Skip to main content

Тежок живот

Имаме сите по најмалку една фацка у животот шо кога и да ни се појави пред очи со себе си ги носи сите потонати бродови, срушени згради и пропаднати инвестиции.
Муабетот започнува со едно просто Како си? за на тоа да се надоврзе еден одговор од неколку тома кој и те како ќе те натера да се мразиш затоа што си бил доволно учтив да прашаш.
Вистинска случка:
Седам јас така со повеќе познаници меѓу кои една девојка апсолвентка на Филозофскиот факултет при УКИМ. Се развиваат приказни од типот кој, колку е изморен, од што, зошто, од кога, до кога. Секој си ја кажува својата мака притоа давајќи некаква утеха на другиот воедно секој од нив обидувајќи се да си ги одржи очите отворени и телото во некаква си достојна положба. Другарка се жали дека нема време да отиде дома да отспие (ученичка во ДМБУЦ) поради многубројни ангажмани од школото вон школското време. Другар се жали дека не може да постигне со предавањата и материјалот за учење во соодветно време за да може на раат да си отиде на полагања и да заврши со тој проблем. Јас се жалам дека преку глава ми е од дишењето на хемикалиите во лабораторија во која не ми е овозможен целиот потребен прибор за работа, па морам да импровизирам и наместо со дрвени штипки или соодветни други помагала, јас загреаните предмети да ги фаќам со свиткан ракав од мантилот. И така секој со своите проблеми наидуваме на следниов муабет од погоре посочената познаничка, студентка на филозофија, воедно и постара од сите пристуни во групата.
-Што знаете вие што е тешко? Дали знаете како е да се учи филозофија? Дали знаете колкави книги влечам секој ден до читална и назад за да го задржам просекот со кој земам стипендија? Не сте виделе вие уште ништо од полагања испити, колоквиуми, седење на предавања до ниедно време (нели јас не студирам хемија и не знам како е по цел ден да си на факултет). Имате уште мноооогу фурни леб да изедете додека стигнете до она до кое сум стигнала јас. Маката тек допрва ви доаѓа. Не туку се жалете кога не знаете како ни е на нас што малку повеќе се трудиме да постигнеме во животот.
И во тој момент, кога заврши монологот на дотичната познаничка, мислев дека можам комотно да повраќам добри 2 до 3 саати без престан од што се изнаслушав како тоа моите проблеми не се достојни за да се наречат проблеми кога она имала далеку поголеми од моите.

Еден апел до девојкава и до сите слични на неа. Може ви е тешко на вас, може се трудите многу да постигнете, ама додека не се ставите во туѓа кожа не можете да кажете дека на некој животот му е мед и млеко. Животот е нормално и за некои да е потежок а за некои полесен. Сами ги бираме патеките кои ќе ги поминуваме. Ако мислите дека сте способни туѓите патеки да ги изодите без проблем, откажете се од својата која толку ве измачува и фатете ги нашите и покажете ни каде грешиме штом се жалиме со така банални проблеми.
Во спротивно, устата у чворче и терајте како знаете.


Popular posts from this blog

Пензионерите

Драги, миризливи, небањати, застоени, запотени, умирисани на вчерашни манџи пензионери кои со себе влечете, не една, не две, туку 40 кеси преполнети со зеленчуци, овошја и по некое одмрзнато копанче купено од пазар на тезга, кога веќе го окупирате јавниот превоз, запазете ги следниве подточки. Пробајте да не смрдите Културата која ја барате од младите, применете ја и самите Не купувајте количински ко да се спремате за Големата Депресија Садниците транспортирајте ги на друг начин, а не со автобус кој по вашето напуштање изгледа како да пренесувал ровови земја Ако веќе смрдите, НЕ БАРАЈТЕ да се затвораат прозорите во автобусите. Луѓе сме, воздух ни треба. Не ми викајте да станам ако претходно сте трчале и сте буткале луѓе само за да фатите место во автобус. Кога ве држат нозете да трчате, можат да ве подржат и за две станици. Не коментирајте. Коментарите дека младината е невоспитана ви се џабе кога 90% од нас младите во автобус сме со слушалици. Ако едвај се движите, шо мајка б...

Предрасудите

Делувам како човек кој стварно жали што живее во земјава, меѓутоа немам една причина која може да ме натера да го сменам мојот став. Денес сакам да зборувам за предрасудите. Ја тераме Македонија кон ЕУ. Ја тераме Македонија кон ЈуЕсЕј... Ја тераме Македонија кон сè што нарекуваме high-developed country. Правиме измени во закони, приспособуваме стандарди, имплементираме работи кои не одговараат ниту најмалку на било кој аспект од нашиот начин на живот. Да не должам многу, правиме сè што го прават и оние наши земји - идоли. Но до каде сме со свеста? До каде сме со начинот на кој го прифаќаме светот? Убаво е како тоа ние гледаме со широко отворени очи, но лошо е како срцата ни се затворени према сите тие шаренила кои доаѓаат од надвор. Сè повеќе и повеќе ме изненадува фактот дека и покрај очекуваното, новите генерации да се развиваат во духот на либералноста, во правецот во кој се тера едно отворено општество, сме тргнале во насоката која се зацртала пред некои си 50 години. Тогаш машко б...

Музиката и нејзината еволуција

Добро бе, до кога ќе морам да читам твитови, статуси, блогови за тоа која музика е поквалитетна? До кога луѓето ќе си кажуваат едни на други што треба а што не треба да се слуша, што е квалитет а што не е? Долго време се спремам да истрескам неколку реченици по тастатура за ова и после читањето статијава  на ценетиот портал Он.Нет, се решив дека едноставно не можам да држам во себе повеќе. Она што првично иритира е фактот дека овие статии ги пишуваат луѓе кои решиле дека статијата така треба да изгледа. Ниту правеле јавна анкета, ниту истражувале глобално мислење, ниту пак помислиле да го направат тоа. Едноставно се накурчиле зошто омилената им група од пред 75 години продала помалце албуми од разлигавениот Џастин Пипер. Второ - музиката е веќе индивидуален вкус. Затоа се развиени поп, хип-хоп, класика, аренби, техно, хаус, електро, денс, диско, метал, хеви метал. Ако не ви се сфиѓа стилот на Гага, ја имате Бијонсе. Ако не ја сакате ни неа, го имате Бруно Марс. Ако ви е премног...