Имав еден благ излив на напетост вчера вечер кој резултираше со неколку последователни твитови, доста поучни, секојдневни и невидено саркастични. Ќе направам еден мал пост од нив кој се надевам некако ќе допре до луѓето кои се на почеток во нова врска и кои не знаат како треба да си ги избалансираат односите со луѓето.
Еве ги правилата за другарство и врска:
И замислете, некои од нив текстов ако го прочитаат ќе си се насмеат и ќе си речат дека они воопшто не прават така, па ќе му се јават одма на дечкото да му кажат што прочитале и колку пати во текот на денот биле у вц, јаделе, трепнале, вдишале, издишале, помислиле на храна или пак искомуницирале со личност која не смее во никој случај (според дечкото нели) да се најде во било каква комуникација со нив.
Еве ги правилата за другарство и врска:
Правило за другарство и врска број 1: Сè шо ќе напрајш муабет со другарите пренеси му на дечко ти, пошо он треба да ти го испере мозочето
— Објавувачот (@Publishermkd) November 3, 2013
Правило за другарство и врска број 2: Дечкото е секогаш побитен од сите поминати моменти со другарите, така да, screw them
— Објавувачот (@Publishermkd) November 3, 2013
Правило за другарство и врска број 3: Совет од другар не се прифаќа. Он те знае само повеќе од 2 години и не знае шо е добро за тебе
— Објавувачот (@Publishermkd) November 3, 2013
Правило за другарство и врска број 4: Совет од дечко е ултиматум пошо он иако те знае само 3 месеци, те знае како дишеш до последна клетка
— Објавувачот (@Publishermkd) November 3, 2013
Правило за другарство и врска број 5: На другарите забрани им да зборат за дечко ти пред тебе. На дечко ти дај му право да збори сè за нив
— Објавувачот (@Publishermkd) November 3, 2013
Правило за другарство и врска број 6: Откачи ги со време другарите, не се битни они.
— Објавувачот (@Publishermkd) November 3, 2013
Правило за другарство и врска број 7: На другарите речи им 'добро' само за да ги заќутиш