натера да адне 1000 пријатели. Фејсбук никого од вас не тера да ги задржите истите.
Мене воопшто не ми е гајле, а пак ниту можам да знам колку од вашите пријатели го споделиле со вас истото кое сум го споделил и јас.
И наместо да се правите интересни постирајќи морално прости статуси за само да навредите некого, пишете им на профил лично на оние кои ве изнервирале. Ако ги има многу, можеби проблемот е во вашиот избор на пријатели.

А доколку мислите дека со еден статус нема да смените ништо, прашајте човек болен од рак до кој допрела пораката за која зборувам колку всушност му значи истата.

Но, како што викаат: Haters gonna hate. И ништо нема да ја подобри закржлавеноста на нивниот систем за перцепција.

Popular posts from this blog

Пензионерите

Драги, миризливи, небањати, застоени, запотени, умирисани на вчерашни манџи пензионери кои со себе влечете, не една, не две, туку 40 кеси преполнети со зеленчуци, овошја и по некое одмрзнато копанче купено од пазар на тезга, кога веќе го окупирате јавниот превоз, запазете ги следниве подточки. Пробајте да не смрдите Културата која ја барате од младите, применете ја и самите Не купувајте количински ко да се спремате за Големата Депресија Садниците транспортирајте ги на друг начин, а не со автобус кој по вашето напуштање изгледа како да пренесувал ровови земја Ако веќе смрдите, НЕ БАРАЈТЕ да се затвораат прозорите во автобусите. Луѓе сме, воздух ни треба. Не ми викајте да станам ако претходно сте трчале и сте буткале луѓе само за да фатите место во автобус. Кога ве држат нозете да трчате, можат да ве подржат и за две станици. Не коментирајте. Коментарите дека младината е невоспитана ви се џабе кога 90% од нас младите во автобус сме со слушалици. Ако едвај се движите, шо мајка б...

Предрасудите

Делувам како човек кој стварно жали што живее во земјава, меѓутоа немам една причина која може да ме натера да го сменам мојот став. Денес сакам да зборувам за предрасудите. Ја тераме Македонија кон ЕУ. Ја тераме Македонија кон ЈуЕсЕј... Ја тераме Македонија кон сè што нарекуваме high-developed country. Правиме измени во закони, приспособуваме стандарди, имплементираме работи кои не одговараат ниту најмалку на било кој аспект од нашиот начин на живот. Да не должам многу, правиме сè што го прават и оние наши земји - идоли. Но до каде сме со свеста? До каде сме со начинот на кој го прифаќаме светот? Убаво е како тоа ние гледаме со широко отворени очи, но лошо е како срцата ни се затворени према сите тие шаренила кои доаѓаат од надвор. Сè повеќе и повеќе ме изненадува фактот дека и покрај очекуваното, новите генерации да се развиваат во духот на либералноста, во правецот во кој се тера едно отворено општество, сме тргнале во насоката која се зацртала пред некои си 50 години. Тогаш машко б...

Апел со мала лична историја

Растев во средина каде машките играа со колички и носеа машки бои, каде беше срамота и неприфатливо за машко да игра ластик со девојчињата пред зграда, да сака да им прави плетенки на другарките. Растев во средина каде „тоа е за женски/машки“ беше најверојатно секоја трета реченица која возрасните ја кажуваа.  Како поразличен од групата на машки деца во зграда никогаш не се пронајдов во играњето фудбал – затоа секогаш стоев на страна и затоа секогаш се буткав да се дружам со девојчињата бидејќи „женските“ игри ми беа поинтересни. Од тука нормално излегоа и сите наредни ситуации во кои сум се нашол не само јас, туку и многу други „поразлични“ деца. Во основно на почеток и не беше така лошо, првите четири години бевме уште мали за било што да дојде до израз, да се коментира, да се забележува иако бидувањето педантен откако се сеќавам беше потенцирано како „нежна“ карактеристика која ја поседувам. Наредните четири години кога дефинитивно се приметуваше дека не сум into the activities ...