Skip to main content

Хомосексуалноста не е болест

После неколку жестоки дебати со доста луѓе на оваа тема, едноставно имам потреба мислењево мое да го споделам и јавно во однос на тоа дали хомосексуалноста е болест или не.

Луѓе бе, гените одредуваат физички особини на луѓето. Боја на коса, на очи, тен на кожа, форма на лице, конструкција на тело, висина, пол...
Е сега, кај хомосексуалците, по неколку истражувања утврдено е дека дел од хипоталамусот кој предизвика возбудување реагира повеќе на мириси кои содржат тестостерон (машки хормон), додека кај стрејт мажите истиот овој центар во хипоталамусот станувал активен при мириси со естроген (женски хормон). Нели, стрејт девојките би се возбудувале на мириси кои содржат тестостерон, што е нормално.
Од тука можеме да заклучиме дека доколку хомосексуалноста е болест, тогаш треба да биде болест и она што се јавува кај стрејт девојките во однос на мажите. Доколку реагирањето на хипоталамусот на тестостерон кај гејовите се смета за болест, тогаш фактички, секоја можна стрејт жена на светов пати од истата болест, бидејќи хипоталамусот и на неа и реагира на мириси во кои има тестостерон.

БОЛЕСТ е нешто кое што предизвикува промени во организмот при што истиот и го уништува, односно како што Википедија љуби да каже:

Болест (на лат. morbus) е длабоко и трајно нарушување од нормалната животна дејност на организмот, придружено со структурни и функционални измени во него.

Кога ќе најдете кој умрел поради својата сексуална ориентација (оставете ги на страна СПБ, затоа што тие се и те како редовни и помеѓу стрејт луѓето) како последица на структурни и функционални измени на организмот, тогаш ќе можете хомосексуалноста да ја класифицирате како болест.
Во спротивно, напразно одите со глава во ѕид против фактите

Popular posts from this blog

Пензионерите

Драги, миризливи, небањати, застоени, запотени, умирисани на вчерашни манџи пензионери кои со себе влечете, не една, не две, туку 40 кеси преполнети со зеленчуци, овошја и по некое одмрзнато копанче купено од пазар на тезга, кога веќе го окупирате јавниот превоз, запазете ги следниве подточки. Пробајте да не смрдите Културата која ја барате од младите, применете ја и самите Не купувајте количински ко да се спремате за Големата Депресија Садниците транспортирајте ги на друг начин, а не со автобус кој по вашето напуштање изгледа како да пренесувал ровови земја Ако веќе смрдите, НЕ БАРАЈТЕ да се затвораат прозорите во автобусите. Луѓе сме, воздух ни треба. Не ми викајте да станам ако претходно сте трчале и сте буткале луѓе само за да фатите место во автобус. Кога ве држат нозете да трчате, можат да ве подржат и за две станици. Не коментирајте. Коментарите дека младината е невоспитана ви се џабе кога 90% од нас младите во автобус сме со слушалици. Ако едвај се движите, шо мајка б...

Предрасудите

Делувам како човек кој стварно жали што живее во земјава, меѓутоа немам една причина која може да ме натера да го сменам мојот став. Денес сакам да зборувам за предрасудите. Ја тераме Македонија кон ЕУ. Ја тераме Македонија кон ЈуЕсЕј... Ја тераме Македонија кон сè што нарекуваме high-developed country. Правиме измени во закони, приспособуваме стандарди, имплементираме работи кои не одговараат ниту најмалку на било кој аспект од нашиот начин на живот. Да не должам многу, правиме сè што го прават и оние наши земји - идоли. Но до каде сме со свеста? До каде сме со начинот на кој го прифаќаме светот? Убаво е како тоа ние гледаме со широко отворени очи, но лошо е како срцата ни се затворени према сите тие шаренила кои доаѓаат од надвор. Сè повеќе и повеќе ме изненадува фактот дека и покрај очекуваното, новите генерации да се развиваат во духот на либералноста, во правецот во кој се тера едно отворено општество, сме тргнале во насоката која се зацртала пред некои си 50 години. Тогаш машко б...

Музиката и нејзината еволуција

Добро бе, до кога ќе морам да читам твитови, статуси, блогови за тоа која музика е поквалитетна? До кога луѓето ќе си кажуваат едни на други што треба а што не треба да се слуша, што е квалитет а што не е? Долго време се спремам да истрескам неколку реченици по тастатура за ова и после читањето статијава  на ценетиот портал Он.Нет, се решив дека едноставно не можам да држам во себе повеќе. Она што првично иритира е фактот дека овие статии ги пишуваат луѓе кои решиле дека статијата така треба да изгледа. Ниту правеле јавна анкета, ниту истражувале глобално мислење, ниту пак помислиле да го направат тоа. Едноставно се накурчиле зошто омилената им група од пред 75 години продала помалце албуми од разлигавениот Џастин Пипер. Второ - музиката е веќе индивидуален вкус. Затоа се развиени поп, хип-хоп, класика, аренби, техно, хаус, електро, денс, диско, метал, хеви метал. Ако не ви се сфиѓа стилот на Гага, ја имате Бијонсе. Ако не ја сакате ни неа, го имате Бруно Марс. Ако ви е премног...