Skip to main content

Еден ден

За некоја година може и ќе бидам некаде надвор. Ќе се будам секое сабајле за да ги завршам обврските, по пат ќе застанувам да си земам coffee to go пошо денот без тоа не може да почне и на враќање ќе купувам bagels и некои мали чоколатца за да уживам во третото кафе ко ќе се вратам дома. Ќе седам покрај балконските врати во есен и зима гледајќи како снегот и дождот обезличуваат сè наоколу за на крај да ја измоделираат околината во сцена од бајка. Ќе пијам кафе на балконот во пролет и лето дури го осеќам мирисот на будењето на природата и топлината од асфалтот кој навечер ќе се лади од пеколните сончеви зраци кои го гореле преку денот. Ќе слушам тивок џез во петок навечер и ќе си долевам водка или вино за да го добијам она чувство на лежерност како да немам ниту еден проблем и како сè околу мене да постои само за мене. Во сабота наутро ќе се будам со слаб мамурлак од претходната вечер. Со пола око ќе си правам турско (во случајов читајте македонско) кафе, за да си се присетувам и на убавините од родната земја. Ќе излезам попладнето да прошетам низ некој парк за да се освежам, да се раздвижам и да ги видам луѓето како си го живеат животот безгрижно. Ќе се насмевнам на младите парови кои ќе седат во тревата и ќе си искажуваат љубов. Ќе се израдувам на смеата на малите дечиња кои ќе се препелкаат со своите родители или миленичиња. Ќе се восхитувам на стаклената површина на езерцето која од време на време ќе биде разбранувана од грациозното пливање на неколкуте лебеди. Вечерта ќе седнам на удобниот кауч во дневната, ќе пуштам некој филм или документарец и полека, неосетно ќе потонам во сон. Во недела пола ден ќе го поминам во пижами кои ќе ги облечам откако ќе се разбудам затоа што сум заспал со облека на каучот. Ќе се префрлам во кревет и ќе изигравам неподвижен кит насукан на плажа. Попладнето ќе станам, ќе зготвам некоја брза вечера, ќе ставам чаша вино за да го надополнам уживањето и ќе пуштам тивка класична музика да го обои воздухот во трпезаријата. Вечерта ќе ме фати паника дека од наредното сабајле почнуваат пак раните станувања, обврските и секојдневната рутина.
Ама ќе ми биде убаво. Зошто за сето ова и ти ќе си до мене.
Заедно ќе одиме да земеме coffee to go од каде секој ќе се упати во својата насока. Ќе се враќам дома и ќе те радувам со bagels-от и чоколатцата. Ќе се гушкаме пред балконските врати во есен и зима, ќе си правиме друштво на балконот во пролет и лето.
Ќе ги дополнувам чашите дури ја попушташ музиката во петок навечер. Сабота наутро ќе се будам со мамурлак, но до тебе. Ќе станувам за да направам кафе за двајцата за да се расониме од мирисот и всушност на прошетката низ паркот нема да се радувам на тоа шо ќе го гледам таму туку на тоа шо го имам до мене. Вечерта, ќе заспиваме испреплетени на каучот и во недела сабајлето ќе се будиме меѓусебно за да се преместиме во кревет каде ќе го дотрошиме денот тотално бесцелно. И дури јас ја правам вечерата ти ќе седиш до мене и ќе ми сугерираш што и како треба и не треба да правам за да можеме онака слатко да се поткараме.

Popular posts from this blog

Пензионерите

Драги, миризливи, небањати, застоени, запотени, умирисани на вчерашни манџи пензионери кои со себе влечете, не една, не две, туку 40 кеси преполнети со зеленчуци, овошја и по некое одмрзнато копанче купено од пазар на тезга, кога веќе го окупирате јавниот превоз, запазете ги следниве подточки. Пробајте да не смрдите Културата која ја барате од младите, применете ја и самите Не купувајте количински ко да се спремате за Големата Депресија Садниците транспортирајте ги на друг начин, а не со автобус кој по вашето напуштање изгледа како да пренесувал ровови земја Ако веќе смрдите, НЕ БАРАЈТЕ да се затвораат прозорите во автобусите. Луѓе сме, воздух ни треба. Не ми викајте да станам ако претходно сте трчале и сте буткале луѓе само за да фатите место во автобус. Кога ве држат нозете да трчате, можат да ве подржат и за две станици. Не коментирајте. Коментарите дека младината е невоспитана ви се џабе кога 90% од нас младите во автобус сме со слушалици. Ако едвај се движите, шо мајка б...

Предрасудите

Делувам како човек кој стварно жали што живее во земјава, меѓутоа немам една причина која може да ме натера да го сменам мојот став. Денес сакам да зборувам за предрасудите. Ја тераме Македонија кон ЕУ. Ја тераме Македонија кон ЈуЕсЕј... Ја тераме Македонија кон сè што нарекуваме high-developed country. Правиме измени во закони, приспособуваме стандарди, имплементираме работи кои не одговараат ниту најмалку на било кој аспект од нашиот начин на живот. Да не должам многу, правиме сè што го прават и оние наши земји - идоли. Но до каде сме со свеста? До каде сме со начинот на кој го прифаќаме светот? Убаво е како тоа ние гледаме со широко отворени очи, но лошо е како срцата ни се затворени према сите тие шаренила кои доаѓаат од надвор. Сè повеќе и повеќе ме изненадува фактот дека и покрај очекуваното, новите генерации да се развиваат во духот на либералноста, во правецот во кој се тера едно отворено општество, сме тргнале во насоката која се зацртала пред некои си 50 години. Тогаш машко б...

Музиката и нејзината еволуција

Добро бе, до кога ќе морам да читам твитови, статуси, блогови за тоа која музика е поквалитетна? До кога луѓето ќе си кажуваат едни на други што треба а што не треба да се слуша, што е квалитет а што не е? Долго време се спремам да истрескам неколку реченици по тастатура за ова и после читањето статијава  на ценетиот портал Он.Нет, се решив дека едноставно не можам да држам во себе повеќе. Она што првично иритира е фактот дека овие статии ги пишуваат луѓе кои решиле дека статијата така треба да изгледа. Ниту правеле јавна анкета, ниту истражувале глобално мислење, ниту пак помислиле да го направат тоа. Едноставно се накурчиле зошто омилената им група од пред 75 години продала помалце албуми од разлигавениот Џастин Пипер. Второ - музиката е веќе индивидуален вкус. Затоа се развиени поп, хип-хоп, класика, аренби, техно, хаус, електро, денс, диско, метал, хеви метал. Ако не ви се сфиѓа стилот на Гага, ја имате Бијонсе. Ако не ја сакате ни неа, го имате Бруно Марс. Ако ви е премног...