Skip to main content

Кога бев мал

Не беше одамна, ама беше пред добри 10-11 години кога бев не многу мал но не и многу голем за да можам едноставно да уживам во детските моменти. Бев како и сите деца на таа возраст, рацете до лакти во земја и кал, нозете со кратери од паѓање по асфалт, блузата испрљана пошо само шо сум ја облекол на жмурка сум се криел под кола...
Е баш тој период, кога уживав во безгрижноста која со текот на времето како растеме полека но сигурно и мноооогу брзо се губи, беше период и кога почнував да слушам музика ама онака со намера да ја слушам, као ја чекам песната на радио, ја чекам на телевизија на некоја од емисиите... Доаѓаше период кога играта надвор на улица ми беше интересна ама ми стануваа интересни работи кои понекогаш бараа да си скратам од времето поминато во паѓање по тротоари и изведување секакви лудории надвор.
Токму за тоа сакам да биде постов, за периодот кога бев мал и кога вниманието почнав да го насочувам малку кон музиката.
Ќе речат некои сум слушал глупа музика пошо не е оној типичен рок со кој повеќето може растеле, не се оние типични бендови кои денес со по 50 години кариера тераат луѓе на свршавање, ама воопшто не ми е гајле за тоа.
Јас бев дете во период кој за мене беше преубав и во кој период се слушаше музиката која токму овде и ќе ја посочам.
Се надевам ќе уживате во можеби подолгата листа на песни кои ме потсеќаат на времето кога најголем проблем ми беше тоа што не сум успеал да ги спасам другарчињата дур сме играле жмурка.

Па, да почнеме...


Ако сте сè уште тука, и ги разгледавте песните кои моментално ми текнуваат (а сигурно има и многу други) дека ми го разубавувале детството, тогаш сум сигурен дека секоја една од овие ве потсетила вас на некоја песна која ви била хит во времето кога сте уживале во слободата на животот. 
Слободно додадете наслов на песна во коментар за кој мислите дека треба да ја дополни листава.
За крај,




Popular posts from this blog

Пензионерите

Драги, миризливи, небањати, застоени, запотени, умирисани на вчерашни манџи пензионери кои со себе влечете, не една, не две, туку 40 кеси преполнети со зеленчуци, овошја и по некое одмрзнато копанче купено од пазар на тезга, кога веќе го окупирате јавниот превоз, запазете ги следниве подточки. Пробајте да не смрдите Културата која ја барате од младите, применете ја и самите Не купувајте количински ко да се спремате за Големата Депресија Садниците транспортирајте ги на друг начин, а не со автобус кој по вашето напуштање изгледа како да пренесувал ровови земја Ако веќе смрдите, НЕ БАРАЈТЕ да се затвораат прозорите во автобусите. Луѓе сме, воздух ни треба. Не ми викајте да станам ако претходно сте трчале и сте буткале луѓе само за да фатите место во автобус. Кога ве држат нозете да трчате, можат да ве подржат и за две станици. Не коментирајте. Коментарите дека младината е невоспитана ви се џабе кога 90% од нас младите во автобус сме со слушалици. Ако едвај се движите, шо мајка б...

Предрасудите

Делувам како човек кој стварно жали што живее во земјава, меѓутоа немам една причина која може да ме натера да го сменам мојот став. Денес сакам да зборувам за предрасудите. Ја тераме Македонија кон ЕУ. Ја тераме Македонија кон ЈуЕсЕј... Ја тераме Македонија кон сè што нарекуваме high-developed country. Правиме измени во закони, приспособуваме стандарди, имплементираме работи кои не одговараат ниту најмалку на било кој аспект од нашиот начин на живот. Да не должам многу, правиме сè што го прават и оние наши земји - идоли. Но до каде сме со свеста? До каде сме со начинот на кој го прифаќаме светот? Убаво е како тоа ние гледаме со широко отворени очи, но лошо е како срцата ни се затворени према сите тие шаренила кои доаѓаат од надвор. Сè повеќе и повеќе ме изненадува фактот дека и покрај очекуваното, новите генерации да се развиваат во духот на либералноста, во правецот во кој се тера едно отворено општество, сме тргнале во насоката која се зацртала пред некои си 50 години. Тогаш машко б...

Апел со мала лична историја

Растев во средина каде машките играа со колички и носеа машки бои, каде беше срамота и неприфатливо за машко да игра ластик со девојчињата пред зграда, да сака да им прави плетенки на другарките. Растев во средина каде „тоа е за женски/машки“ беше најверојатно секоја трета реченица која возрасните ја кажуваа.  Како поразличен од групата на машки деца во зграда никогаш не се пронајдов во играњето фудбал – затоа секогаш стоев на страна и затоа секогаш се буткав да се дружам со девојчињата бидејќи „женските“ игри ми беа поинтересни. Од тука нормално излегоа и сите наредни ситуации во кои сум се нашол не само јас, туку и многу други „поразлични“ деца. Во основно на почеток и не беше така лошо, првите четири години бевме уште мали за било што да дојде до израз, да се коментира, да се забележува иако бидувањето педантен откако се сеќавам беше потенцирано како „нежна“ карактеристика која ја поседувам. Наредните четири години кога дефинитивно се приметуваше дека не сум into the activities ...