Skip to main content

Култура

Доволно е да излезете до маалската продавница, не мора подалеку да отидете, за да забележите шо народ сме и колку многу ни фали за да можеме да кажеме дека сме современо општество.
Одиш накај маркет и пред да влезеш забележуваш дека рандом чоек број 1 не задржува врата на рандом чоек број 2 натоварен со кеси.
Влагаш у маркет, на сред пат застанала госпоЖа со натапирана фризура, бордно кармин, тегет комплетче и збори на телефон за шо ѝ треба дома расчепатена со газот на едниот крај од патот а со количката на другиот. Те гледа дека пробуваш да поминеш, и не, не се трга. Ќе и се измести колкот најверојатно.
Стигаш на каса и ооооп рандом чоек број 3 те потепува за да застане пред тебе пошо нели он има само цигари да земе а и се брза, пошо ти си најслободниот чоек на цел свет и времето секогаш е во твоја корист.
Дополнително на каса, ако не ѝ се погодил денот на касиерката ти го џитка кусурот низ цел маркет па ти иди собирај ги 50те денари што ти ги вратила во форма денарче и две денарчиња.
Се враќаш дома и пред влез глеаш залепил некој шлајмот шо го откорнал од петици заедно со делче од белите дробови.
Влагаш дома, се спремаш и излагаш до град да идеш. На автобуска општа тепачка ко ќе се паркира автобусот. Ќе влезеш некако, ќе преживееш Clash of The Titans - bus version и внатре имаш:

  • рандом чоек број 4 без слушалки со рокната музика до даска на телефонот
  • рандом чоек број 5 шо јаде 
  • рандом женичка шо збори на телефон доволно гласно да ја слушне соговорникот дури и ако ѝ спушти
  • непристојна фаца шо седнала до тебе и ти зјапа у телефон онака дискретно
Нормално, имаш уште еден борбен ринг на патот за надвор од автобус. 
Одиш, купуваш билет за театар/опера/балет као нели културни објекти, едукација... Се сместуваш и позади тебе две тетки шо имаат рецепт да си раскажат, па да не биде тоа крајот, си ги донеле и малите деца кои ги седнале едно до друго. А деца ко деца, коа им е досадно збеснуваат дури мајкиве си седат онака искулирано као 'Ма никој не прави галама шо има врска'. Секако доаѓа моментот ѕвонење мобилни и 'Ало абе на претстава сум ќе ти се јавам после' и покрај известувањето 'Ве молиме исклучете ги вашите мобилни телефони.'
И излагаш и од таму, седнуваш на кафе - као да се опуштиш, кога тоа доаѓа келнерот (им се иам намерачено на 2-3 келнери у Плаза де Торос да ги ругам и на сите у Ања) и ти фрла мени од 6ти спрат, те глеа попреку ко ќе нарачаш и ти стои над глава дур на крај вадиш пари да платиш. 
Сообраќајот од друга страна - приказна за себе. Пешачките се нешто у стил на оние од GTA, тука се, ама исто ко да не се. Ослободување пат на возила со предност е веќе мит станато, пошо не само што самите возачи не почитуваат туку и оние со предност палат сирена дури и коа не треба пошо едноставно не им се чека. Комбинација на двете и ете го Скопје.

И онака после сето ова тажно шеташ низ град пошо целото ѓубре е фрлено околу наместо во контејнерите. И стигнуваш до една книжара. Постара, од времето. И пишува Култура на неа. 
Е во тој момент, сфаќаш дека културата кај нас само таму ја има. На еден натпис на неколку места низ градов. 

(чест на исклучоци од горенаведените срања)
 





Popular posts from this blog

Пензионерите

Драги, миризливи, небањати, застоени, запотени, умирисани на вчерашни манџи пензионери кои со себе влечете, не една, не две, туку 40 кеси преполнети со зеленчуци, овошја и по некое одмрзнато копанче купено од пазар на тезга, кога веќе го окупирате јавниот превоз, запазете ги следниве подточки. Пробајте да не смрдите Културата која ја барате од младите, применете ја и самите Не купувајте количински ко да се спремате за Големата Депресија Садниците транспортирајте ги на друг начин, а не со автобус кој по вашето напуштање изгледа како да пренесувал ровови земја Ако веќе смрдите, НЕ БАРАЈТЕ да се затвораат прозорите во автобусите. Луѓе сме, воздух ни треба. Не ми викајте да станам ако претходно сте трчале и сте буткале луѓе само за да фатите место во автобус. Кога ве држат нозете да трчате, можат да ве подржат и за две станици. Не коментирајте. Коментарите дека младината е невоспитана ви се џабе кога 90% од нас младите во автобус сме со слушалици. Ако едвај се движите, шо мајка б...

Предрасудите

Делувам како човек кој стварно жали што живее во земјава, меѓутоа немам една причина која може да ме натера да го сменам мојот став. Денес сакам да зборувам за предрасудите. Ја тераме Македонија кон ЕУ. Ја тераме Македонија кон ЈуЕсЕј... Ја тераме Македонија кон сè што нарекуваме high-developed country. Правиме измени во закони, приспособуваме стандарди, имплементираме работи кои не одговараат ниту најмалку на било кој аспект од нашиот начин на живот. Да не должам многу, правиме сè што го прават и оние наши земји - идоли. Но до каде сме со свеста? До каде сме со начинот на кој го прифаќаме светот? Убаво е како тоа ние гледаме со широко отворени очи, но лошо е како срцата ни се затворени према сите тие шаренила кои доаѓаат од надвор. Сè повеќе и повеќе ме изненадува фактот дека и покрај очекуваното, новите генерации да се развиваат во духот на либералноста, во правецот во кој се тера едно отворено општество, сме тргнале во насоката која се зацртала пред некои си 50 години. Тогаш машко б...

Скопје и ноќниот живот

Не знам дали е до мене (не е!) или до градот наш насушен, ама постов ќе го почнам директно со потенцирање на неговата цел - НОЌНИОТ ЖИВОТ У ГРАДОВ Е СРАЊЕ! Ако тргнете во петок вечер да излезете, без притоа да немате некаде резервација, шансите да најдете место се нула. Скопје е веројатно првиот град во светот каде се резервираат места на шанк. Од кога по ѓаволите шанкот е нешто што се резервира?! Као, ако е празно, застануваш пиеш и си идеш, ако не е само си идеш и тоа е тоа. Вториот агол од кој можете да го разгледате нашиот ноќен живот е изборот на локали каде може да отидете. Не знам, 10 нека се преку сила. Години уназад се истите локали само шо на година дена менуваат име и лик, две недели има поразлична музика и концепт на забави и после тоа - сè по старо. - Беше у тоа новото на плоштад? Многу е добро, се вика 'рендомиме'. - Не беше тоа 'претходнорендомиме'? - Па да ама се смени газдата и внатре малку ентериерот и сеа е многу кул место. * исти фаци, иста ...