Skip to main content

Кафе

Секое проклето утро морам да станам од кревет, да се дотепам до WC, да се помирам со тоа колку страшно изгледам наутро и да прифатам дека денот може да се влошува со секоја помината секунда.
Треба да се соочам со фактот дека секогаш ми бега автобуост со кој веќе каснам 10на минути па дури и понекогаш да ги прежалам парите кои ќе ги фрлам на такси за да стигнам на некакво си глупо предавање на кое нема ни да се пушти список.
Додека да се средам, низ глава обавезно ми поминуваат некакви си глупи мисли кои ме тераат да се каам за постапките од претходниот ден и да се подзамислам како воопшто луѓето и ме трпат понекогаш во нивна близина. Секако мисливе ми се прекинуваат секој пат кога ќе фрлам поглед во огледало токму поради она што е наведено погоре во првата реченица.
Доаѓа моментот кога со страв влагам во кујна затоа што татко ми си има обичај пред да излезе за на работа да ја отвори вратата од терасата по што кујната е секако оладена до температура на топење на азотот, која е точно -210°C.
Доколку се среќните денови кога не ми трчаат пингивни низ кујна многу ми е полесно да стигнам до шпоретот и да ја уклучам најмалата рингла што е првиот паметен потег кој го правам откако ќе станам.
Следува загревањето на водата за кое време сфаќам дека мантилот за лабораторија не ми е здиплен. Сфаќам дека немам одговорено на предлабораториските прашања без кои вежбата истиот ден не би можел да ја работам од каде се повлекува фактот дека џабе ќе носам мантил. Кога на ова ќе го додадам фактот дека настинката сè повеќе се зајачува, почнувам видно да паничам паралелно со фактот дека следниот ден треба да имам направено презентација.
Во тој момент мислите ми се прекинат од звукот на зовриената вода. Го отворам висечето каде го чувам скапоцениот дар на природата. Ја земам кутијата и полека ја отворам. Полека но сигурно ме обзема тој божествен мирис - мирисот на кафето. Со лажичката ја нарушувам хармонијата која владее меѓу тие прекрасни зрна. Занесен од мирисот, почнувам да ја мешам жешката вода во која инстанттно се топат оние иситнети зрна. Во тој момент се појавува еден посилен, позашеметувачки и поостар мирис. Мирисот на штотуку подготвено топло кафе.
Токму тој мирис како ветер ги растерува сите проблеми кои веќе ми се навртеле како облаци за само половина час после будењето.
Одеднаш сè е убаво. И смрзнатата кујна станува пријатна, и мантилот е лесен за диплење и вежбата е интересна за читање и пишување. Презентацијата која треба да е готова за наредниот ден е скоро цела испланирана во глава, па ја чека реализацијата штом се вратам дома.

Би сакале ли една шолја топло кафе?

Popular posts from this blog

Пензионерите

Драги, миризливи, небањати, застоени, запотени, умирисани на вчерашни манџи пензионери кои со себе влечете, не една, не две, туку 40 кеси преполнети со зеленчуци, овошја и по некое одмрзнато копанче купено од пазар на тезга, кога веќе го окупирате јавниот превоз, запазете ги следниве подточки. Пробајте да не смрдите Културата која ја барате од младите, применете ја и самите Не купувајте количински ко да се спремате за Големата Депресија Садниците транспортирајте ги на друг начин, а не со автобус кој по вашето напуштање изгледа како да пренесувал ровови земја Ако веќе смрдите, НЕ БАРАЈТЕ да се затвораат прозорите во автобусите. Луѓе сме, воздух ни треба. Не ми викајте да станам ако претходно сте трчале и сте буткале луѓе само за да фатите место во автобус. Кога ве држат нозете да трчате, можат да ве подржат и за две станици. Не коментирајте. Коментарите дека младината е невоспитана ви се џабе кога 90% од нас младите во автобус сме со слушалици. Ако едвај се движите, шо мајка б...

Предрасудите

Делувам како човек кој стварно жали што живее во земјава, меѓутоа немам една причина која може да ме натера да го сменам мојот став. Денес сакам да зборувам за предрасудите. Ја тераме Македонија кон ЕУ. Ја тераме Македонија кон ЈуЕсЕј... Ја тераме Македонија кон сè што нарекуваме high-developed country. Правиме измени во закони, приспособуваме стандарди, имплементираме работи кои не одговараат ниту најмалку на било кој аспект од нашиот начин на живот. Да не должам многу, правиме сè што го прават и оние наши земји - идоли. Но до каде сме со свеста? До каде сме со начинот на кој го прифаќаме светот? Убаво е како тоа ние гледаме со широко отворени очи, но лошо е како срцата ни се затворени према сите тие шаренила кои доаѓаат од надвор. Сè повеќе и повеќе ме изненадува фактот дека и покрај очекуваното, новите генерации да се развиваат во духот на либералноста, во правецот во кој се тера едно отворено општество, сме тргнале во насоката која се зацртала пред некои си 50 години. Тогаш машко б...

Музиката и нејзината еволуција

Добро бе, до кога ќе морам да читам твитови, статуси, блогови за тоа која музика е поквалитетна? До кога луѓето ќе си кажуваат едни на други што треба а што не треба да се слуша, што е квалитет а што не е? Долго време се спремам да истрескам неколку реченици по тастатура за ова и после читањето статијава  на ценетиот портал Он.Нет, се решив дека едноставно не можам да држам во себе повеќе. Она што првично иритира е фактот дека овие статии ги пишуваат луѓе кои решиле дека статијата така треба да изгледа. Ниту правеле јавна анкета, ниту истражувале глобално мислење, ниту пак помислиле да го направат тоа. Едноставно се накурчиле зошто омилената им група од пред 75 години продала помалце албуми од разлигавениот Џастин Пипер. Второ - музиката е веќе индивидуален вкус. Затоа се развиени поп, хип-хоп, класика, аренби, техно, хаус, електро, денс, диско, метал, хеви метал. Ако не ви се сфиѓа стилот на Гага, ја имате Бијонсе. Ако не ја сакате ни неа, го имате Бруно Марс. Ако ви е премног...