Skip to main content

Македонија на EHF

Да не го тупам многу од околу, ќе започнам директно со она што ми пречи периодов.
Сведоци бевме и сè уште сме за тоа дека Македонската ракометна репрезентација во првиот круг се покажа во многу добро светло. Можеби тесен и неизвесен беше крајот, но 6те гола разлика нè доведоа до она кое го постигнавме денес во спортската сала Чаир во Ниш.

Она што сакам всушност да го прикажам во постов е ситуацијата со капитенот Кирил Лазаров. Видовме сите, знаеме, има снимки, има статискити каква игра Лазаров понуди на натпреварите. Знаеме и кој е, какви постигнувања има и колку вреди.
Но што се случи сега? Кога првиот и вториот меч ги одигра со некои 30% од талентот кој го има, се појавија нормално луѓе (меѓу кои и јас) кои истакнаа дека не се задоволни од неговата игра.
Повеќе од јасно беше дека брзаше, играше себично (условно речено) гледајќи да ја задржи онаа титула најдобар стрелец и правеше технички грешки кои не доликуваат на еден професионалец како него. Ќе речете тука и другите дека грешеле. Да, сите правеа грешки, но Кире како капитен на репрезентацијата е оној кој треба да гледа тоа од своја страна да го сведе на минимум.
Лично јас, после првиот натпревар имав негативни коментари за неговата игра, иако првична идеја ми беше дека едноставно не му е денот и дека сите од нас колку и да сме добри во нешто, понекогаш потфрлуваме. По вториот натпревар, кога изгуби, ако не се лажам повеќе од 6 топки, почнав навистина да се нервирам затоа што таков ракометар, кој е на такво ниво прави грешки кои не му доликуваат. Како секој човек, па така и јас, фрлив по некоја критика, фрлив по некој можеби несоодветен збор за него и неговата игра.
Е тука, по ова, веднаш јас и тие како мене кои не беа задоволни од неговата игра настапија со коментари од типот на: “Шо не играш ти ако знаеш како треба?!“ ; “Не смееш така да збориш за некој кој е од твојата земја“; “Предавници се сите кои плукаат по Кире“, како и многу други останати коментари кои едноставно не беа на место.
Драги луѓе кој се сложувате со погорните цитати, нели мислите дека во земјава секој има право да си каже што си мисли? Нели сметате дека критиките, па дури и негативните секогаш се со позитивен фидбек (нешто кое мислам дека го видовме денес од страна на Кире во второто полувреме од натпреварот)? Зошто стоите на ставот дека ако кажете нешто лошо за еден репрезентативец, после тоа ко ќе навивате за репрезентацијата вушност сте лицемери?
Едноставно е, Кире направи грешки кои на некои од нас им пречеа сметајќи дека не се соодветни за ракометар од тој ранг. Од тука, имаме сосема валидно право да коментираме за неговата игра. Повторувам, за НЕГОВАТА, не за целата репрезентација.
Друго нешто, не можеме да го величиме само затоа што бил или и сè уште е најдобар стрелец. Не може некој да се носи на стара слава. Ако некој сака почит, треба прво да ја заслужи а потоа и да прави сè за да ја негува. Кога победува, ќе го славиме. Кога губи ќе го критикуваме, но НИКОГАШ после овие три натпревари реално никој не застана да рече дека Кире е тотален промашај. Сите останаа доследни на она што ги тера да веруваат во него. И покрај негативните коментари и критити кои, let's face it постојат секогаш која некој нè разочарува, сепак ние МАКЕДОНЦИТЕ остануваме да навиваме за МАКЕДОНСКАТА РЕПЕРЕЗЕНТАЦИЈА ДО КРАЈ!

Мислам дека стварно никој не може да си земе за право да ми каже на мене а и на никој друг кој го дели моето мислење дека ние во иднина немаме право да се радуваме на голови и победи само затоа што сме изнеле ФАКТИ дека Лазаров не беше доволно добар колку што навистина е. Сите знаеме дека грешките не му беа намерни, ама ги направи и нормално е да има рекации за истите.

п.с. Ако сметате дека „плукањето“ по Кире како дел од репрезентацијата е плукање по цела репрезентација, тогаш кога некој ќе го навреди Боки 13, осеќајте се и вие повредени, затоа што сепак нели он е Македонец. Дел е од таа заедница исто како што и Кире е дел од заедницата, во случајов репрезентацијата. Можеби несоодветен пример, но доволно јасен за да долови што конкретно сакам да кажам.

Со почит,
Јас.

Popular posts from this blog

Апел со мала лична историја

Растев во средина каде машките играа со колички и носеа машки бои, каде беше срамота и неприфатливо за машко да игра ластик со девојчињата пред зграда, да сака да им прави плетенки на другарките. Растев во средина каде „тоа е за женски/машки“ беше најверојатно секоја трета реченица која возрасните ја кажуваа.  Како поразличен од групата на машки деца во зграда никогаш не се пронајдов во играњето фудбал – затоа секогаш стоев на страна и затоа секогаш се буткав да се дружам со девојчињата бидејќи „женските“ игри ми беа поинтересни. Од тука нормално излегоа и сите наредни ситуации во кои сум се нашол не само јас, туку и многу други „поразлични“ деца. Во основно на почеток и не беше така лошо, првите четири години бевме уште мали за било што да дојде до израз, да се коментира, да се забележува иако бидувањето педантен откако се сеќавам беше потенцирано како „нежна“ карактеристика која ја поседувам. Наредните четири години кога дефинитивно се приметуваше дека не сум into the activities for

Пролет во есен

Есен е. Природата почнува да се повлекува, да умира, да исчезнува. Небото почнува сè почесто да плаче за многуте бои кои се губат и се заменуваат со сивилото на ладот. Се раѓа една општоприфатена депресија. Шеташ по улица и во сечии очи, дури и во оние насмеаните, наоѓаш по некоја ронка меланхолија која успева да допре до тебе и да почне полека да те претопува во општиот хаос на недефинирани емоции. Од очила за сонце, преминуваш во влечење на чадор за дожд кој ти треба најмногу оној пат кога ќе го заборавиш дома или на факултет. Наутро, ја вадиш ногата од под ќебе и сфаќаш дека ќе ти треба сета сила на светот за да се измолкнеш од топлината и сигурноста на креветот и да стапнеш во ладот на денот исполнет со обврски кои поради недостаток на сонце ќе бидат минимум три пати потешки. Вировите по улица ги користиш како огледало за некој паралелелн универзум во кој се надеваш дека енергијата нема да ти биде исцицана од депресијата на околината. Погледнуваш надолу, кон еден вир и се соочува

Скопје и ноќниот живот

Не знам дали е до мене (не е!) или до градот наш насушен, ама постов ќе го почнам директно со потенцирање на неговата цел - НОЌНИОТ ЖИВОТ У ГРАДОВ Е СРАЊЕ! Ако тргнете во петок вечер да излезете, без притоа да немате некаде резервација, шансите да најдете место се нула. Скопје е веројатно првиот град во светот каде се резервираат места на шанк. Од кога по ѓаволите шанкот е нешто што се резервира?! Као, ако е празно, застануваш пиеш и си идеш, ако не е само си идеш и тоа е тоа. Вториот агол од кој можете да го разгледате нашиот ноќен живот е изборот на локали каде може да отидете. Не знам, 10 нека се преку сила. Години уназад се истите локали само шо на година дена менуваат име и лик, две недели има поразлична музика и концепт на забави и после тоа - сè по старо. - Беше у тоа новото на плоштад? Многу е добро, се вика 'рендомиме'. - Не беше тоа 'претходнорендомиме'? - Па да ама се смени газдата и внатре малку ентериерот и сеа е многу кул место. * исти фаци, иста