Skip to main content

Фаца сум



Китовите од Данска.
Денес за тоа се фатија да мудруваат дека не требало да им се придава толку значење. Демек децата во Африка биле поважни, децата во Африка би дале сè за да го имаат вниманието кое им се посвети на китовите денес.
Истите тие луѓе кои денес мрчат за китовите во корист на афричките деца, утре кога секој од нас ќе стави статус дека треба да се подигне свеста за животот на децата во Африка, ќе промрчи како тоа ние на правиме нишо конкретно и само пишуваме статуси.
Тогаш децата во Африка ќе станат сосем неважни, откако претходно веќе ги искористиле како материјал за споредба со данските китови.
Не сфаќам, задоволство ли е да седнеш и да мрчнеш било каде, на било што без ниту малце да размислиш дали си во право?
Влегува ли како искуство во CV она што сè повеќе станува главен тренд по социјалниве мрежи?
Вчера сметаше зошто сите посветиле твит/фб пост за Гоце. Денес смета она што го дискутирав погоре.
А утре кога ќе се осврнеме на некој тежок проблем кој го засега човештвото, пак ќе се најде замерка дека замараме и дека ништо не правиме, иако конкретно тој пример од истите луѓе бил даден како поважен од претходно проширените статуси.
Порано да отскокнуваш од средината со некоја особина беше важна карактеристика. Сега гледам во мода е негацијата на сопствените ставови само за да изгледаат луѓево постабилни и поприземјени.


Popular posts from this blog

Пензионерите

Драги, миризливи, небањати, застоени, запотени, умирисани на вчерашни манџи пензионери кои со себе влечете, не една, не две, туку 40 кеси преполнети со зеленчуци, овошја и по некое одмрзнато копанче купено од пазар на тезга, кога веќе го окупирате јавниот превоз, запазете ги следниве подточки. Пробајте да не смрдите Културата која ја барате од младите, применете ја и самите Не купувајте количински ко да се спремате за Големата Депресија Садниците транспортирајте ги на друг начин, а не со автобус кој по вашето напуштање изгледа како да пренесувал ровови земја Ако веќе смрдите, НЕ БАРАЈТЕ да се затвораат прозорите во автобусите. Луѓе сме, воздух ни треба. Не ми викајте да станам ако претходно сте трчале и сте буткале луѓе само за да фатите место во автобус. Кога ве држат нозете да трчате, можат да ве подржат и за две станици. Не коментирајте. Коментарите дека младината е невоспитана ви се џабе кога 90% од нас младите во автобус сме со слушалици. Ако едвај се движите, шо мајка б...

Предрасудите

Делувам како човек кој стварно жали што живее во земјава, меѓутоа немам една причина која може да ме натера да го сменам мојот став. Денес сакам да зборувам за предрасудите. Ја тераме Македонија кон ЕУ. Ја тераме Македонија кон ЈуЕсЕј... Ја тераме Македонија кон сè што нарекуваме high-developed country. Правиме измени во закони, приспособуваме стандарди, имплементираме работи кои не одговараат ниту најмалку на било кој аспект од нашиот начин на живот. Да не должам многу, правиме сè што го прават и оние наши земји - идоли. Но до каде сме со свеста? До каде сме со начинот на кој го прифаќаме светот? Убаво е како тоа ние гледаме со широко отворени очи, но лошо е како срцата ни се затворени према сите тие шаренила кои доаѓаат од надвор. Сè повеќе и повеќе ме изненадува фактот дека и покрај очекуваното, новите генерации да се развиваат во духот на либералноста, во правецот во кој се тера едно отворено општество, сме тргнале во насоката која се зацртала пред некои си 50 години. Тогаш машко б...

Скопје и ноќниот живот

Не знам дали е до мене (не е!) или до градот наш насушен, ама постов ќе го почнам директно со потенцирање на неговата цел - НОЌНИОТ ЖИВОТ У ГРАДОВ Е СРАЊЕ! Ако тргнете во петок вечер да излезете, без притоа да немате некаде резервација, шансите да најдете место се нула. Скопје е веројатно првиот град во светот каде се резервираат места на шанк. Од кога по ѓаволите шанкот е нешто што се резервира?! Као, ако е празно, застануваш пиеш и си идеш, ако не е само си идеш и тоа е тоа. Вториот агол од кој можете да го разгледате нашиот ноќен живот е изборот на локали каде може да отидете. Не знам, 10 нека се преку сила. Години уназад се истите локали само шо на година дена менуваат име и лик, две недели има поразлична музика и концепт на забави и после тоа - сè по старо. - Беше у тоа новото на плоштад? Многу е добро, се вика 'рендомиме'. - Не беше тоа 'претходнорендомиме'? - Па да ама се смени газдата и внатре малку ентериерот и сеа е многу кул место. * исти фаци, иста ...