Skip to main content

Апел до жителите на Скопје!

После подолго време макотрпно живеење низ Скопјево, се чувствувам должен да набројам неколку ситници кои мислам дека помалку или повеќе би го подобриле животот.

  1. Значи, движењето во јавност бара од вас да бидете ИЗБАЊАТИ.
  2. Мирисот на вчерашната манџа исто така се смета за нарушување на мирот на околината.
  3. Скоро секогаш (под скоро секогаш, мислам СЕКОГАШ) носете или имајте некој кој носи мастика
  4. 12 часот значи 12, а не 14.
  5. На семафор на црвено се ЗАСТАНУВА!
  6. Не ги раскажувајте животните приказни на луѓето околу вас кои не ги знаете. Стварно не ги интереисра тоа.
  7. Дрскоста нема да ви обезбеди столче во автобус.
  8. Апропо на член 3, на било кој начин НЕУТРАЛИЗИРАЈТЕ го здивот кој мириса на кафе и цигара.
  9. Кашалњето задржете го за себе - не се фалете наоколу по фаците на другите луѓе.
  10. Мрсната коса (заедно со член 1 и 2) е непријатна и за пред огледало, а не пак за низ град.
  11. Ѓубрето се фрла во внатрешноста на обрачите од кантата/контејнерот, а не надвор.


И за крај, секогаш користете кондоми И НЕ ГИ ФРЛАЈТЕ НА АВТОБУСКА, ПРЕД ПРОДАВНИЦА, ПОКРАЈ СЕНДВИЧАРА и останати често посетувани места.


Popular posts from this blog

Скопје и ноќниот живот

Не знам дали е до мене (не е!) или до градот наш насушен, ама постов ќе го почнам директно со потенцирање на неговата цел - НОЌНИОТ ЖИВОТ У ГРАДОВ Е СРАЊЕ! Ако тргнете во петок вечер да излезете, без притоа да немате некаде резервација, шансите да најдете место се нула. Скопје е веројатно првиот град во светот каде се резервираат места на шанк. Од кога по ѓаволите шанкот е нешто што се резервира?! Као, ако е празно, застануваш пиеш и си идеш, ако не е само си идеш и тоа е тоа. Вториот агол од кој можете да го разгледате нашиот ноќен живот е изборот на локали каде може да отидете. Не знам, 10 нека се преку сила. Години уназад се истите локали само шо на година дена менуваат име и лик, две недели има поразлична музика и концепт на забави и после тоа - сè по старо. - Беше у тоа новото на плоштад? Многу е добро, се вика 'рендомиме'. - Не беше тоа 'претходнорендомиме'? - Па да ама се смени газдата и внатре малку ентериерот и сеа е многу кул место. * исти фаци, иста ...

Пролет во есен

Есен е. Природата почнува да се повлекува, да умира, да исчезнува. Небото почнува сè почесто да плаче за многуте бои кои се губат и се заменуваат со сивилото на ладот. Се раѓа една општоприфатена депресија. Шеташ по улица и во сечии очи, дури и во оние насмеаните, наоѓаш по некоја ронка меланхолија која успева да допре до тебе и да почне полека да те претопува во општиот хаос на недефинирани емоции. Од очила за сонце, преминуваш во влечење на чадор за дожд кој ти треба најмногу оној пат кога ќе го заборавиш дома или на факултет. Наутро, ја вадиш ногата од под ќебе и сфаќаш дека ќе ти треба сета сила на светот за да се измолкнеш од топлината и сигурноста на креветот и да стапнеш во ладот на денот исполнет со обврски кои поради недостаток на сонце ќе бидат минимум три пати потешки. Вировите по улица ги користиш како огледало за некој паралелелн универзум во кој се надеваш дека енергијата нема да ти биде исцицана од депресијата на околината. Погледнуваш надолу, кон еден вир и се соочува...

Апел со мала лична историја

Растев во средина каде машките играа со колички и носеа машки бои, каде беше срамота и неприфатливо за машко да игра ластик со девојчињата пред зграда, да сака да им прави плетенки на другарките. Растев во средина каде „тоа е за женски/машки“ беше најверојатно секоја трета реченица која возрасните ја кажуваа.  Како поразличен од групата на машки деца во зграда никогаш не се пронајдов во играњето фудбал – затоа секогаш стоев на страна и затоа секогаш се буткав да се дружам со девојчињата бидејќи „женските“ игри ми беа поинтересни. Од тука нормално излегоа и сите наредни ситуации во кои сум се нашол не само јас, туку и многу други „поразлични“ деца. Во основно на почеток и не беше така лошо, првите четири години бевме уште мали за било што да дојде до израз, да се коментира, да се забележува иако бидувањето педантен откако се сеќавам беше потенцирано како „нежна“ карактеристика која ја поседувам. Наредните четири години кога дефинитивно се приметуваше дека не сум into the activities ...