Skip to main content

Работи кои вредат

Жал ми е што сум еден од оние кои треба да видат како некој тагува кога ќе загуби нешто или пак и сам треба да загубам за да сфатам колку всушност се вредни работите кои ги имаме.
Многу пати сум бил незадоволен од животот кој го имам. Односно кога би се изразил малку посоодветно, неблагодарен е зборот кој најубаво ќе ме опише.
Додека се нервирам зошто го немам новиот Samsung GALAXY Note сосема заборавам дека телефонот кој го имам моментално не е ниту една година стар. Додека ги прежалувам кошулите во Paul&Shark од по некои 12 илјади не ни помислувам колку кошули ми седат дома во плакар само затоа што ме мрзи малку поубаво да видам што имам.
Не ни помислувам дека манџите на мајка ми кои никогаш не ги сакав, за оние кои немаат кој да им ги зготви се повкусни од сè останато на светов.
Седам во Црна Гора на плажа, 15ти ден по ред жалејќи што не сум во можност да отидам да се испечам на некоја плажа чии брегови се заплискувани од Атлански.
Баш поради последната помисла поради која се напнав дека патики си немам купено цели 3 и пол месеци, сфатив дека би било убаво да седнам, да ги нафрлам зборовиве кои ќе ме натераат да почнам малку повеќе да ги ценам работите кои ми се овозможени.
Всушност, немам веќе потреба да ја сменам тастатурава само пошо уште она е бела од цела компјутерска опрема шо ми е дома.

Popular posts from this blog

Пензионерите

Драги, миризливи, небањати, застоени, запотени, умирисани на вчерашни манџи пензионери кои со себе влечете, не една, не две, туку 40 кеси преполнети со зеленчуци, овошја и по некое одмрзнато копанче купено од пазар на тезга, кога веќе го окупирате јавниот превоз, запазете ги следниве подточки. Пробајте да не смрдите Културата која ја барате од младите, применете ја и самите Не купувајте количински ко да се спремате за Големата Депресија Садниците транспортирајте ги на друг начин, а не со автобус кој по вашето напуштање изгледа како да пренесувал ровови земја Ако веќе смрдите, НЕ БАРАЈТЕ да се затвораат прозорите во автобусите. Луѓе сме, воздух ни треба. Не ми викајте да станам ако претходно сте трчале и сте буткале луѓе само за да фатите место во автобус. Кога ве држат нозете да трчате, можат да ве подржат и за две станици. Не коментирајте. Коментарите дека младината е невоспитана ви се џабе кога 90% од нас младите во автобус сме со слушалици. Ако едвај се движите, шо мајка б...

Предрасудите

Делувам како човек кој стварно жали што живее во земјава, меѓутоа немам една причина која може да ме натера да го сменам мојот став. Денес сакам да зборувам за предрасудите. Ја тераме Македонија кон ЕУ. Ја тераме Македонија кон ЈуЕсЕј... Ја тераме Македонија кон сè што нарекуваме high-developed country. Правиме измени во закони, приспособуваме стандарди, имплементираме работи кои не одговараат ниту најмалку на било кој аспект од нашиот начин на живот. Да не должам многу, правиме сè што го прават и оние наши земји - идоли. Но до каде сме со свеста? До каде сме со начинот на кој го прифаќаме светот? Убаво е како тоа ние гледаме со широко отворени очи, но лошо е како срцата ни се затворени према сите тие шаренила кои доаѓаат од надвор. Сè повеќе и повеќе ме изненадува фактот дека и покрај очекуваното, новите генерации да се развиваат во духот на либералноста, во правецот во кој се тера едно отворено општество, сме тргнале во насоката која се зацртала пред некои си 50 години. Тогаш машко б...

Апел со мала лична историја

Растев во средина каде машките играа со колички и носеа машки бои, каде беше срамота и неприфатливо за машко да игра ластик со девојчињата пред зграда, да сака да им прави плетенки на другарките. Растев во средина каде „тоа е за женски/машки“ беше најверојатно секоја трета реченица која возрасните ја кажуваа.  Како поразличен од групата на машки деца во зграда никогаш не се пронајдов во играњето фудбал – затоа секогаш стоев на страна и затоа секогаш се буткав да се дружам со девојчињата бидејќи „женските“ игри ми беа поинтересни. Од тука нормално излегоа и сите наредни ситуации во кои сум се нашол не само јас, туку и многу други „поразлични“ деца. Во основно на почеток и не беше така лошо, првите четири години бевме уште мали за било што да дојде до израз, да се коментира, да се забележува иако бидувањето педантен откако се сеќавам беше потенцирано како „нежна“ карактеристика која ја поседувам. Наредните четири години кога дефинитивно се приметуваше дека не сум into the activities ...