Skip to main content

Трета смена 24/7/365

Сите си имаме доблести и маани, некакви пороци кои на еден или на друг начин влијаат на нас. Пошо не сакам ова да биде пост во кој ќе пишувам зборови кои налик ќе бидат како копани од Вујаклија, ќе си одам директно со поентата.

Ги спомнав погоре пороците кои нè следат постојано. Пред некое време, сам или со помош на некои личности си го открив главниот порок кој последниве два до три месеци ми виси над глава. Се вика трета смена и можете да го најдете секоја вечер на www.twitter.com како #третасмена некаде по 00:00am.

Овој порок најчесто ги зафаќа оние кои од некакви си непознати причини си патат од инсомнија, веруваат дека ноќта е поинтересна од денот, ги зафатила испитната бура по факултетите и тн. Верувале или не, од сите работи шо ги набројав, една не можам да ја одделам како посебна причина поради која навистина твитам во #третасмена.
Замислете ја #третасмена како една кафана. Во неа можете да најдете секакви луѓе и да слушнете секакви муабети. Од дебати на политички основи, музички свет, филмски остварувања, преку изливи на емоции, љубовни пораки и философски мисли, па се до неповрзани твитови колку да се исполни досадната вечер. Како пијачка строго се служи нескафе кое понекогаш може да биде пропратено со нечија понуда за заблажување на присутните со бајадерче, баклавче, на мама тортата, еклери и останати работи кои одлично ви прават лиги во доцните (или посоодветно кажано, раните) часови.
Атмосферата која го опколува локалчево е со некакво си пригушено светло, тивка музика од различни жанрови од сите страни и секако топлина која секој си ја чувствува од сопственто грејно тело кое го има покрај себе. Е освен оние на парно шо се греат па малку си се притресуваат од студ нели.

Пошо кафанава е така малку пообемна, некако не ми е соодветно да земам да ги опишувам гостите кои ми седат на околните маси и кои ги пазам што прават и како прават. Само ќе кажам дека друштвото кое навечер го нудат the insomniacs, workaholics, studyholics (јеј измислив збор) и оние обичните night owls е одличен начин да си го пополнам времето кое ако малку подразмислам би било поубаво од сега да го поминувам во спиење.
Сепак, кога би размислил малку поубаво од тоа поубавото шо ми беше смислено претходно нели, би сфатил дека ни на сон не можат да се замислат некои работи кои навечер во #третасмена сме во можност да ги прочитаме.

Тераме и денес дечки?! :)




Popular posts from this blog

Пензионерите

Драги, миризливи, небањати, застоени, запотени, умирисани на вчерашни манџи пензионери кои со себе влечете, не една, не две, туку 40 кеси преполнети со зеленчуци, овошја и по некое одмрзнато копанче купено од пазар на тезга, кога веќе го окупирате јавниот превоз, запазете ги следниве подточки. Пробајте да не смрдите Културата која ја барате од младите, применете ја и самите Не купувајте количински ко да се спремате за Големата Депресија Садниците транспортирајте ги на друг начин, а не со автобус кој по вашето напуштање изгледа како да пренесувал ровови земја Ако веќе смрдите, НЕ БАРАЈТЕ да се затвораат прозорите во автобусите. Луѓе сме, воздух ни треба. Не ми викајте да станам ако претходно сте трчале и сте буткале луѓе само за да фатите место во автобус. Кога ве држат нозете да трчате, можат да ве подржат и за две станици. Не коментирајте. Коментарите дека младината е невоспитана ви се џабе кога 90% од нас младите во автобус сме со слушалици. Ако едвај се движите, шо мајка б...

Предрасудите

Делувам како човек кој стварно жали што живее во земјава, меѓутоа немам една причина која може да ме натера да го сменам мојот став. Денес сакам да зборувам за предрасудите. Ја тераме Македонија кон ЕУ. Ја тераме Македонија кон ЈуЕсЕј... Ја тераме Македонија кон сè што нарекуваме high-developed country. Правиме измени во закони, приспособуваме стандарди, имплементираме работи кои не одговараат ниту најмалку на било кој аспект од нашиот начин на живот. Да не должам многу, правиме сè што го прават и оние наши земји - идоли. Но до каде сме со свеста? До каде сме со начинот на кој го прифаќаме светот? Убаво е како тоа ние гледаме со широко отворени очи, но лошо е како срцата ни се затворени према сите тие шаренила кои доаѓаат од надвор. Сè повеќе и повеќе ме изненадува фактот дека и покрај очекуваното, новите генерации да се развиваат во духот на либералноста, во правецот во кој се тера едно отворено општество, сме тргнале во насоката која се зацртала пред некои си 50 години. Тогаш машко б...

Музиката и нејзината еволуција

Добро бе, до кога ќе морам да читам твитови, статуси, блогови за тоа која музика е поквалитетна? До кога луѓето ќе си кажуваат едни на други што треба а што не треба да се слуша, што е квалитет а што не е? Долго време се спремам да истрескам неколку реченици по тастатура за ова и после читањето статијава  на ценетиот портал Он.Нет, се решив дека едноставно не можам да држам во себе повеќе. Она што првично иритира е фактот дека овие статии ги пишуваат луѓе кои решиле дека статијата така треба да изгледа. Ниту правеле јавна анкета, ниту истражувале глобално мислење, ниту пак помислиле да го направат тоа. Едноставно се накурчиле зошто омилената им група од пред 75 години продала помалце албуми од разлигавениот Џастин Пипер. Второ - музиката е веќе индивидуален вкус. Затоа се развиени поп, хип-хоп, класика, аренби, техно, хаус, електро, денс, диско, метал, хеви метал. Ако не ви се сфиѓа стилот на Гага, ја имате Бијонсе. Ако не ја сакате ни неа, го имате Бруно Марс. Ако ви е премног...