Skip to main content

Попусти

Такви сме, такви и ќе останеме.
Нептун во Mr.Bricolage пред некое време и денес dm во трговски.
Би сакал да бевме малку поцивилизирани ко народ. Да имавме малце достоинство за да не дозволиме да стапнеме врз туѓа нога само за да земеме нешто прред другите. Да не дозволиме да бидеме баш она што трговците го бараат од народот - споулавена багра на ненаситни суштества кои рушат сè пред себе за да добијат малку повеќе од другите.
Ги сфаќам попустите кои се прават на крај од секоја сезона во бутици, на почеток на школска година за купување школски прибор, на почеток на сезона на одредени овошја и зеленчуци па дури и повремените попусти во автосалоните кога пристигаат новите модели па старите идат со некои пониски цени.
Највеќе па ги разбирам попустите како оние во Непутн и во dm кога сакате за отварањето да привлечете што е можно повеќе луѓе. Ама, given the fact дека живееме во средина во која гомната да се продаваа и да паднеа на пола цена луѓето ќе се затрчаа да земат и од нив, треба да нè натера да се подзамислиме до кој степен сме стигнати.
И јас сакам место да даам 3500 за парфемот да го зеам за 1750, сакам и телевизор нов наместо за 28000 да го зеам за 19000. Сакам и фала богу кола од 24000 евра која сега паднала на 21000 да ми се паркира пред зграда.
Ама не го сакам тоа по цена да треба да се понашам онака како што по сликите и коментарите видов дека се понашале луѓето денес пред dm, или на отварањето на Mr.Bricolage.
Добро бе мајко му, на среде работен ден толку луѓе успеаа да се напикаат во толкацка продавница? Иде ли некој на работа? Има ли некој обврски низ дома, ручек да направи, деца да изгледа? Се обидува ли некој да мрдне од местото на кое се жали дека му е лошо вложувајќи некаков труд? Или ајде, ќе идеме ќе се испогазиме меѓу себе, повеќето шо ќе влезат и тие 50% попуст ќе им се видат малце и одма ќе излезат надевајќи се дека сепак ќе добијат од оние малине парфемчиња ко орифлејм шо ги даваше ко тестери колку да осетат нешто за џабе.
Како па да не изговор дека народот нема пари. Сите со смартфони у раце, сите по кафиња испоседнати 24/7, сите со ново парче облека преку една до две недели, сите на шопинзи наваму - натаму, се фрлаат пари по free-shops за парфеми, патики, тренерки, храна и на крај ќе немаат истите пари тука да ги купат работите шо им требаат па ајдеее ќе се фрлиме на попуст пошо кај нас се нема леб да се јаде.
Лично познавам неколку луѓе кои ќе отидат не од шо ги интересира шо и како има таму, туку поради фактот дека некој ќе земе нешто на попуст, па зошто да не пробаат и они. Као, зошто он да го купи поефитно денес, а јас не - па макар тоа било и по цена децата покасно да си идат од градинка пошо не си стигнал на време да ги земеш.
Сакаме почит од другите, а не гледаме колку примитивно се понашаме.
За нас буквално важат оние вицовине:

  • - Како да натераш евреи да се потепаат? Фрли им паричка.  (не ширам расизам туку користам прилика да изразам став преку претходно прикажани ситуации) 
  • - Како да натераш попови очи да си извадат? - Фрли им дете.


Кај нас шо и да сакаш да направиш доволно е нешто на попуст да ставиш - било тоа потребно или не, добар процент од популацијата ќе излезе и ќе го купи и на крај истото тоа има големи шанси да заврши запоставено и да фаќа прашина во некој дел од домот.
Секако, од утре натаму - сите со кесите од dm на рака закачени. Фрлајте се што е Unique, Cosmo или било која друга специјализирана продавница. Тргнете SPRFLD кеси, запоставете Terranova, New Yorker, Lacoste, Y-London, Bata и било која друга поизвикана марка. Па дури и да си купите нешто од таму префрлајте у кесата од dm и истата не заборавајте да ја користите најмалку 2-3 месеци дур не дојде следен попуст и не идете да купите нешто. Повторете го ова по обновување на кесата. И не заборавајте, најважажно е да имате нешто од dm сега, не гледајте дали ви треба или не.

Одјава до следен попуст и фрлете поглед на ситуацијата од денес.




Popular posts from this blog

Пензионерите

Драги, миризливи, небањати, застоени, запотени, умирисани на вчерашни манџи пензионери кои со себе влечете, не една, не две, туку 40 кеси преполнети со зеленчуци, овошја и по некое одмрзнато копанче купено од пазар на тезга, кога веќе го окупирате јавниот превоз, запазете ги следниве подточки. Пробајте да не смрдите Културата која ја барате од младите, применете ја и самите Не купувајте количински ко да се спремате за Големата Депресија Садниците транспортирајте ги на друг начин, а не со автобус кој по вашето напуштање изгледа како да пренесувал ровови земја Ако веќе смрдите, НЕ БАРАЈТЕ да се затвораат прозорите во автобусите. Луѓе сме, воздух ни треба. Не ми викајте да станам ако претходно сте трчале и сте буткале луѓе само за да фатите место во автобус. Кога ве држат нозете да трчате, можат да ве подржат и за две станици. Не коментирајте. Коментарите дека младината е невоспитана ви се џабе кога 90% од нас младите во автобус сме со слушалици. Ако едвај се движите, шо мајка б...

Предрасудите

Делувам како човек кој стварно жали што живее во земјава, меѓутоа немам една причина која може да ме натера да го сменам мојот став. Денес сакам да зборувам за предрасудите. Ја тераме Македонија кон ЕУ. Ја тераме Македонија кон ЈуЕсЕј... Ја тераме Македонија кон сè што нарекуваме high-developed country. Правиме измени во закони, приспособуваме стандарди, имплементираме работи кои не одговараат ниту најмалку на било кој аспект од нашиот начин на живот. Да не должам многу, правиме сè што го прават и оние наши земји - идоли. Но до каде сме со свеста? До каде сме со начинот на кој го прифаќаме светот? Убаво е како тоа ние гледаме со широко отворени очи, но лошо е како срцата ни се затворени према сите тие шаренила кои доаѓаат од надвор. Сè повеќе и повеќе ме изненадува фактот дека и покрај очекуваното, новите генерации да се развиваат во духот на либералноста, во правецот во кој се тера едно отворено општество, сме тргнале во насоката која се зацртала пред некои си 50 години. Тогаш машко б...

Музиката и нејзината еволуција

Добро бе, до кога ќе морам да читам твитови, статуси, блогови за тоа која музика е поквалитетна? До кога луѓето ќе си кажуваат едни на други што треба а што не треба да се слуша, што е квалитет а што не е? Долго време се спремам да истрескам неколку реченици по тастатура за ова и после читањето статијава  на ценетиот портал Он.Нет, се решив дека едноставно не можам да држам во себе повеќе. Она што првично иритира е фактот дека овие статии ги пишуваат луѓе кои решиле дека статијата така треба да изгледа. Ниту правеле јавна анкета, ниту истражувале глобално мислење, ниту пак помислиле да го направат тоа. Едноставно се накурчиле зошто омилената им група од пред 75 години продала помалце албуми од разлигавениот Џастин Пипер. Второ - музиката е веќе индивидуален вкус. Затоа се развиени поп, хип-хоп, класика, аренби, техно, хаус, електро, денс, диско, метал, хеви метал. Ако не ви се сфиѓа стилот на Гага, ја имате Бијонсе. Ако не ја сакате ни неа, го имате Бруно Марс. Ако ви е премног...