Skip to main content

7 начини како да си ги исушите чорапите

Секој ден сè повеќе и повеќе статии се пишуваат за различните начини на врзување марами, носење кошули, плетење плетенки, слушање музика, гледање филмови...
На ваше а и мое големо задоволство ќе ви ги претставам 7те начини како да си ги исушите чорапите.

  1. На жица - иако после проемните во Законот за домување овој начин не е баш соодветен, сепак чорапите можете да ги спружите на жица и да чекате водата едноставно да се исцеди/испари од нив
  2. Сушење со фен - не многу користен метод на сушење чорапи, но верувајте дека навистина е брз и едноставен.
  3. Мафтање - овој начин можете да го применувате во топите денови кога многумина немаат што да прават во слободното време. Фатете по еден чорап во секоја рака и почнете да го мафтате на сите страни. Тука се подразбираат:
    • мафтање со вртење во круг
    • мафтање лево десно
    • мафтање горе долу (како шамифче кога испраќате некого)
    • free - style мафтање кое е комбинација од сите погоре наведени
  4. Цедење - малку макотрпен, долготраен но успешен начин за сушење на чорапи. Фаќате по една чорапа и почнувате да ја цедите вртејќи со двете раце во обратна насока додека ја држите чорапата за двата краеви. По можеби скоро 4 - 5 саати чорапата ќе биде сосема сува.
  5. Поставување врз грејно тело (радијатор, термо и тн.) - ризичен начин кој може да доведе до спалување на чорапите но е доста експресивен и ефикасен. Кај овој метод мора да се напомене дека при сушењето чорапите треба повремено да се вртат од една на друга страна за да не дојде до евентуално согорување на материјалот поради високите температури на грејните тела во вашиот дом.
  6. Столица - сушење - овој метод е најчесто применлив во зима, кога не можете да ги користите жиците на балкон/тераса или евентуално сушалната (која ако ја внесете во соба ќе завземе доста простор) поради влажноста на воздухот која ќе го успори процесот на сушење на чорапите а студот може и да ја замрзне водата при што се добиваат привремени бумеранзи. Во тој случај чорапите се редат по дома по потпирачите на столиците со што истите ќе се сушат од топлината на вашиот дом. Не заборавајте, дел од водата ќе си навлезе и во самото дрво на столиците.
  7. Машина за перење алишта со програма за сушење на истите - најверојатно најскап метод за сушење на чорапи, но е долготрајна инвестиција со која ви се гарантира автоматско сушење на чорапите по нивно перење. Овој начин од вас бара само еднократно одврзување на ќесето со парички. Остатокот од работата е на самата машина.
Секако, доколку сакате да ги избегнете овие начини на сушење, постои опцијата воопшто да не ги перете чорапите  па или да ги носите додека не се распаднат сами од себе или носените да ги фрлате и да купувате нови со што се избегнува потребата од нивно сушење.

Следната недела ќе читате: Како да си го избришете задникот на повеќе начини.









Popular posts from this blog

Пензионерите

Драги, миризливи, небањати, застоени, запотени, умирисани на вчерашни манџи пензионери кои со себе влечете, не една, не две, туку 40 кеси преполнети со зеленчуци, овошја и по некое одмрзнато копанче купено од пазар на тезга, кога веќе го окупирате јавниот превоз, запазете ги следниве подточки. Пробајте да не смрдите Културата која ја барате од младите, применете ја и самите Не купувајте количински ко да се спремате за Големата Депресија Садниците транспортирајте ги на друг начин, а не со автобус кој по вашето напуштање изгледа како да пренесувал ровови земја Ако веќе смрдите, НЕ БАРАЈТЕ да се затвораат прозорите во автобусите. Луѓе сме, воздух ни треба. Не ми викајте да станам ако претходно сте трчале и сте буткале луѓе само за да фатите место во автобус. Кога ве држат нозете да трчате, можат да ве подржат и за две станици. Не коментирајте. Коментарите дека младината е невоспитана ви се џабе кога 90% од нас младите во автобус сме со слушалици. Ако едвај се движите, шо мајка б...

Предрасудите

Делувам како човек кој стварно жали што живее во земјава, меѓутоа немам една причина која може да ме натера да го сменам мојот став. Денес сакам да зборувам за предрасудите. Ја тераме Македонија кон ЕУ. Ја тераме Македонија кон ЈуЕсЕј... Ја тераме Македонија кон сè што нарекуваме high-developed country. Правиме измени во закони, приспособуваме стандарди, имплементираме работи кои не одговараат ниту најмалку на било кој аспект од нашиот начин на живот. Да не должам многу, правиме сè што го прават и оние наши земји - идоли. Но до каде сме со свеста? До каде сме со начинот на кој го прифаќаме светот? Убаво е како тоа ние гледаме со широко отворени очи, но лошо е како срцата ни се затворени према сите тие шаренила кои доаѓаат од надвор. Сè повеќе и повеќе ме изненадува фактот дека и покрај очекуваното, новите генерации да се развиваат во духот на либералноста, во правецот во кој се тера едно отворено општество, сме тргнале во насоката која се зацртала пред некои си 50 години. Тогаш машко б...

Апел со мала лична историја

Растев во средина каде машките играа со колички и носеа машки бои, каде беше срамота и неприфатливо за машко да игра ластик со девојчињата пред зграда, да сака да им прави плетенки на другарките. Растев во средина каде „тоа е за женски/машки“ беше најверојатно секоја трета реченица која возрасните ја кажуваа.  Како поразличен од групата на машки деца во зграда никогаш не се пронајдов во играњето фудбал – затоа секогаш стоев на страна и затоа секогаш се буткав да се дружам со девојчињата бидејќи „женските“ игри ми беа поинтересни. Од тука нормално излегоа и сите наредни ситуации во кои сум се нашол не само јас, туку и многу други „поразлични“ деца. Во основно на почеток и не беше така лошо, првите четири години бевме уште мали за било што да дојде до израз, да се коментира, да се забележува иако бидувањето педантен откако се сеќавам беше потенцирано како „нежна“ карактеристика која ја поседувам. Наредните четири години кога дефинитивно се приметуваше дека не сум into the activities ...