Skip to main content

Нека почне денот. Или не?

Стануваш насабајле. Или те буди алармот, или некој од пореметените другари или другарки шо станале пред тебе или некоја безвезна обврска која мора да е најкасно во 8 закажана. И почнува денот.

Чекор број 1 - стигни до wc без да искршиш пола екстремитети, влези, погоди ја шољата дур мочаш, погледни се во огледало и види се на шо сè не личиш. Помири се со фактот дека ти е bad hair day и измиј ги забите внимателно без притоа да си ја збрцаш четката за заби во очи од шо си поспан. И после толку напор, веќе си изморен од само првиот чекор.

Чекор број 2 - сеа веќе со очите широко отворени но со душата и паметот уште во кревет, одиш накај кујна. Земаш шоља нескафе, од оние брендираните шо ги даваа со лименка од 200 или 250 грама. Ставаш лажичка НЕС, ставаш шеќер на врвот од лажичето. Ја полниш шољата до пола со топла вода и другата половина ставаш ладно млеко од она со чупчето на амбалажата. Промешуваш два - три пати и ги осеќаш душата и паметот како полека почнуваат да се будат од мирисот на свежо приготвено кафе.

Чекор број 3 - време е да сфатиш дека всушност и немаш баш време да уживаш во моментот на расонување, па со шољата кафе се шеташ низ собите, прибирајќи облека и составувајќи ја комбинацијата од бои шо треба да ти го одбележи денот. Секако тука е моментот на уклучување пегла, демек голем сум нема мама да ме средува од вечер, па обидот за пеглање и на крајот облакање на блузата која што по пглањето е најмалку три пати поизгужвана одошто била претходно. Во меѓувреме се напиваш една голтка кафе.

Чекор број 4 - пробуваш на некаков можен начин со сите сили на природата да ја скротиш косата налик гнездо, па ти текнува дека единствено решение е шишање. Оп, додај на дневен ред закажување на фризер. Голтка кафе. Трчаш по собите као бараш нешо, а уствари не знаеш шо ти треба. Ти текнува дека во наредните 10 минути дур изиграваш мува без глава моеш да го стајш на полнење телефонот чија батерија си ја прецицал претходната вечер и те мрзело да станеш од кревет да го конектираш за пуњачот. Голтка кафе.

Чекор број 5 - поминале 10те минути на избезумено трчање низ дома. Тегнеш телефонот од пуњач левел паѓа ѕидот, облакаш набрзина патиките и да те нема низ врата. Кога тоа, клучот е у другите фармерки. Улетување назад, влагање у соба. Буричкаш по џебовите на фармерките фрлени на стол. Го нема клучот. Сфаќаш дека е на врата од внатрешна страна. На пат за назад ја глеаш шољата кафе недопиена. Оп, на екс. Излагаш и ти текнува дека не носиш слушалки. Ајде уште еднаш фурија низ дома да ги најдеш слушалките. На излагање, шприц дезодоранс, шприц парфем. После ова, клуч на врата и надвор.

Чекор број 6 - Ти бега автобусот. Автоматски, касниш.

Чекор број 7 - стига наредниот автобус. Влагаш внатре се изолираш со слушалки, пушташ музиката да ти ечи и после некое време сфаќаш дека си потпенуваш на глас. Затоа луѓето така ме гледаат некое време.

Чекор број 8 - Обврските на денот. Не набројувам, ова е онака ептен индивидуално а и секој ден е различен.

Чекор број 9 - накај дома идеш со мисла за кревет. Се враќаш, фрлаш се што имаш, влагаш под туш као таман за пред спиење. Кога тоа, дремката отишла со се потта од денот низ одводот на туш кабината. Седнуваш на компјутер да најдеш филм за глеање и заглавуваш најмалку два саати пошо у меѓувреме имаш фејсбук, твитер, тамблр, линкдин и многу други социјални мрежи кои нудат невозможно непотребна забава.

Чекор број 10 - Наоѓаш филм, се сместуваш у кревет со план да го изглеаш. Те фаќа дремка што искрено те радува и сето тоа дур си во најудобната положба на светот. Однеднаш ете ја бешиката. Не може веќе да држи. Gotta get up and pee. Идеш до wc, прецизно мочаш директ у шоља (спротивно на утрешната битка за центрирање). Уз пат за назад фрлаш поглед у огледало со помислата 'супер си' онака нарцисоидно. Се враќаш у кревет, легнуваш да го доглеаш филмот и следна сцена - чекор број еден.



Popular posts from this blog

Пензионерите

Драги, миризливи, небањати, застоени, запотени, умирисани на вчерашни манџи пензионери кои со себе влечете, не една, не две, туку 40 кеси преполнети со зеленчуци, овошја и по некое одмрзнато копанче купено од пазар на тезга, кога веќе го окупирате јавниот превоз, запазете ги следниве подточки. Пробајте да не смрдите Културата која ја барате од младите, применете ја и самите Не купувајте количински ко да се спремате за Големата Депресија Садниците транспортирајте ги на друг начин, а не со автобус кој по вашето напуштање изгледа како да пренесувал ровови земја Ако веќе смрдите, НЕ БАРАЈТЕ да се затвораат прозорите во автобусите. Луѓе сме, воздух ни треба. Не ми викајте да станам ако претходно сте трчале и сте буткале луѓе само за да фатите место во автобус. Кога ве држат нозете да трчате, можат да ве подржат и за две станици. Не коментирајте. Коментарите дека младината е невоспитана ви се џабе кога 90% од нас младите во автобус сме со слушалици. Ако едвај се движите, шо мајка б...

Предрасудите

Делувам како човек кој стварно жали што живее во земјава, меѓутоа немам една причина која може да ме натера да го сменам мојот став. Денес сакам да зборувам за предрасудите. Ја тераме Македонија кон ЕУ. Ја тераме Македонија кон ЈуЕсЕј... Ја тераме Македонија кон сè што нарекуваме high-developed country. Правиме измени во закони, приспособуваме стандарди, имплементираме работи кои не одговараат ниту најмалку на било кој аспект од нашиот начин на живот. Да не должам многу, правиме сè што го прават и оние наши земји - идоли. Но до каде сме со свеста? До каде сме со начинот на кој го прифаќаме светот? Убаво е како тоа ние гледаме со широко отворени очи, но лошо е како срцата ни се затворени према сите тие шаренила кои доаѓаат од надвор. Сè повеќе и повеќе ме изненадува фактот дека и покрај очекуваното, новите генерации да се развиваат во духот на либералноста, во правецот во кој се тера едно отворено општество, сме тргнале во насоката која се зацртала пред некои си 50 години. Тогаш машко б...

Музиката и нејзината еволуција

Добро бе, до кога ќе морам да читам твитови, статуси, блогови за тоа која музика е поквалитетна? До кога луѓето ќе си кажуваат едни на други што треба а што не треба да се слуша, што е квалитет а што не е? Долго време се спремам да истрескам неколку реченици по тастатура за ова и после читањето статијава  на ценетиот портал Он.Нет, се решив дека едноставно не можам да држам во себе повеќе. Она што првично иритира е фактот дека овие статии ги пишуваат луѓе кои решиле дека статијата така треба да изгледа. Ниту правеле јавна анкета, ниту истражувале глобално мислење, ниту пак помислиле да го направат тоа. Едноставно се накурчиле зошто омилената им група од пред 75 години продала помалце албуми од разлигавениот Џастин Пипер. Второ - музиката е веќе индивидуален вкус. Затоа се развиени поп, хип-хоп, класика, аренби, техно, хаус, електро, денс, диско, метал, хеви метал. Ако не ви се сфиѓа стилот на Гага, ја имате Бијонсе. Ако не ја сакате ни неа, го имате Бруно Марс. Ако ви е премног...