Skip to main content

Допир


Топлина на срцето, чувар на душата. Едно нешто кое воздигнува. Нè исполнува со надеж, нè исполнува со среќа, нè исполнува со мисла за подобро утре.
Допир, чист и невин како солза, која штотуку се пролеала од лицето на еден млaд човек. Допир, нежен како свила, која штотуку е исткајана. Допир, мирис на море кое нè зашеметува и ни овозможува слобода на мислите, исполнување на душата и продлабочување на мудроста. Допир како сончев зрак, кој нè гали по лицето рано наутро кога ги отвараме очите, спремни да се соочиме со новиот ден, полека напуштајќи го светот на сонот. Допир кој ја претставува љубовта на две срца, заслепени едно од друго, заталкани во мистичниот свет на љубовта каде сè е така розово. 
Но од друга страна, допир, кој го носи со себе сивилото на градскиот смог, бучавата на секојдневниот живот, подемите и падовите кои како силен пожар ја горат и онака веќе пресушената полјана на животот. Допир кој успева да те врати во суровата реалност, притоа отсекувајќи ги крилјата за да ја скрати слободата на душата, која како див звер заробена во кафез бара начин да летне и да биде слободна...
 Допир кој нè потсетува дека е време да се разбудиме и допир кој ни дава на знаење дека има и следна вечер кога повторно, полека ќе потонеме длабоко во закрилата на љубовта, топлината на сонот и убавината на мистичноста...

Popular posts from this blog

Пензионерите

Драги, миризливи, небањати, застоени, запотени, умирисани на вчерашни манџи пензионери кои со себе влечете, не една, не две, туку 40 кеси преполнети со зеленчуци, овошја и по некое одмрзнато копанче купено од пазар на тезга, кога веќе го окупирате јавниот превоз, запазете ги следниве подточки. Пробајте да не смрдите Културата која ја барате од младите, применете ја и самите Не купувајте количински ко да се спремате за Големата Депресија Садниците транспортирајте ги на друг начин, а не со автобус кој по вашето напуштање изгледа како да пренесувал ровови земја Ако веќе смрдите, НЕ БАРАЈТЕ да се затвораат прозорите во автобусите. Луѓе сме, воздух ни треба. Не ми викајте да станам ако претходно сте трчале и сте буткале луѓе само за да фатите место во автобус. Кога ве држат нозете да трчате, можат да ве подржат и за две станици. Не коментирајте. Коментарите дека младината е невоспитана ви се џабе кога 90% од нас младите во автобус сме со слушалици. Ако едвај се движите, шо мајка б...

Предрасудите

Делувам како човек кој стварно жали што живее во земјава, меѓутоа немам една причина која може да ме натера да го сменам мојот став. Денес сакам да зборувам за предрасудите. Ја тераме Македонија кон ЕУ. Ја тераме Македонија кон ЈуЕсЕј... Ја тераме Македонија кон сè што нарекуваме high-developed country. Правиме измени во закони, приспособуваме стандарди, имплементираме работи кои не одговараат ниту најмалку на било кој аспект од нашиот начин на живот. Да не должам многу, правиме сè што го прават и оние наши земји - идоли. Но до каде сме со свеста? До каде сме со начинот на кој го прифаќаме светот? Убаво е како тоа ние гледаме со широко отворени очи, но лошо е како срцата ни се затворени према сите тие шаренила кои доаѓаат од надвор. Сè повеќе и повеќе ме изненадува фактот дека и покрај очекуваното, новите генерации да се развиваат во духот на либералноста, во правецот во кој се тера едно отворено општество, сме тргнале во насоката која се зацртала пред некои си 50 години. Тогаш машко б...

Апел со мала лична историја

Растев во средина каде машките играа со колички и носеа машки бои, каде беше срамота и неприфатливо за машко да игра ластик со девојчињата пред зграда, да сака да им прави плетенки на другарките. Растев во средина каде „тоа е за женски/машки“ беше најверојатно секоја трета реченица која возрасните ја кажуваа.  Како поразличен од групата на машки деца во зграда никогаш не се пронајдов во играњето фудбал – затоа секогаш стоев на страна и затоа секогаш се буткав да се дружам со девојчињата бидејќи „женските“ игри ми беа поинтересни. Од тука нормално излегоа и сите наредни ситуации во кои сум се нашол не само јас, туку и многу други „поразлични“ деца. Во основно на почеток и не беше така лошо, првите четири години бевме уште мали за било што да дојде до израз, да се коментира, да се забележува иако бидувањето педантен откако се сеќавам беше потенцирано како „нежна“ карактеристика која ја поседувам. Наредните четири години кога дефинитивно се приметуваше дека не сум into the activities ...