Skip to main content

Боите и светлината

Забележувајќи ја последната ѕвезда на небото, заборавам дека постои нешто надвор од овој свет. Ја гледам како таа ја губи својата сјајност и полека избледнува, претопувајќи се во зракот на сонцето кој полека почна да ја освојува целата небесна површина.
Како златен прав кој полека ме гали по лицето, ја чувствував нежноста на сонцето. Топлината ги натера неколкуте гнезда на околните дрвја да запеат. Птиците ги истегнуваа своите крилја за полека да тргнат во потрага по својот плен, својот опстанок. Сè уште седам и се воодушевувам на будењето на еден нов свет кој навидум е многу поубав од оној во кој мојата душа ја достигнува нирваната. Мирот уште еднаш е прекршен со остриот звук на утринискиот ветер кој се појави по течението на реката, околу која веќе успеале да се наредат неколкуте селски крави за да се напојат со свежа вода. Мирисот на трева навлегува длабоко во моите ноздри, оставајќи ме замислен и загледан некаде таму зад планините. Со изгубен поглед, бесцелно, се обидувам да го пронајдам изворот на реката која толку силно ме растревожи. Дали немирот во мене е последица на новото и непознатото, или е чувството на совршенство?
И додека воздигнувањето на сонцето сè уште траеше, боите на цветовите за мене почнаа да имаат поинакво значење. Ја сфатив топлината на црвените булки. Ме поклопи свежината на сината дрвеника. Белата невиност на неколкуте речни кали ми даде до знаење дека светот е убаво место за живеење. А жолтиот цвет на нарцисот ми покажа дека сонцето го оставило својот печат и на земјата. Уште еднаш вдишувам од свежиот утрински воздух, кој ме натера да ги отворам очите поубаво.
Смирено ја гледам малата црвено-црна бубамара која ме лази по коленото и ја оставам да го изоди својот пат. Не е таа виновна што јас морав моето место да го најдам помеѓу густата зелена трева. Одеднаш летнува. Среќа?!
Па секако. Малку ли е човек кој цел живот живеел во мрак, да ја добие сета оваа убавина сервирана пред себе. Сега ја сфатив убавината на животот. Таа е во боите и во светлината. Среќен сум што прогледав, а и што имав среќа да ја видам вистината.

Popular posts from this blog

Пензионерите

Драги, миризливи, небањати, застоени, запотени, умирисани на вчерашни манџи пензионери кои со себе влечете, не една, не две, туку 40 кеси преполнети со зеленчуци, овошја и по некое одмрзнато копанче купено од пазар на тезга, кога веќе го окупирате јавниот превоз, запазете ги следниве подточки. Пробајте да не смрдите Културата која ја барате од младите, применете ја и самите Не купувајте количински ко да се спремате за Големата Депресија Садниците транспортирајте ги на друг начин, а не со автобус кој по вашето напуштање изгледа како да пренесувал ровови земја Ако веќе смрдите, НЕ БАРАЈТЕ да се затвораат прозорите во автобусите. Луѓе сме, воздух ни треба. Не ми викајте да станам ако претходно сте трчале и сте буткале луѓе само за да фатите место во автобус. Кога ве држат нозете да трчате, можат да ве подржат и за две станици. Не коментирајте. Коментарите дека младината е невоспитана ви се џабе кога 90% од нас младите во автобус сме со слушалици. Ако едвај се движите, шо мајка б...

Предрасудите

Делувам како човек кој стварно жали што живее во земјава, меѓутоа немам една причина која може да ме натера да го сменам мојот став. Денес сакам да зборувам за предрасудите. Ја тераме Македонија кон ЕУ. Ја тераме Македонија кон ЈуЕсЕј... Ја тераме Македонија кон сè што нарекуваме high-developed country. Правиме измени во закони, приспособуваме стандарди, имплементираме работи кои не одговараат ниту најмалку на било кој аспект од нашиот начин на живот. Да не должам многу, правиме сè што го прават и оние наши земји - идоли. Но до каде сме со свеста? До каде сме со начинот на кој го прифаќаме светот? Убаво е како тоа ние гледаме со широко отворени очи, но лошо е како срцата ни се затворени према сите тие шаренила кои доаѓаат од надвор. Сè повеќе и повеќе ме изненадува фактот дека и покрај очекуваното, новите генерации да се развиваат во духот на либералноста, во правецот во кој се тера едно отворено општество, сме тргнале во насоката која се зацртала пред некои си 50 години. Тогаш машко б...

Музиката и нејзината еволуција

Добро бе, до кога ќе морам да читам твитови, статуси, блогови за тоа која музика е поквалитетна? До кога луѓето ќе си кажуваат едни на други што треба а што не треба да се слуша, што е квалитет а што не е? Долго време се спремам да истрескам неколку реченици по тастатура за ова и после читањето статијава  на ценетиот портал Он.Нет, се решив дека едноставно не можам да држам во себе повеќе. Она што првично иритира е фактот дека овие статии ги пишуваат луѓе кои решиле дека статијата така треба да изгледа. Ниту правеле јавна анкета, ниту истражувале глобално мислење, ниту пак помислиле да го направат тоа. Едноставно се накурчиле зошто омилената им група од пред 75 години продала помалце албуми од разлигавениот Џастин Пипер. Второ - музиката е веќе индивидуален вкус. Затоа се развиени поп, хип-хоп, класика, аренби, техно, хаус, електро, денс, диско, метал, хеви метал. Ако не ви се сфиѓа стилот на Гага, ја имате Бијонсе. Ако не ја сакате ни неа, го имате Бруно Марс. Ако ви е премног...