Skip to main content

#твитеркалендар 2014

Се изначитав сè и сешто за овогодинешниот твитер календар. Може да пратев каква е ситуацијата лани ќе го видев истово како и оваа година, но ќе пишувам само за актуелниов календар.
Почна од обична идеја, за продолжување на минатогодишната акција и проширување кон една малку поинаква област.
Јас бев еден од оние кои се пријавија и се сметав себе за човек со огромна храброст. Бевме на состанок на кој се поставија основните идеи, се презентираше малку подетално замислата и се правеа некои почетни планови со секој од пријавените за тоа како би изгледал крајниот продукт. И да, до некаде сте во право дека соблекување во 21 век не е револуција, но тоа е доколку гледате во светски рамки. Ама ако ја земете површинава од 25.713 километри квадратни, додадете Македонци, Албанци, Турци, Роми, Босанци, Срби и останати присутни етнички групи, па ова го засолите со нивните сфаќања кои се соодветни за 20ти век, ќе добиете една средина каде покажувањето на голо тело сè уште е табу тема и нешто што шокира и запрепастува.
Да се вратам на почетната поента.
Кога разговарав дома со моите за календаров и им кажав што сè подразбира учеството во акцијата, строго се противеа, ми изнакажаа милион работи кои се последица на нивните сфаќања и јас откако го земав предвид и нивното мислење сфатив дека всушност и ја немам баш таа храброст да се соблечам гол пред пошироката јавност во државава, каде сечиј чекор е проследен со рекла - казала муабети. И мене не ми е срам да признаам дека немав доволно храброст, не ми е срам да кажам дека за ова не одлучив да одам против мислењето на домашните. Ама не се ни дрзнувам да ги нападнам оние на кои ова не им било никаков проблем.
Од овој аспект можам само да потврдам дека за сликањево е сериозно потребна голема решителност и храброст. Нека биде тоа и потреба од себепромоција со која поединци мислат дека така би станале попознати, поценети или поприфатени. Нека биде тоа и последица од желбата да се направи општеството послободоумно во аспект на уметноста, голотијата и прифаќањето на она што се крие под парчињата облека. Едноставно, добра идеја, со реализација која тешко поминува, пошо нели, Македонија.
Ете може и мене не ми се допаѓа во целост како излезе крајниот продукт. Може не сакам курови и цицки да се промовираат за да се подигне свеста кај граѓаните. Може сметам дека е превулгарно особено затоа што денес секој човек има пристап до интернет, дури и мали деца кои не се баш запознаени со анатомијата на човекот и кој дел за што точно се користи (#хехе).
Ама па од друга страна, сексуалното самозадоволување нема да ви биде толку интересно ако треба да замислите наместо да пуштите порнич и да глеате курови, цицки и пички во акција. Така да, и не треба баш светци да се правиме сега околу целата nudity атмосфера на календарот.
Секогаш имало и ќе има поделени мислења. Секогаш ќе се најдат ЗА и ПРОТИВ ставови. Вкусот е индивидуална работа. Но ниски и навредливи коментари, омаловажувања, посочувања со прст и исмејувања, не ве прават чекор понапред. Исто како што не се чекор понапред ни луѓево со идејата и реализацијата. Пошо читам дека ги нарекувате 'самонаречени авангардисти, интелектуалци и елитисти'.
Едноставно, прашање на интереси е. Вие повеќе се интересирате за на Станија цицките, сликаниве за со своето голо тело да дадат придонес во подигање на сексуалната свест на граѓаните. А нè има и такви кои на ова ќе кажеме 'Јас не би, но браво за вас', пошо на крај они се тие кои се соблечени а не јас или вие.

До наредниот #твитеркалендар, одјава од темава.
@Publishermkd

Popular posts from this blog

Пензионерите

Драги, миризливи, небањати, застоени, запотени, умирисани на вчерашни манџи пензионери кои со себе влечете, не една, не две, туку 40 кеси преполнети со зеленчуци, овошја и по некое одмрзнато копанче купено од пазар на тезга, кога веќе го окупирате јавниот превоз, запазете ги следниве подточки. Пробајте да не смрдите Културата која ја барате од младите, применете ја и самите Не купувајте количински ко да се спремате за Големата Депресија Садниците транспортирајте ги на друг начин, а не со автобус кој по вашето напуштање изгледа како да пренесувал ровови земја Ако веќе смрдите, НЕ БАРАЈТЕ да се затвораат прозорите во автобусите. Луѓе сме, воздух ни треба. Не ми викајте да станам ако претходно сте трчале и сте буткале луѓе само за да фатите место во автобус. Кога ве држат нозете да трчате, можат да ве подржат и за две станици. Не коментирајте. Коментарите дека младината е невоспитана ви се џабе кога 90% од нас младите во автобус сме со слушалици. Ако едвај се движите, шо мајка б...

Предрасудите

Делувам како човек кој стварно жали што живее во земјава, меѓутоа немам една причина која може да ме натера да го сменам мојот став. Денес сакам да зборувам за предрасудите. Ја тераме Македонија кон ЕУ. Ја тераме Македонија кон ЈуЕсЕј... Ја тераме Македонија кон сè што нарекуваме high-developed country. Правиме измени во закони, приспособуваме стандарди, имплементираме работи кои не одговараат ниту најмалку на било кој аспект од нашиот начин на живот. Да не должам многу, правиме сè што го прават и оние наши земји - идоли. Но до каде сме со свеста? До каде сме со начинот на кој го прифаќаме светот? Убаво е како тоа ние гледаме со широко отворени очи, но лошо е како срцата ни се затворени према сите тие шаренила кои доаѓаат од надвор. Сè повеќе и повеќе ме изненадува фактот дека и покрај очекуваното, новите генерации да се развиваат во духот на либералноста, во правецот во кој се тера едно отворено општество, сме тргнале во насоката која се зацртала пред некои си 50 години. Тогаш машко б...

Апел со мала лична историја

Растев во средина каде машките играа со колички и носеа машки бои, каде беше срамота и неприфатливо за машко да игра ластик со девојчињата пред зграда, да сака да им прави плетенки на другарките. Растев во средина каде „тоа е за женски/машки“ беше најверојатно секоја трета реченица која возрасните ја кажуваа.  Како поразличен од групата на машки деца во зграда никогаш не се пронајдов во играњето фудбал – затоа секогаш стоев на страна и затоа секогаш се буткав да се дружам со девојчињата бидејќи „женските“ игри ми беа поинтересни. Од тука нормално излегоа и сите наредни ситуации во кои сум се нашол не само јас, туку и многу други „поразлични“ деца. Во основно на почеток и не беше така лошо, првите четири години бевме уште мали за било што да дојде до израз, да се коментира, да се забележува иако бидувањето педантен откако се сеќавам беше потенцирано како „нежна“ карактеристика која ја поседувам. Наредните четири години кога дефинитивно се приметуваше дека не сум into the activities ...