Skip to main content

Таа.


Мрсна у косата, со low social standing во општествово која има вкупно три пријатели ако и ги земеш во предвид двете полумртви мачки.
Ужасна е... Напуштена, запуштена... Оштетена, само таа, кафето, цигарите, мирисот на влага, полускината јамболиска черга. Седи на масиче со пуначот и мобилниот што за беља некој и го дал. Пуштена романтична музика на некои андерграунд бендови од 60те, си има кандилце, нешто у New Age фазон само што сама живурка.
А на масичето шета по некоја бубашваба која жали што се нашла во таква средина каде воздухот носи арома на непроветрена просторија и што треба да ја дели просторијата со девојка со чуден и манијакален поглед која пие изветреано вино од напукната винска чаша.
Се заљубува преку фотографија, инстантно сака, после гледа дека ја игнорираат и се фрустрира.
Има чајник од страна и имровизирана столна лампа од кабел сијалица на стап со крпа прекриена и дупка од страна. Не сака да мете, сака да седи во кежуал артистична нечистотија. Ужива да лежи на чергите полни со прашина и влакна. Тоа е лајфстајл.
Повремено погледнува на телефонот дали некој ја побарал, но сфаќа дека никој нема потреба од нејзината бедна и напатена душа исполнета со горчина и завист према целиот свет. Гледа бледо низ прозорот во ѕвездите и го колне човековиот род кој поставил стандради кои таа никогаш нема да биде способна да ги постигне ако остане онаква каква што е, а нема намера да се промени.
Фантазира за хардкор секс, не сака да се милува, не сака ништо нежно... Сака да ја распнат. Да се рока како кучка од венецуелско гето. Сака да проба секс со животни, сака да ужива во сè што може да ја надразни.
Секогаш куца со едната рака затоа што во другата го наоѓа својот идеален секусален партнер. Но нема интенрет, нема...   Нема ништо, има само мобилен со ви-фи.
Подарок од времето, подарок од светлината. Недефиниран подарок, судбински за кој интернет лови од комшијата на некоја low конекција.
Мањак кој нема ништо освен плинско и фрижидер со сликички и внатре многу пластични шишња што се собирале за огрев, вода и кафе. Рециклира кафе на новина. Талогот од тоа што ќе го испие повторно го суши и го враќа во ѓезвето.
Не сака месо, не сака премногу зеленчук.Сака јаболко, сака цреши. Супата е нејзиниот омилен извор на енергија.
Не сака сончоглед, не сака кикирики, сака само тутун. Ноктите и се жолто-кафени. Единствено најлтлаф искуство и е транс сет на нива во кумановско. Идела шверц со воз а потоа и пешки со војнички ранец на грб, со цокула кондура и минич. Единствен подарок по пошта има добиено во 2007. Тогаш на еден популарен форум флертувала со некој италијанец со македонско потекло - ром кој и пратил змиски потпетици со маслинова боја. Поради тоа што нема повод да ги облече и стојат во ќесата испод столната ламба. Понекогаш во ќесата шушка нешто.
Верува дека еден ден ќе се појави принцот на белиот коњ кој ќе ја извади од дупката во која пропаднала. Ќе и помогне да ги отплетка прамените од косата, ќе и помогне да ги тргне гуралките од очите и ќе успее да и најде достојна облека наместо онаа која ја нема испрано а ниту симнато од себе повеќе од 7 години. Мечтае за свет во кој нејзиниот пореметен ум ќе претстатува ултиматум за тоа што е добро..
Во меѓувреме, таа следи сè и ја чека својата жртва.




Текстот е соработка помеѓу два величенствени умови @Publishermkd и @simonovvski.

Popular posts from this blog

Пензионерите

Драги, миризливи, небањати, застоени, запотени, умирисани на вчерашни манџи пензионери кои со себе влечете, не една, не две, туку 40 кеси преполнети со зеленчуци, овошја и по некое одмрзнато копанче купено од пазар на тезга, кога веќе го окупирате јавниот превоз, запазете ги следниве подточки. Пробајте да не смрдите Културата која ја барате од младите, применете ја и самите Не купувајте количински ко да се спремате за Големата Депресија Садниците транспортирајте ги на друг начин, а не со автобус кој по вашето напуштање изгледа како да пренесувал ровови земја Ако веќе смрдите, НЕ БАРАЈТЕ да се затвораат прозорите во автобусите. Луѓе сме, воздух ни треба. Не ми викајте да станам ако претходно сте трчале и сте буткале луѓе само за да фатите место во автобус. Кога ве држат нозете да трчате, можат да ве подржат и за две станици. Не коментирајте. Коментарите дека младината е невоспитана ви се џабе кога 90% од нас младите во автобус сме со слушалици. Ако едвај се движите, шо мајка б...

Предрасудите

Делувам како човек кој стварно жали што живее во земјава, меѓутоа немам една причина која може да ме натера да го сменам мојот став. Денес сакам да зборувам за предрасудите. Ја тераме Македонија кон ЕУ. Ја тераме Македонија кон ЈуЕсЕј... Ја тераме Македонија кон сè што нарекуваме high-developed country. Правиме измени во закони, приспособуваме стандарди, имплементираме работи кои не одговараат ниту најмалку на било кој аспект од нашиот начин на живот. Да не должам многу, правиме сè што го прават и оние наши земји - идоли. Но до каде сме со свеста? До каде сме со начинот на кој го прифаќаме светот? Убаво е како тоа ние гледаме со широко отворени очи, но лошо е како срцата ни се затворени према сите тие шаренила кои доаѓаат од надвор. Сè повеќе и повеќе ме изненадува фактот дека и покрај очекуваното, новите генерации да се развиваат во духот на либералноста, во правецот во кој се тера едно отворено општество, сме тргнале во насоката која се зацртала пред некои си 50 години. Тогаш машко б...

Музиката и нејзината еволуција

Добро бе, до кога ќе морам да читам твитови, статуси, блогови за тоа која музика е поквалитетна? До кога луѓето ќе си кажуваат едни на други што треба а што не треба да се слуша, што е квалитет а што не е? Долго време се спремам да истрескам неколку реченици по тастатура за ова и после читањето статијава  на ценетиот портал Он.Нет, се решив дека едноставно не можам да држам во себе повеќе. Она што првично иритира е фактот дека овие статии ги пишуваат луѓе кои решиле дека статијата така треба да изгледа. Ниту правеле јавна анкета, ниту истражувале глобално мислење, ниту пак помислиле да го направат тоа. Едноставно се накурчиле зошто омилената им група од пред 75 години продала помалце албуми од разлигавениот Џастин Пипер. Второ - музиката е веќе индивидуален вкус. Затоа се развиени поп, хип-хоп, класика, аренби, техно, хаус, електро, денс, диско, метал, хеви метал. Ако не ви се сфиѓа стилот на Гага, ја имате Бијонсе. Ако не ја сакате ни неа, го имате Бруно Марс. Ако ви е премног...