Skip to main content

Кој сум јас?

Ставаш еден бел лист пред тебе и почнуваш да нафрлуваш реченици кои ќе дадат одговор на прашањето 'Кој сум јас?'. И онака на прв поглед си викаш дека нема полесно од тоа да се опишеш себе во неколку кратки искази, но со секој нареден исказ сфаќаш дека одговорите стануваат сè подлабоки и поискрени, највеќе пред себе а потоа и пред другите. А тие сами се редат. Ниту ќе ти треба време да размислиш, ниту да проанализираш нешто кај себе. Едноставно, внатре, длабоко во себе, свесен си што сè те прави да си ТИ само треба поттик сето тоа да излезе на површина испишано или со мастилото од пенкалото или со карактери на некој блог кој ти е издувен вентил за емоциите.

1. Јас сум човек кој обожава да пие кафе.
2. Јас сум личност која ги мрази утрата.
3. Јас сум човек кој има големи желби но не доволно голема храброст за нивна целокупна реализација.
4. Јас сум човек кој е постојано насмеан, дури и кога ми е тешко, само за да на другите околу им биде попријатно во моја близина.
5. Јас сум личност која си го сака семејството но често, во дадени ситуации посакува бар на момент да биде далеку од сите нив.
6. Јас сум човек кој не верува дека луѓето се менуваат, туку само се прилагодуваат.
7. Јас сум човек кој иако се труди да биде поразличен, често се претопува во монотонијата на околината.
8. Јас сум личност која сака да види промени и да биде дел од нив.
9. Јас сум човек кој не верува во давањето на втора шанса на секого.
10. Јас сум човек кој знае што сака од животот но се плаши да преземе големи чекори кон реализација на целта.
11. Јас сум човек кој е добар слушател за проблемите на блиските.
12. Јас сум човек кој мрази skin contact со луѓето иако ги сакам луѓето.
13. Јас сум човек кој често знае да се погледне во огледало, да си се насмевне на самодовербата и реализираноста, но сепак да пронајде и една мала ронка на тага во погледот.
14. Јас сум некој кој верува дека луѓето можат да бидат добри.
15. Јас сум од оние кои сè помалку имаат толеранција за лицемерие и лаги.
16. Јас сум личност која сака да ги гледа блиските насмеани и ќе направи сè за тоа да е така.
17. Јас сум човек кој ужива во музиката.
18. Јас сум човек кој верува дека за секој проблем постои по најмалку едно решение, како што и за секое решение постои по најмалку една компликација.
19. Јас сум човек кој верува во искрена љубов и пријателство.
20. Јас сум човек кој верува во бајки, легенди и преданија затоа што тоа ми го прави светот поубаво место и ми дава надеж дека сепак постои нешто и над нашата способност за перцепција.
21. Јас сум она што верував дека карактерно еден ден ќе станам. Или бар сум на ебено добар пат да станам личноста која отсекогаш се надевав дека ќе станам.

И сега кога си ги препрочитав исказиве добив желба да си направам кафе, да пуштам музика и да си се смеам на самоанализата која навидум е проста но бара да вложиш навистина голема искреност пред себе и која ќе ти помогне да се чувствуваш поубаво следен пат кога ќе се запрашаш 'Каков човек сум јас?'.
Велат, будалиот памти а паметниот запишува. Затоа ќе си ги чувам ова за секој пат кога ќе се изгубам да имам еден краток туторијал кој ќе ме потсети и насочи кон тоа кој сум јас и како функционирам во средината во која се наоѓам. Затоа што нели, луѓето не се менуваат.

Popular posts from this blog

Пензионерите

Драги, миризливи, небањати, застоени, запотени, умирисани на вчерашни манџи пензионери кои со себе влечете, не една, не две, туку 40 кеси преполнети со зеленчуци, овошја и по некое одмрзнато копанче купено од пазар на тезга, кога веќе го окупирате јавниот превоз, запазете ги следниве подточки. Пробајте да не смрдите Културата која ја барате од младите, применете ја и самите Не купувајте количински ко да се спремате за Големата Депресија Садниците транспортирајте ги на друг начин, а не со автобус кој по вашето напуштање изгледа како да пренесувал ровови земја Ако веќе смрдите, НЕ БАРАЈТЕ да се затвораат прозорите во автобусите. Луѓе сме, воздух ни треба. Не ми викајте да станам ако претходно сте трчале и сте буткале луѓе само за да фатите место во автобус. Кога ве држат нозете да трчате, можат да ве подржат и за две станици. Не коментирајте. Коментарите дека младината е невоспитана ви се џабе кога 90% од нас младите во автобус сме со слушалици. Ако едвај се движите, шо мајка б...

Предрасудите

Делувам како човек кој стварно жали што живее во земјава, меѓутоа немам една причина која може да ме натера да го сменам мојот став. Денес сакам да зборувам за предрасудите. Ја тераме Македонија кон ЕУ. Ја тераме Македонија кон ЈуЕсЕј... Ја тераме Македонија кон сè што нарекуваме high-developed country. Правиме измени во закони, приспособуваме стандарди, имплементираме работи кои не одговараат ниту најмалку на било кој аспект од нашиот начин на живот. Да не должам многу, правиме сè што го прават и оние наши земји - идоли. Но до каде сме со свеста? До каде сме со начинот на кој го прифаќаме светот? Убаво е како тоа ние гледаме со широко отворени очи, но лошо е како срцата ни се затворени према сите тие шаренила кои доаѓаат од надвор. Сè повеќе и повеќе ме изненадува фактот дека и покрај очекуваното, новите генерации да се развиваат во духот на либералноста, во правецот во кој се тера едно отворено општество, сме тргнале во насоката која се зацртала пред некои си 50 години. Тогаш машко б...

Скопје и ноќниот живот

Не знам дали е до мене (не е!) или до градот наш насушен, ама постов ќе го почнам директно со потенцирање на неговата цел - НОЌНИОТ ЖИВОТ У ГРАДОВ Е СРАЊЕ! Ако тргнете во петок вечер да излезете, без притоа да немате некаде резервација, шансите да најдете место се нула. Скопје е веројатно првиот град во светот каде се резервираат места на шанк. Од кога по ѓаволите шанкот е нешто што се резервира?! Као, ако е празно, застануваш пиеш и си идеш, ако не е само си идеш и тоа е тоа. Вториот агол од кој можете да го разгледате нашиот ноќен живот е изборот на локали каде може да отидете. Не знам, 10 нека се преку сила. Години уназад се истите локали само шо на година дена менуваат име и лик, две недели има поразлична музика и концепт на забави и после тоа - сè по старо. - Беше у тоа новото на плоштад? Многу е добро, се вика 'рендомиме'. - Не беше тоа 'претходнорендомиме'? - Па да ама се смени газдата и внатре малку ентериерот и сеа е многу кул место. * исти фаци, иста ...