Skip to main content

Абортусот и Македоницте?!

Актуелен ни е овој докторов наш деновиве по интернет. Не дека нешто посебно има да каже, ама начинот на кој ги кажува работите едноставно те тера истовремено да викаш, да сакаш ко ќе го видиш да го плукнеш, ама у последен момент да се предомислиш пошо си ја почитуваш плунката доволно за да не ја потрошиш на него.
Сепак, зборовите се затоа тука, за да можеме нели да си го искажеме она кое што би го направиле доколку би немале некое основно ниво на задолжителна култура.

Не можам да сфатам колку и да се трудам, како тоа ете доктор по филозофија разработува тема деликатна како што е абортусот. Ајде, ќе го занемарам тоа затоа што сме демократија во која секој има право да збори што сака.
Меѓутоа, онаа реченицана дека со абортусот ќе сме се изгубеле самите ние, децата наши, внуците, едноставно некако не можам да ја апсорбирам како валидна. Да, знаеме дека наталитетот е многу важен за опстанокот на еден народ, ама знаеме и дека квалитетот на животот е од иста толкава важност за продолжување на генерациските нишки.

Статистиката за бројноста на етничките групи во Македонија укажува на фактот дека порастот на одредени етнички групи е последица на масовното зголемување на наталитетот кај дадена етничка група. Дали тоа значи дека треба да земеме сега сите македонци, без разлика на условите во кои живееме, без разлика на она што можеме реално да го понудиме на децата да земеме и да испонаправиме по 4-5 деца само за да ни опстане нацијата како нација?
Дали тоа значи дека жената треба повторно да седне дома и најмалку 30 години да не мрдне подалеку од прагот затоа што ќе има деца за гледање само за да се задржи бројот на македонци? Всушност, докторот нас сака да ни каже дека треба да се вратиме на она старото кога жената баш и не била важна.
Нели, по неговите ставови лесно може да се заклучи дека абортусот кој иако е право на двајцата родители сепак и припаѓа малку повеќе на жената, треба едноставно да се одземе како опција и жената да МОРА да роди онолку колку што ситуациите ќе си наредат.
Ќе речат некои дека еден абортус е многу скап ако веќе станува збор дека на тоа дете кое ќе се роди ќе нема да му се обезбеди квалитетен живот. Ама, сигурно не е поскап од одгледување на дете цели 23 - 24 години додека не стане способно да заработува само за себе. Епа сега, со малите примања и никаквите услови од кои си патат голем број на семејства во државава, помножете ги тие трошоци уште два пати.
Во тој случај се доаѓа во ситуација каде родителите ќе треба да се убијат од работа, бел ден да не видат и да заборават на малку слобода затоа што ќе бидат должни да го зголемат наталитетот на државата без разлика колку економската состојба им го наложува тоа.

Не сакам да зборувам за случаи каде станува збор за силување. Таа девојка цел живот ќе треба да го гледа тоа дете како производ на нешто насилно, нешто кое таа не го сакала тогаш а воедно и ќе го сака затоа што е негово. Ваков судир на емоции, драг доктору по филозофија, треба да бидеш свесен дека не здрав за стабилноста на психичката состојба на една личност. Жената ќе биде приморана да роди нешто кое ќе го сака како последица на нешто кое пак ќе и остане траума за цел живот. Конфликти во емоции се причина за многу психички растројства.

Од друга страна, со напредувањето на медицината, многу лесно се откриваат малформациите кои настануваат како последица на одредени генетски пореметувања. И бидејќи нели, физички здравата нација подолго опстанува од физички болната нација (правило на природата, посилниот секогаш победува) од овој аспект нашиот ценет доктор треба да сфати дека абортусот е оправдан. Не викам дека децата со пореметување уште во ембрионалниот развиток немаат право на живот. Сакам само да посочам на тоа дека со раѓањето на такви деца, се отежнува животот како на детето, така и на самите родители. А нели како што констатирав погоре, здрава нација е силна нација.

Абортусот побудува дебати од секаков карактер. Ама од сè што досега имам слушнато како аргумент против абортирањето, овој си некаков физичи опстанок или автогеноцид на народот ми е нешто најбесмислено што може да се посочи како релевантен фактор.
Процесот на репродукција не е појава која треба да се грижи за зачувување на некакви си вештачки создадени нации. Процесот на репродукција е нешто кое природата го наметнала за опстанување на човековиот вид општо. На природата многу баш и не и е гајле дали македонците имаат поголем морталитет одошто наталитет.
Гледано од другата страна, како луѓе нормално е дека правиме грешки. Затоа смислуваме начини истите да ги поправиме. Понекогаш, бременоста е грешка. Затоа абортусот е тука - за да може да им помогне на луѓето да исправат нешто кое сметаат дека не е дојдено во соодветно време или на соодветен начин.

На крај, гајле ми е мене за нацијата која стои зад мене кога јас утре кога ќе имам 5 деца нема да можам да ги нахранам и да им ги задоволам основните барања само затоа што немам доволно финансиски средства. Поубаво ќе имам две деца кои ќе успеат во животот затоа што ќе бидам способен и да ги избуткам, отколку да имам 5-6 кои ќе треба да се измачат сами и тоа да ме убива од внатре само затоа што сум сакал да ми опстане нацијата.


Popular posts from this blog

Пензионерите

Драги, миризливи, небањати, застоени, запотени, умирисани на вчерашни манџи пензионери кои со себе влечете, не една, не две, туку 40 кеси преполнети со зеленчуци, овошја и по некое одмрзнато копанче купено од пазар на тезга, кога веќе го окупирате јавниот превоз, запазете ги следниве подточки. Пробајте да не смрдите Културата која ја барате од младите, применете ја и самите Не купувајте количински ко да се спремате за Големата Депресија Садниците транспортирајте ги на друг начин, а не со автобус кој по вашето напуштање изгледа како да пренесувал ровови земја Ако веќе смрдите, НЕ БАРАЈТЕ да се затвораат прозорите во автобусите. Луѓе сме, воздух ни треба. Не ми викајте да станам ако претходно сте трчале и сте буткале луѓе само за да фатите место во автобус. Кога ве држат нозете да трчате, можат да ве подржат и за две станици. Не коментирајте. Коментарите дека младината е невоспитана ви се џабе кога 90% од нас младите во автобус сме со слушалици. Ако едвај се движите, шо мајка б...

Предрасудите

Делувам како човек кој стварно жали што живее во земјава, меѓутоа немам една причина која може да ме натера да го сменам мојот став. Денес сакам да зборувам за предрасудите. Ја тераме Македонија кон ЕУ. Ја тераме Македонија кон ЈуЕсЕј... Ја тераме Македонија кон сè што нарекуваме high-developed country. Правиме измени во закони, приспособуваме стандарди, имплементираме работи кои не одговараат ниту најмалку на било кој аспект од нашиот начин на живот. Да не должам многу, правиме сè што го прават и оние наши земји - идоли. Но до каде сме со свеста? До каде сме со начинот на кој го прифаќаме светот? Убаво е како тоа ние гледаме со широко отворени очи, но лошо е како срцата ни се затворени према сите тие шаренила кои доаѓаат од надвор. Сè повеќе и повеќе ме изненадува фактот дека и покрај очекуваното, новите генерации да се развиваат во духот на либералноста, во правецот во кој се тера едно отворено општество, сме тргнале во насоката која се зацртала пред некои си 50 години. Тогаш машко б...

Скопје и ноќниот живот

Не знам дали е до мене (не е!) или до градот наш насушен, ама постов ќе го почнам директно со потенцирање на неговата цел - НОЌНИОТ ЖИВОТ У ГРАДОВ Е СРАЊЕ! Ако тргнете во петок вечер да излезете, без притоа да немате некаде резервација, шансите да најдете место се нула. Скопје е веројатно првиот град во светот каде се резервираат места на шанк. Од кога по ѓаволите шанкот е нешто што се резервира?! Као, ако е празно, застануваш пиеш и си идеш, ако не е само си идеш и тоа е тоа. Вториот агол од кој можете да го разгледате нашиот ноќен живот е изборот на локали каде може да отидете. Не знам, 10 нека се преку сила. Години уназад се истите локали само шо на година дена менуваат име и лик, две недели има поразлична музика и концепт на забави и после тоа - сè по старо. - Беше у тоа новото на плоштад? Многу е добро, се вика 'рендомиме'. - Не беше тоа 'претходнорендомиме'? - Па да ама се смени газдата и внатре малку ентериерот и сеа е многу кул место. * исти фаци, иста ...