Skip to main content

Без наслов

Магла. Ја гледаш низ прозор и наеднаш ти се приспива, сакаш да се стуткаш под ќебе, да си свариш кафе и да пуштиш филм. Инстанто губиш желба да излезеш низ врата и да се движиш по не толку прегледните улици. Притоа, остриот студ на воздухот ќе ти ги распарува белите дробови потсетувајќи те дека требаше да си земеш шал. Сепак, убаво ти е - затоа што сепак остануваш дома на топло и сето ова погоре е само претпоставка.
Авантура вредна за памтење. Како пред две години кога ја баравме плажата во Улцињ и место по нормалниот пат коа тргнавме по едни козји патеки. Од една страна шумичка од друга, стрмна карпа и Јадран. Страв влеан во коски, ама убаво е. Пошо адреналинот се покачува и организмот ти е жив.
Река. Од оние планинските, на некои места што формираат каскадни водопади. Ја брцаш ногата внатре, ти смрзнува секоја можна клетка на телото и секое влакно ти се наежува. Ама ја гледаш, ѝ го чувствуваш студот допирајќи ја и ти текнува дека ти си тотална спротивност. Еден збир на емоции, преполни со топлина. И убаво е, затоа што поради тоа знаеш дека можеш себеси да се наречеш човек.
Искра, мала но способна да направи пожар. Да пеплоса неколку дрва, па дури и цела шума. Но искра и како онаа која се појавува кога ќе се заљубиш. Искра на верба во луѓето која колку и да се гасне, повторно се раѓа како феникс кој се издига од пепелта. И убаво ти е, затоа што знаеш дека нештата кружат - се обновуваат. Па се раѓа искра за подобро утре.
Опоен мирис. Како оној кој го осеќам постојано на твојот врат. Истиот оној мирис на кој ми мириса облеката кога си одам накај дома откако ќе се разделиме. Мирис кој ми фали кога ми фалиш и ти. Ама убаво е, затоа што утре повторно ќе те видам. И чувството е исто од почеток.


Popular posts from this blog

Пензионерите

Драги, миризливи, небањати, застоени, запотени, умирисани на вчерашни манџи пензионери кои со себе влечете, не една, не две, туку 40 кеси преполнети со зеленчуци, овошја и по некое одмрзнато копанче купено од пазар на тезга, кога веќе го окупирате јавниот превоз, запазете ги следниве подточки. Пробајте да не смрдите Културата која ја барате од младите, применете ја и самите Не купувајте количински ко да се спремате за Големата Депресија Садниците транспортирајте ги на друг начин, а не со автобус кој по вашето напуштање изгледа како да пренесувал ровови земја Ако веќе смрдите, НЕ БАРАЈТЕ да се затвораат прозорите во автобусите. Луѓе сме, воздух ни треба. Не ми викајте да станам ако претходно сте трчале и сте буткале луѓе само за да фатите место во автобус. Кога ве држат нозете да трчате, можат да ве подржат и за две станици. Не коментирајте. Коментарите дека младината е невоспитана ви се џабе кога 90% од нас младите во автобус сме со слушалици. Ако едвај се движите, шо мајка б...

Предрасудите

Делувам како човек кој стварно жали што живее во земјава, меѓутоа немам една причина која може да ме натера да го сменам мојот став. Денес сакам да зборувам за предрасудите. Ја тераме Македонија кон ЕУ. Ја тераме Македонија кон ЈуЕсЕј... Ја тераме Македонија кон сè што нарекуваме high-developed country. Правиме измени во закони, приспособуваме стандарди, имплементираме работи кои не одговараат ниту најмалку на било кој аспект од нашиот начин на живот. Да не должам многу, правиме сè што го прават и оние наши земји - идоли. Но до каде сме со свеста? До каде сме со начинот на кој го прифаќаме светот? Убаво е како тоа ние гледаме со широко отворени очи, но лошо е како срцата ни се затворени према сите тие шаренила кои доаѓаат од надвор. Сè повеќе и повеќе ме изненадува фактот дека и покрај очекуваното, новите генерации да се развиваат во духот на либералноста, во правецот во кој се тера едно отворено општество, сме тргнале во насоката која се зацртала пред некои си 50 години. Тогаш машко б...

Музиката и нејзината еволуција

Добро бе, до кога ќе морам да читам твитови, статуси, блогови за тоа која музика е поквалитетна? До кога луѓето ќе си кажуваат едни на други што треба а што не треба да се слуша, што е квалитет а што не е? Долго време се спремам да истрескам неколку реченици по тастатура за ова и после читањето статијава  на ценетиот портал Он.Нет, се решив дека едноставно не можам да држам во себе повеќе. Она што првично иритира е фактот дека овие статии ги пишуваат луѓе кои решиле дека статијата така треба да изгледа. Ниту правеле јавна анкета, ниту истражувале глобално мислење, ниту пак помислиле да го направат тоа. Едноставно се накурчиле зошто омилената им група од пред 75 години продала помалце албуми од разлигавениот Џастин Пипер. Второ - музиката е веќе индивидуален вкус. Затоа се развиени поп, хип-хоп, класика, аренби, техно, хаус, електро, денс, диско, метал, хеви метал. Ако не ви се сфиѓа стилот на Гага, ја имате Бијонсе. Ако не ја сакате ни неа, го имате Бруно Марс. Ако ви е премног...