Skip to main content

Се чекирав

Е да, ја знаеме сите опцијата на фејсбук која овозможува да се “чекнете“ на било која локација, во било кое време и со било кого.
Ја знаеме и Foursquare мобилната апликација која поврзана со било која социјална мрежа ја има истата функција.
Ги знаеме луѓето кои ја силуваат оваа опција и се чекираат дури и на таван.
Ама ги знаеме (а голем дел и од вас се) луѓето кои постојано се бунат за chek-in-ите на другите и секако, значи ОБАВЕЗНО се фрлаат по неколку досетки од типот: Ту, бев на јадење на кеј и не ја сликнав порцијата за да ја споделам сликата со чек-инот кој исто така заборавив да го направам. Исто ко да не сум јадел сега.

Let me tell you few things.
Facebook како социјална мрежа, ако не се лажам, е направена да функционира на тој начин што ќе овозможи полесна комуникација меѓу луѓето на било кој начин. Истата социјална мрежа нуди опции за споделување статуси, слики, видеа, линкови и по некоја си чудна и за некои необјаснива случајност - локации.
Е сега, од истата таа причина (односно, нудејќи ги сите овие опции), не сфаќам како тоа е толку смешно/чудно/глупаво/безвезно/дебилно/кретенско чекирањето по локации. Не можам да разберам како нешто кое е како понудена опција е глупаво да се користи. Утре ко ќе видите по продавниците купи 1, земи 2 немојте ни случајно да сте го земале тоа второто, ако е понудено како опција. Срамота е. Тоа е ко на Фејс или на 4sq да искористиш опција за чек-ин.
И да, ако вас не ве интересира каде е некој наш заеднички пријател, каде се движи и кои локали ги преферира, јас би сакал да знам утре кога ќе одам на кафе со тој пријател каде ќе му биде најпријатно на нему а воедно и на мене на тој начин што од неговите чекирани места ко ќе го викнам на кафе ќе го одберам она кое ни било заедничко.
Е, истово применете го на дечкото/девојката што ви се допаѓа ко ќе соберете храброст да го/ја викнете на the first date. Мислите дека е сосема небитно, ама локацијата и те како е значајна.
Како додаток на ова, сфатете дека чек-инот функионира на некој начин како препорака за места кои би можеле да ги посетите а тоа пред вас го направил некој од вашите пријатели. Пре би да седнам во кафичот каде се чекирала бившата и турила слика од некој предобро аранжиран коктел одошто во кафич за кој само сум слушнал дека некој некогаш бил.

И не, поените на 4sq не се од витална значајност за разлика од нашите чек-ини кои се и те како важни за вашата хејтерска кариера која не иде подалеку од виртуелниов свет.

Отидов да се чекирам под кревет.


Popular posts from this blog

Пензионерите

Драги, миризливи, небањати, застоени, запотени, умирисани на вчерашни манџи пензионери кои со себе влечете, не една, не две, туку 40 кеси преполнети со зеленчуци, овошја и по некое одмрзнато копанче купено од пазар на тезга, кога веќе го окупирате јавниот превоз, запазете ги следниве подточки. Пробајте да не смрдите Културата која ја барате од младите, применете ја и самите Не купувајте количински ко да се спремате за Големата Депресија Садниците транспортирајте ги на друг начин, а не со автобус кој по вашето напуштање изгледа како да пренесувал ровови земја Ако веќе смрдите, НЕ БАРАЈТЕ да се затвораат прозорите во автобусите. Луѓе сме, воздух ни треба. Не ми викајте да станам ако претходно сте трчале и сте буткале луѓе само за да фатите место во автобус. Кога ве држат нозете да трчате, можат да ве подржат и за две станици. Не коментирајте. Коментарите дека младината е невоспитана ви се џабе кога 90% од нас младите во автобус сме со слушалици. Ако едвај се движите, шо мајка б...

Предрасудите

Делувам како човек кој стварно жали што живее во земјава, меѓутоа немам една причина која може да ме натера да го сменам мојот став. Денес сакам да зборувам за предрасудите. Ја тераме Македонија кон ЕУ. Ја тераме Македонија кон ЈуЕсЕј... Ја тераме Македонија кон сè што нарекуваме high-developed country. Правиме измени во закони, приспособуваме стандарди, имплементираме работи кои не одговараат ниту најмалку на било кој аспект од нашиот начин на живот. Да не должам многу, правиме сè што го прават и оние наши земји - идоли. Но до каде сме со свеста? До каде сме со начинот на кој го прифаќаме светот? Убаво е како тоа ние гледаме со широко отворени очи, но лошо е како срцата ни се затворени према сите тие шаренила кои доаѓаат од надвор. Сè повеќе и повеќе ме изненадува фактот дека и покрај очекуваното, новите генерации да се развиваат во духот на либералноста, во правецот во кој се тера едно отворено општество, сме тргнале во насоката која се зацртала пред некои си 50 години. Тогаш машко б...

Скопје и ноќниот живот

Не знам дали е до мене (не е!) или до градот наш насушен, ама постов ќе го почнам директно со потенцирање на неговата цел - НОЌНИОТ ЖИВОТ У ГРАДОВ Е СРАЊЕ! Ако тргнете во петок вечер да излезете, без притоа да немате некаде резервација, шансите да најдете место се нула. Скопје е веројатно првиот град во светот каде се резервираат места на шанк. Од кога по ѓаволите шанкот е нешто што се резервира?! Као, ако е празно, застануваш пиеш и си идеш, ако не е само си идеш и тоа е тоа. Вториот агол од кој можете да го разгледате нашиот ноќен живот е изборот на локали каде може да отидете. Не знам, 10 нека се преку сила. Години уназад се истите локали само шо на година дена менуваат име и лик, две недели има поразлична музика и концепт на забави и после тоа - сè по старо. - Беше у тоа новото на плоштад? Многу е добро, се вика 'рендомиме'. - Не беше тоа 'претходнорендомиме'? - Па да ама се смени газдата и внатре малку ентериерот и сеа е многу кул место. * исти фаци, иста ...