Skip to main content

Сам со себе

Влегувам по којзнае кој пат а сепак мирисот на застарени книги и скоро гнили дрвени полици успева да ме натера да се чувствувам како да откривам еден цел нов свет одново и одново. Купишта отворени книги пред мене чекаат да започнам да им ги листам кревките и излитени страници. А јас, пенкалото во рака, листото пред мене и чекам идеја за тоа како да го извлечам само она што навистина ми треба. 
Додека пребарувам низ она малку кое останало во сеќавањето дека треба да го пронајдам, успеваат да се појават дури и мислите кои силно ги потиснувам сè подлабоко и подлабоко со секоја наредна помината вечер. Одеднаш тишината која ја наоѓам во античкава библиотека се претвора во бучен поток од мисли чиј извор иако знам каде е, никако не можам да го запрам.
Не е лошото што не знам како да го направам тоа, туку фактот дека можеби и не сакам. 
Она единствено време во текот на денот кое го имам за себе, сепак решавам да го потрошам на другите. Токму затоа можеби и потсвесно не си дозволувам да го затворам изворот иако знам дека оставајќи го да тече, потокот ќе прерасне во море од мисли, а јас беспомошно ќе се давам во него. 
Велат, најтешките демони кои треба да ги победиш се сопствените. Не ни сакам да замислам колку многу такви ќе пливаат околу мене во тој момент. И иако ќе барам да најдам спас од нив и да се дофатам до копно, сепак би сакал кога би поминал некој од нив да ми подаде рака и да ме извлече од сопствената агонија.
Слушнав не многу одамна, дека ако застанеш пред огледало, изброиш од 10 до 1 гледајќи се и притоа не се тргнеш од пред огледалото, дека можеш да очекуваш да живееш со себе. Мене ова не ми успеа неколку пати до сега... Токму затоа се надевам дека давејќи се во морето, опркужен со сите знајни и незнајни демони кои се кријат во длабочините на мислите ќе ја најдам онаа сламка за која се фаќа секој давеник и ќе успеам да стигнам до цврсто копно...
Кога ете, ѕвони мобилниот. Од толку работи на памет, забораваш дека кога одиш во билбиотека, треба да го исклучиш. Врв на сето тоа, ниту работата завршена, ниту мислите средени.
Време е да си одам. Ги затворам книгите и ги враќам на полиците преполни со прав... Ќе речат, црпиме искуства, знаења и приказни од книгите.
Колку ли само тие имаат исцрпено од нас? Знам дека не сум ниту прв ниту последен кој паднал во сенката на своите мисли седејќи над купишта разотворени книги.
По сè изгледа дека билбиотеката не го носи само знаењето напишано во книгите. Носи една целина од мисли, стравови, очекувања и планови направени над секоја отворена книга од секој човек кој единствениот физички мир може да го пронајде токму таму.

Popular posts from this blog

Пензионерите

Драги, миризливи, небањати, застоени, запотени, умирисани на вчерашни манџи пензионери кои со себе влечете, не една, не две, туку 40 кеси преполнети со зеленчуци, овошја и по некое одмрзнато копанче купено од пазар на тезга, кога веќе го окупирате јавниот превоз, запазете ги следниве подточки. Пробајте да не смрдите Културата која ја барате од младите, применете ја и самите Не купувајте количински ко да се спремате за Големата Депресија Садниците транспортирајте ги на друг начин, а не со автобус кој по вашето напуштање изгледа како да пренесувал ровови земја Ако веќе смрдите, НЕ БАРАЈТЕ да се затвораат прозорите во автобусите. Луѓе сме, воздух ни треба. Не ми викајте да станам ако претходно сте трчале и сте буткале луѓе само за да фатите место во автобус. Кога ве држат нозете да трчате, можат да ве подржат и за две станици. Не коментирајте. Коментарите дека младината е невоспитана ви се џабе кога 90% од нас младите во автобус сме со слушалици. Ако едвај се движите, шо мајка б...

Предрасудите

Делувам како човек кој стварно жали што живее во земјава, меѓутоа немам една причина која може да ме натера да го сменам мојот став. Денес сакам да зборувам за предрасудите. Ја тераме Македонија кон ЕУ. Ја тераме Македонија кон ЈуЕсЕј... Ја тераме Македонија кон сè што нарекуваме high-developed country. Правиме измени во закони, приспособуваме стандарди, имплементираме работи кои не одговараат ниту најмалку на било кој аспект од нашиот начин на живот. Да не должам многу, правиме сè што го прават и оние наши земји - идоли. Но до каде сме со свеста? До каде сме со начинот на кој го прифаќаме светот? Убаво е како тоа ние гледаме со широко отворени очи, но лошо е како срцата ни се затворени према сите тие шаренила кои доаѓаат од надвор. Сè повеќе и повеќе ме изненадува фактот дека и покрај очекуваното, новите генерации да се развиваат во духот на либералноста, во правецот во кој се тера едно отворено општество, сме тргнале во насоката која се зацртала пред некои си 50 години. Тогаш машко б...

Апел со мала лична историја

Растев во средина каде машките играа со колички и носеа машки бои, каде беше срамота и неприфатливо за машко да игра ластик со девојчињата пред зграда, да сака да им прави плетенки на другарките. Растев во средина каде „тоа е за женски/машки“ беше најверојатно секоја трета реченица која возрасните ја кажуваа.  Како поразличен од групата на машки деца во зграда никогаш не се пронајдов во играњето фудбал – затоа секогаш стоев на страна и затоа секогаш се буткав да се дружам со девојчињата бидејќи „женските“ игри ми беа поинтересни. Од тука нормално излегоа и сите наредни ситуации во кои сум се нашол не само јас, туку и многу други „поразлични“ деца. Во основно на почеток и не беше така лошо, првите четири години бевме уште мали за било што да дојде до израз, да се коментира, да се забележува иако бидувањето педантен откако се сеќавам беше потенцирано како „нежна“ карактеристика која ја поседувам. Наредните четири години кога дефинитивно се приметуваше дека не сум into the activities ...