Skip to main content

Три дена пред Нова Година

Инспириран од последното видео на стенд-ап комедијантот посветено на Нова Година и сè поврзано со неа, добив потреба така малку да објаснам како јас мислам дека стојат работите.

На почетокот, дечкото се произнесе со уникатни идеи, беше интересен, работите кои на сите ни се многу добро познати ги интерпретираше на начин кој 24/7/365 ни е презентиран и од оние околу нас. Марјан едноставно имаше идеја како да ги „прераскаже“ појавите кои се дел од сечиј живот. Но како и сè нешто тука кај нас, па така и на таа фина жичка на добар стенд-ап комедијант кај Марјан полека исчезна. Видеата му се претворија во некаков си прост вид на омаловажување на секоја група граѓани.
Реков, конкретно ќе се задржам на последново, ова за Нова Година шо раскажува приказни.

Прво, не сфаќам што е лошото во онаа еуфорија која се крева за време на Нова Година и празниците пред и по неа. Навистина не можам да разберам како тоа може да влијае на нечиј туѓ живот за тоа да го земе во предвид при опишување на некое си масовно лудило кое ги зафаќа луѓето. Нормално е секој на крај на годината да заврши со работите кои не сака да ги земе со себе во следната, па токму затоа брза да ги заврши во таа една последна недела која останала.
Да се осврнам малку на коментарите за облеката. Колку и да звучи излишно кога една девојка ќе се поткара со друга затоа што купиле исти штикли, сепак не треба да заборавиме дека на многу луѓе им е важен изгледот. Од една страна се ругаат оние кои секогаш сакаат да бидат дотерани и да отскокнуваат од другите, а пак од друга страна се руга и онаа срцката со нинтендо фацата која нели убаво е претставена како утка од девојка. Понатаму, зошто едноставно мене би ми пречело ако луѓето претеруваат со бирањето на гардероба за вечерта на 31ви? Кој фактор ми е мене во животот ако на другар шо славиме заедно, бившата што дошла да го види се напукала у некој тесен корсет на 13 штикла?
Зошто едноставно тоа би било една од работите кои ја прават прославата глупава и бесцелна? Ако веќе стваааарно излегувате со луѓето кои ви се мили да си ја дочекате новата година, шо мајка барате да оценувате дали некој претерал со облека или не.
Славењето во кафани... Во овој дел нема да коментирам колку дебилно звучеше опишувањето на балските фустани, туку ќе прокоментирам за тоа како тие жени беа израмнети со првокласни пијаници. Мислам, ако не ти се иде у кафана да ги глеаш девојките отидени на бал, шо по ѓаволите се наоѓаш у таков локал?

Реков дека сме свесни за појавите кои ги има околу нас. Знаеме дека раздвиженоста на цел град оваа недела е максимално зголемена.
Само треба да бидеме свесни и дека овој период е можеби единствениот од годината кога најголемиот дел од луѓето забораваат на проблемите кои ги имале во текот на изминатата година посветувајќи се на обезбедување сè што е потребно за престојните празници.

Почит према Марјан и она што го работи. Или поубаво да се изразам, почит према она што го правеше на почетокот. Чекам само да видам дали за Велигден и Божиќ ќе излезат видеа со тоа колку луѓето се замараат со коледарење, бадников оган, вапцање јајца и останати други адети.

Со почит, човек кој сака развој на целата уметност, вклучително и стенд ап комедијата во Македонија, но не по секоја цена.




Popular posts from this blog

Пензионерите

Драги, миризливи, небањати, застоени, запотени, умирисани на вчерашни манџи пензионери кои со себе влечете, не една, не две, туку 40 кеси преполнети со зеленчуци, овошја и по некое одмрзнато копанче купено од пазар на тезга, кога веќе го окупирате јавниот превоз, запазете ги следниве подточки. Пробајте да не смрдите Културата која ја барате од младите, применете ја и самите Не купувајте количински ко да се спремате за Големата Депресија Садниците транспортирајте ги на друг начин, а не со автобус кој по вашето напуштање изгледа како да пренесувал ровови земја Ако веќе смрдите, НЕ БАРАЈТЕ да се затвораат прозорите во автобусите. Луѓе сме, воздух ни треба. Не ми викајте да станам ако претходно сте трчале и сте буткале луѓе само за да фатите место во автобус. Кога ве држат нозете да трчате, можат да ве подржат и за две станици. Не коментирајте. Коментарите дека младината е невоспитана ви се џабе кога 90% од нас младите во автобус сме со слушалици. Ако едвај се движите, шо мајка б...

Предрасудите

Делувам како човек кој стварно жали што живее во земјава, меѓутоа немам една причина која може да ме натера да го сменам мојот став. Денес сакам да зборувам за предрасудите. Ја тераме Македонија кон ЕУ. Ја тераме Македонија кон ЈуЕсЕј... Ја тераме Македонија кон сè што нарекуваме high-developed country. Правиме измени во закони, приспособуваме стандарди, имплементираме работи кои не одговараат ниту најмалку на било кој аспект од нашиот начин на живот. Да не должам многу, правиме сè што го прават и оние наши земји - идоли. Но до каде сме со свеста? До каде сме со начинот на кој го прифаќаме светот? Убаво е како тоа ние гледаме со широко отворени очи, но лошо е како срцата ни се затворени према сите тие шаренила кои доаѓаат од надвор. Сè повеќе и повеќе ме изненадува фактот дека и покрај очекуваното, новите генерации да се развиваат во духот на либералноста, во правецот во кој се тера едно отворено општество, сме тргнале во насоката која се зацртала пред некои си 50 години. Тогаш машко б...

Скопје и ноќниот живот

Не знам дали е до мене (не е!) или до градот наш насушен, ама постов ќе го почнам директно со потенцирање на неговата цел - НОЌНИОТ ЖИВОТ У ГРАДОВ Е СРАЊЕ! Ако тргнете во петок вечер да излезете, без притоа да немате некаде резервација, шансите да најдете место се нула. Скопје е веројатно првиот град во светот каде се резервираат места на шанк. Од кога по ѓаволите шанкот е нешто што се резервира?! Као, ако е празно, застануваш пиеш и си идеш, ако не е само си идеш и тоа е тоа. Вториот агол од кој можете да го разгледате нашиот ноќен живот е изборот на локали каде може да отидете. Не знам, 10 нека се преку сила. Години уназад се истите локали само шо на година дена менуваат име и лик, две недели има поразлична музика и концепт на забави и после тоа - сè по старо. - Беше у тоа новото на плоштад? Многу е добро, се вика 'рендомиме'. - Не беше тоа 'претходнорендомиме'? - Па да ама се смени газдата и внатре малку ентериерот и сеа е многу кул место. * исти фаци, иста ...