Skip to main content

Кога пријателството ќе стивне

Можеби кога знаете дека имате блиски луѓе не треба да си играте само за да ја истестирате јачината на врската која ве држи заедно.
Можеби кога поврзаноста е доволно силна со некого, не треба тој некој да го ставите на hold во име на good old times и да се свртите према барање на нови пријателства.
Можеби ако сте свесни за вредноста на едно вистинско пријателство ќе знаете дека слабата комуникација доведува до разнишување на стабилноста.
Ако погледнете малку околу вас може и ќе станете свесни како ги оттурнувате од себе луѓето за кои сте тврделе дека ви се сè во животот. 
Можеби ако научите да слушате и да прифаќате дека некогаш сте и вие криви, нема да создавате одбивност кај оние кои ви укажуваат на тоа само затоа што им значи вашето пријателство.
Нормално е едниот секогаш повеќе да дава од другиот. Нормално е во различни периоди секој од вас различно да се вложи во врската. Ама не значи дека ако на некој му е навистина до вашето пријателство дека тој ќе треба да се преврти наопаку, да се намести на трепки и да го изигра Тешкото само затоа што вие сметате дека на постоечките односи не им се потребни дополнителни зацрвстувања. 
Доцна ќе биде кога ќе сфатите дека сте направиле грешен избор за верување на погрешните луѓе. Доцна ќе биде тогаш да се присетите на она што сте го имале со оние кои сте ги оттурнале од себе. Тотално неефективно ќе биде потоа да се обидувате да ги вратите назад со муабети од типот на: 
Не знам што се случи меѓу нас.
Зошто вака испадна?
Не требаше да го дозволиме ова. Двајцата сме виновни.
Нормално е дека нема да знаете што се случило. Нормално е дека нема да знаете ни зошто се тие последици. Нормално е дека во тој момент ќе го обвините и оној кој правел сè за да ја одржи вашата врска во нормала.
Тоа е грижа на совест. Тоа е оној момент кога сфаќате дека сте ја направиле погрешната одлука. Моментот кога ќе сфатите дека довербата која сте ја положиле во 'новите' пријателства на сметка на старите и вистинските е наполно пропадната. Ќе сфатите дека проблемот не е во тоа да имате нови пријателства, туку во неспособноста да ги балансирате и оние кои веќе се тука, до вас. Човек е најочаен кога е сам. А кога е очаен и исплашен, како и давеникот, ќе се фати за последната сламка. Тоа ќе ве остави заробени во лажните пријателства дури спомените на вистинските и искрените ве болат и ве печат како сол на рана.

Popular posts from this blog

Апел со мала лична историја

Растев во средина каде машките играа со колички и носеа машки бои, каде беше срамота и неприфатливо за машко да игра ластик со девојчињата пред зграда, да сака да им прави плетенки на другарките. Растев во средина каде „тоа е за женски/машки“ беше најверојатно секоја трета реченица која возрасните ја кажуваа.  Како поразличен од групата на машки деца во зграда никогаш не се пронајдов во играњето фудбал – затоа секогаш стоев на страна и затоа секогаш се буткав да се дружам со девојчињата бидејќи „женските“ игри ми беа поинтересни. Од тука нормално излегоа и сите наредни ситуации во кои сум се нашол не само јас, туку и многу други „поразлични“ деца. Во основно на почеток и не беше така лошо, првите четири години бевме уште мали за било што да дојде до израз, да се коментира, да се забележува иако бидувањето педантен откако се сеќавам беше потенцирано како „нежна“ карактеристика која ја поседувам. Наредните четири години кога дефинитивно се приметуваше дека не сум into the activities for

Пролет во есен

Есен е. Природата почнува да се повлекува, да умира, да исчезнува. Небото почнува сè почесто да плаче за многуте бои кои се губат и се заменуваат со сивилото на ладот. Се раѓа една општоприфатена депресија. Шеташ по улица и во сечии очи, дури и во оние насмеаните, наоѓаш по некоја ронка меланхолија која успева да допре до тебе и да почне полека да те претопува во општиот хаос на недефинирани емоции. Од очила за сонце, преминуваш во влечење на чадор за дожд кој ти треба најмногу оној пат кога ќе го заборавиш дома или на факултет. Наутро, ја вадиш ногата од под ќебе и сфаќаш дека ќе ти треба сета сила на светот за да се измолкнеш од топлината и сигурноста на креветот и да стапнеш во ладот на денот исполнет со обврски кои поради недостаток на сонце ќе бидат минимум три пати потешки. Вировите по улица ги користиш како огледало за некој паралелелн универзум во кој се надеваш дека енергијата нема да ти биде исцицана од депресијата на околината. Погледнуваш надолу, кон еден вир и се соочува

Скопје и ноќниот живот

Не знам дали е до мене (не е!) или до градот наш насушен, ама постов ќе го почнам директно со потенцирање на неговата цел - НОЌНИОТ ЖИВОТ У ГРАДОВ Е СРАЊЕ! Ако тргнете во петок вечер да излезете, без притоа да немате некаде резервација, шансите да најдете место се нула. Скопје е веројатно првиот град во светот каде се резервираат места на шанк. Од кога по ѓаволите шанкот е нешто што се резервира?! Као, ако е празно, застануваш пиеш и си идеш, ако не е само си идеш и тоа е тоа. Вториот агол од кој можете да го разгледате нашиот ноќен живот е изборот на локали каде може да отидете. Не знам, 10 нека се преку сила. Години уназад се истите локали само шо на година дена менуваат име и лик, две недели има поразлична музика и концепт на забави и после тоа - сè по старо. - Беше у тоа новото на плоштад? Многу е добро, се вика 'рендомиме'. - Не беше тоа 'претходнорендомиме'? - Па да ама се смени газдата и внатре малку ентериерот и сеа е многу кул место. * исти фаци, иста