Skip to main content

Whitney Houston, RIP

Жал ми е што овој блог пост нема да биде посветен само на Витни, туку на сите оние ситни души кои ќе се јават да промрчат како тоа сега сите наеднаш стануваат фанови на Витни и жалат што умрела.
Побогу, пред помалку од една година пишував за истава работа кога умре Ејми. Што ако била наркоманка? Тоа треба да значи дека она што го оставила зад себе не вреди? Треба да се заборават сите песни кои ги има снимено, сите настапи кои ги има приредено?
Кој што сака нека каже, I Will Always Love You  е песна на која секој заљубен после прекинување на врска се пронаоѓа во песната. I Wanna Dance With Somebody е еден од највртените и најдобрите ретро - диско хитови.
I Have Nothing, Greatest Love Of All, Saving All My Love for You се само дел од хитовите во кои многумина уживале и сè уште уживаат.
Жално е што се зголемува бројот не на оние кои жалат по изгубените гласови, туку на оние кои се наоѓаат да искоментираат како не треба да се жали по наркомани или одамна пропаднати пејачи.
Не знам зошто е толку тешко да се прифати фактот дека музиката е она што нè интересира нас, а не приватниот живот на личноста. Гајле ми е мене ако Витни се дрогирала ко ненормална, или била алкохоличарка бетер оние кај мене у маало шо се пијанчат пред едно пропаднато продавниче. Слушнете ги бе погорните песни, и немојте да ми продавате од оние веќе преку глава шо ни се на сите приказните дека тоа се лигави женски песни. Бидете си малку достоинствени, следете си ги чувствата и реагирајте како што доликува на едно нормално човечко суштество.
Не тука, сте се научиле сите да изигравате роботи кои немаат ниту една ебана емоција во нив. Зборувате да не бидат луѓето лицемерни и да не се прават нешто што не се, како на пример нечиј фан кога нели ќе умре тој некој, а вие сте тие лицемери кои сами на себе не сакате да си признаете дека можеби другите се во право и дека вашиот префинет вкус за музика не е всушност и најправилниот.
На крај, ако стварно ама ич не ви е гајле за делата на некој што според вас не направил лично ништо за музиката (нели не измислил нов правец кој ве фасцинирал или не предизвикал масовни делириуми кај луѓето), прескокнете го секој статус кој е посветен на таа личност која умрела. Во спротивно, со самото мрчење за тоа како сега сите ставиле статуси конкретно за Витни и како сите инстантно станале фанови всушност предизвикувате поголема дистрибуција на истата вест со што автоматски станувате рамноправни со оние кои ги плукате.

Srsly, ако ви е мило дека некој умрел, закопајте ја и таа последна трошка човечност што ја имате и слободно терајте понатаму у животот живеејќи само од работите кои вас ви одговараат да ги слушате. Само да ве потсетам, многу од нештата кои се јавуваат околу нас не зависат од нашите желби.

И уште нешто, слободно бришете ме од сегде сите оние на кои утре ќе ви попречат моите линкови посветени на еден вокал каков што беше Витни. А утре, ко ќе ви раскине дечкото/девојката бидете достојни на својот збор и не ја пуштајте I Will Always Love You за да си олесните со неа.

RIP Whitney.


Popular posts from this blog

Пензионерите

Драги, миризливи, небањати, застоени, запотени, умирисани на вчерашни манџи пензионери кои со себе влечете, не една, не две, туку 40 кеси преполнети со зеленчуци, овошја и по некое одмрзнато копанче купено од пазар на тезга, кога веќе го окупирате јавниот превоз, запазете ги следниве подточки. Пробајте да не смрдите Културата која ја барате од младите, применете ја и самите Не купувајте количински ко да се спремате за Големата Депресија Садниците транспортирајте ги на друг начин, а не со автобус кој по вашето напуштање изгледа како да пренесувал ровови земја Ако веќе смрдите, НЕ БАРАЈТЕ да се затвораат прозорите во автобусите. Луѓе сме, воздух ни треба. Не ми викајте да станам ако претходно сте трчале и сте буткале луѓе само за да фатите место во автобус. Кога ве држат нозете да трчате, можат да ве подржат и за две станици. Не коментирајте. Коментарите дека младината е невоспитана ви се џабе кога 90% од нас младите во автобус сме со слушалици. Ако едвај се движите, шо мајка б...

Предрасудите

Делувам како човек кој стварно жали што живее во земјава, меѓутоа немам една причина која може да ме натера да го сменам мојот став. Денес сакам да зборувам за предрасудите. Ја тераме Македонија кон ЕУ. Ја тераме Македонија кон ЈуЕсЕј... Ја тераме Македонија кон сè што нарекуваме high-developed country. Правиме измени во закони, приспособуваме стандарди, имплементираме работи кои не одговараат ниту најмалку на било кој аспект од нашиот начин на живот. Да не должам многу, правиме сè што го прават и оние наши земји - идоли. Но до каде сме со свеста? До каде сме со начинот на кој го прифаќаме светот? Убаво е како тоа ние гледаме со широко отворени очи, но лошо е како срцата ни се затворени према сите тие шаренила кои доаѓаат од надвор. Сè повеќе и повеќе ме изненадува фактот дека и покрај очекуваното, новите генерации да се развиваат во духот на либералноста, во правецот во кој се тера едно отворено општество, сме тргнале во насоката која се зацртала пред некои си 50 години. Тогаш машко б...

Скопје и ноќниот живот

Не знам дали е до мене (не е!) или до градот наш насушен, ама постов ќе го почнам директно со потенцирање на неговата цел - НОЌНИОТ ЖИВОТ У ГРАДОВ Е СРАЊЕ! Ако тргнете во петок вечер да излезете, без притоа да немате некаде резервација, шансите да најдете место се нула. Скопје е веројатно првиот град во светот каде се резервираат места на шанк. Од кога по ѓаволите шанкот е нешто што се резервира?! Као, ако е празно, застануваш пиеш и си идеш, ако не е само си идеш и тоа е тоа. Вториот агол од кој можете да го разгледате нашиот ноќен живот е изборот на локали каде може да отидете. Не знам, 10 нека се преку сила. Години уназад се истите локали само шо на година дена менуваат име и лик, две недели има поразлична музика и концепт на забави и после тоа - сè по старо. - Беше у тоа новото на плоштад? Многу е добро, се вика 'рендомиме'. - Не беше тоа 'претходнорендомиме'? - Па да ама се смени газдата и внатре малку ентериерот и сеа е многу кул место. * исти фаци, иста ...