Skip to main content

Третосменска исповед

Седнувам на тераса, да ме подува малце ветер на времево. Убаво денес, освежи дождот. Кратко, ама вредеше. Ко ја и ти на пример.
И така седам, глеам нагоре барам ѕвезди. Викаат ако ги глеаш, смируваат, пошо ти даваат до знаење дека таму некаде има огромна ширина во која можеш слободно да се изгубиш и да не мислиш на ништо.
И нема ниту една. Облациве натежнале, скриле сè шо може да дае било каква слобода. Задува пак ветер, малку посилно овој пат. И пак ете надеж дека горе дува посилно па дека се тргнале облаците. Кревам пак глава, пак темно сивило. Единствена светлина доаѓа од мониторов која многу јасно им дава до знаење на комарциве каде точно сум лоциран.
И иде некоја рандом чил музика у позадина. Ме тера да се опуштам иако сериозно тешко и’ иде тоа. Ама се мачи, се труди, не се откажува. Исто како јас од нас двајца. Разликата е шо музикава не знае дека ко ќе снема батерија, се губи и она. Од друга страна јас сум потполно свесен дека крајот иде ама нели, пак глаата у ѕид пошо иначе нема да е интересно.
И дур ме јадат крвопијциве, дур пробувам да мислам шо помалце на тебе, дур музикава се напиња да ми обезбеди прибежиште фрлам уште еден поглед нагоре и конечно гледам неколку ѕвезди и расчистено небо.
И ми се губат мислите а со тоа и ние и замислата за нас двајца. Кога тргнав поглед и се вратив на компјутеров сè што беше останато беа убавите спомени од она што го поминавме. Исто ко слабата свежина шо ја остај денешниов дожд.
Кратка, ама вредна. Исто како јас и ти.
Фала

Popular posts from this blog

Пензионерите

Драги, миризливи, небањати, застоени, запотени, умирисани на вчерашни манџи пензионери кои со себе влечете, не една, не две, туку 40 кеси преполнети со зеленчуци, овошја и по некое одмрзнато копанче купено од пазар на тезга, кога веќе го окупирате јавниот превоз, запазете ги следниве подточки. Пробајте да не смрдите Културата која ја барате од младите, применете ја и самите Не купувајте количински ко да се спремате за Големата Депресија Садниците транспортирајте ги на друг начин, а не со автобус кој по вашето напуштање изгледа како да пренесувал ровови земја Ако веќе смрдите, НЕ БАРАЈТЕ да се затвораат прозорите во автобусите. Луѓе сме, воздух ни треба. Не ми викајте да станам ако претходно сте трчале и сте буткале луѓе само за да фатите место во автобус. Кога ве држат нозете да трчате, можат да ве подржат и за две станици. Не коментирајте. Коментарите дека младината е невоспитана ви се џабе кога 90% од нас младите во автобус сме со слушалици. Ако едвај се движите, шо мајка б...

Предрасудите

Делувам како човек кој стварно жали што живее во земјава, меѓутоа немам една причина која може да ме натера да го сменам мојот став. Денес сакам да зборувам за предрасудите. Ја тераме Македонија кон ЕУ. Ја тераме Македонија кон ЈуЕсЕј... Ја тераме Македонија кон сè што нарекуваме high-developed country. Правиме измени во закони, приспособуваме стандарди, имплементираме работи кои не одговараат ниту најмалку на било кој аспект од нашиот начин на живот. Да не должам многу, правиме сè што го прават и оние наши земји - идоли. Но до каде сме со свеста? До каде сме со начинот на кој го прифаќаме светот? Убаво е како тоа ние гледаме со широко отворени очи, но лошо е како срцата ни се затворени према сите тие шаренила кои доаѓаат од надвор. Сè повеќе и повеќе ме изненадува фактот дека и покрај очекуваното, новите генерации да се развиваат во духот на либералноста, во правецот во кој се тера едно отворено општество, сме тргнале во насоката која се зацртала пред некои си 50 години. Тогаш машко б...

Апел со мала лична историја

Растев во средина каде машките играа со колички и носеа машки бои, каде беше срамота и неприфатливо за машко да игра ластик со девојчињата пред зграда, да сака да им прави плетенки на другарките. Растев во средина каде „тоа е за женски/машки“ беше најверојатно секоја трета реченица која возрасните ја кажуваа.  Како поразличен од групата на машки деца во зграда никогаш не се пронајдов во играњето фудбал – затоа секогаш стоев на страна и затоа секогаш се буткав да се дружам со девојчињата бидејќи „женските“ игри ми беа поинтересни. Од тука нормално излегоа и сите наредни ситуации во кои сум се нашол не само јас, туку и многу други „поразлични“ деца. Во основно на почеток и не беше така лошо, првите четири години бевме уште мали за било што да дојде до израз, да се коментира, да се забележува иако бидувањето педантен откако се сеќавам беше потенцирано како „нежна“ карактеристика која ја поседувам. Наредните четири години кога дефинитивно се приметуваше дека не сум into the activities ...