Skip to main content

Недела, пролет, јас и ти

Недела. Грд ден. Атмосферата на денот и помислата дека утре започнуваат обврските едноставно те убиваат. И ќе седиш дома над книга, ќе чмаеш, ќе гледаш бесцелно по навидум совршено склопените реченици исполнети со факти и сознанија дур не ти мавне спојот на неколкуте жички во глава дека сакаш одмор.
Ќе земеш телефонот, ќе се јавиш онаму каде што ти чука срцето и ќе отидете да шетате во парк, доцна попладне, за да можете да уживате во чистиот воздух, зеленилото, златно - жолтите бои на сонцето кое се затскрива зад дрвјата и полека исчезнува од небото и во тишината нарушена само од неколкумината кои исто како вас двајца шетаат наоколу, птиците кои подлетуваат барајќи храна и жабите кои крекајќи го најавуваат крајот на денот. А целата глетка надополнета со скорешен Саем на цвеќиња и тазе уредени цветни аранжмани кои даваат дополнително чувство на топлина.
Во тие мигови си најсреќен. Грижите се сведени на минимум а уживањето и задоволството го достигнуваат најголемиот пик. Еден Магнум од бело чоколадо ќе ти ја надополни среќата и ќе ги заблажи моментите со насмевки, искрени чувства, длабоки погледи и воздишки од задоволства. Ќе си направите и едно убаво планче за пикник кога ќе осуши убаво тревата од влажното време и ќе го зачините планот со идејата за скара на малите масички кои се скоро поставени и имаат триножни столчиња околу нив.
Ќе си тргнете накај дома за да се врати секој на своите обврски и одма ќе посакаш да го вратиш времето назад и да ги поминеш уште еднаш истите моменти. Но, ти текнува дека пролетта тукушто пристигна и дека цела една сезона на вакви прекрасни денови е започната. Па си се насмевнуваш сам дур замислено гледаш во телефонот и сфаќаш дека ако има некој кој ќе направи да заборавиш кој ден е и каков треба да е (по некои непишани, општоприфатени правила), недела и не е така грд и неподнослив ден.














Popular posts from this blog

Пензионерите

Драги, миризливи, небањати, застоени, запотени, умирисани на вчерашни манџи пензионери кои со себе влечете, не една, не две, туку 40 кеси преполнети со зеленчуци, овошја и по некое одмрзнато копанче купено од пазар на тезга, кога веќе го окупирате јавниот превоз, запазете ги следниве подточки. Пробајте да не смрдите Културата која ја барате од младите, применете ја и самите Не купувајте количински ко да се спремате за Големата Депресија Садниците транспортирајте ги на друг начин, а не со автобус кој по вашето напуштање изгледа како да пренесувал ровови земја Ако веќе смрдите, НЕ БАРАЈТЕ да се затвораат прозорите во автобусите. Луѓе сме, воздух ни треба. Не ми викајте да станам ако претходно сте трчале и сте буткале луѓе само за да фатите место во автобус. Кога ве држат нозете да трчате, можат да ве подржат и за две станици. Не коментирајте. Коментарите дека младината е невоспитана ви се џабе кога 90% од нас младите во автобус сме со слушалици. Ако едвај се движите, шо мајка б...

Предрасудите

Делувам како човек кој стварно жали што живее во земјава, меѓутоа немам една причина која може да ме натера да го сменам мојот став. Денес сакам да зборувам за предрасудите. Ја тераме Македонија кон ЕУ. Ја тераме Македонија кон ЈуЕсЕј... Ја тераме Македонија кон сè што нарекуваме high-developed country. Правиме измени во закони, приспособуваме стандарди, имплементираме работи кои не одговараат ниту најмалку на било кој аспект од нашиот начин на живот. Да не должам многу, правиме сè што го прават и оние наши земји - идоли. Но до каде сме со свеста? До каде сме со начинот на кој го прифаќаме светот? Убаво е како тоа ние гледаме со широко отворени очи, но лошо е како срцата ни се затворени према сите тие шаренила кои доаѓаат од надвор. Сè повеќе и повеќе ме изненадува фактот дека и покрај очекуваното, новите генерации да се развиваат во духот на либералноста, во правецот во кој се тера едно отворено општество, сме тргнале во насоката која се зацртала пред некои си 50 години. Тогаш машко б...

Апел со мала лична историја

Растев во средина каде машките играа со колички и носеа машки бои, каде беше срамота и неприфатливо за машко да игра ластик со девојчињата пред зграда, да сака да им прави плетенки на другарките. Растев во средина каде „тоа е за женски/машки“ беше најверојатно секоја трета реченица која возрасните ја кажуваа.  Како поразличен од групата на машки деца во зграда никогаш не се пронајдов во играњето фудбал – затоа секогаш стоев на страна и затоа секогаш се буткав да се дружам со девојчињата бидејќи „женските“ игри ми беа поинтересни. Од тука нормално излегоа и сите наредни ситуации во кои сум се нашол не само јас, туку и многу други „поразлични“ деца. Во основно на почеток и не беше така лошо, првите четири години бевме уште мали за било што да дојде до израз, да се коментира, да се забележува иако бидувањето педантен откако се сеќавам беше потенцирано како „нежна“ карактеристика која ја поседувам. Наредните четири години кога дефинитивно се приметуваше дека не сум into the activities ...