Skip to main content

Стоп. Каде понатаму?

Едни жени хејтаат други пошо не биле доволно женствени, излагале со патики, оделе без шминка, се носеле секаде покежуал. Другиве па хејтаат штикла, шминка, префинет вкус на облекување. Една група фура филм дека да си курва и кучка е фенси и кул - друга, светици за во манастир.
Едни мажи хејтаат други кои не гледаат спорт. Не биле мажи тоа, жени биле заробени у машко тело. Други ги хејтаат овие првите шо од спорт подалеку не виделе.
Има и такви шо на жена гледаат само како на појава во која можеш да си го пикнеш курот. Од жените па има такви шо мажот го замислуваат како потчинето суштество кое е вечно зависно од нивниот пол.
Твитерџии хејтаат други твитерџии пошо твитале досетки место да оправаат држава. Вториве се напињаат шо некој се замара со нив и си тераат свој филм дека твитер е место за заебанција.
Сите генерално мразат чекирање на фејсбук и ставање цели албуми од едно искачање. А сите порано имале по 11 алубми од еден викенд само сега им се со опција Only Me за да можат да ја тролаат широката маса.
Турбофолк е лош стил на музика. Само алтернатив вреди и нешо рокче а у. Комерцијала е срање. Сите се у фазон за вкус не се дискутира а те вреѓаат бре очи ти вадат со вруќо лажиче ако немате исто мислење.


Каде отидовме бе? Зборуваме за слободата на избор, говор, мисла а ги осудуваме сите кои не влегуваат во нашата замисла за човек.
Не се они криви за тоа, не се они аномалија. Нас свеста ни е ограничена. А ограничена свест се едначи со големо его и самопрогласување за дел од непостоечката супериорна раса.

Popular posts from this blog

Пензионерите

Драги, миризливи, небањати, застоени, запотени, умирисани на вчерашни манџи пензионери кои со себе влечете, не една, не две, туку 40 кеси преполнети со зеленчуци, овошја и по некое одмрзнато копанче купено од пазар на тезга, кога веќе го окупирате јавниот превоз, запазете ги следниве подточки. Пробајте да не смрдите Културата која ја барате од младите, применете ја и самите Не купувајте количински ко да се спремате за Големата Депресија Садниците транспортирајте ги на друг начин, а не со автобус кој по вашето напуштање изгледа како да пренесувал ровови земја Ако веќе смрдите, НЕ БАРАЈТЕ да се затвораат прозорите во автобусите. Луѓе сме, воздух ни треба. Не ми викајте да станам ако претходно сте трчале и сте буткале луѓе само за да фатите место во автобус. Кога ве држат нозете да трчате, можат да ве подржат и за две станици. Не коментирајте. Коментарите дека младината е невоспитана ви се џабе кога 90% од нас младите во автобус сме со слушалици. Ако едвај се движите, шо мајка б...

Предрасудите

Делувам како човек кој стварно жали што живее во земјава, меѓутоа немам една причина која може да ме натера да го сменам мојот став. Денес сакам да зборувам за предрасудите. Ја тераме Македонија кон ЕУ. Ја тераме Македонија кон ЈуЕсЕј... Ја тераме Македонија кон сè што нарекуваме high-developed country. Правиме измени во закони, приспособуваме стандарди, имплементираме работи кои не одговараат ниту најмалку на било кој аспект од нашиот начин на живот. Да не должам многу, правиме сè што го прават и оние наши земји - идоли. Но до каде сме со свеста? До каде сме со начинот на кој го прифаќаме светот? Убаво е како тоа ние гледаме со широко отворени очи, но лошо е како срцата ни се затворени према сите тие шаренила кои доаѓаат од надвор. Сè повеќе и повеќе ме изненадува фактот дека и покрај очекуваното, новите генерации да се развиваат во духот на либералноста, во правецот во кој се тера едно отворено општество, сме тргнале во насоката која се зацртала пред некои си 50 години. Тогаш машко б...

Апел со мала лична историја

Растев во средина каде машките играа со колички и носеа машки бои, каде беше срамота и неприфатливо за машко да игра ластик со девојчињата пред зграда, да сака да им прави плетенки на другарките. Растев во средина каде „тоа е за женски/машки“ беше најверојатно секоја трета реченица која возрасните ја кажуваа.  Како поразличен од групата на машки деца во зграда никогаш не се пронајдов во играњето фудбал – затоа секогаш стоев на страна и затоа секогаш се буткав да се дружам со девојчињата бидејќи „женските“ игри ми беа поинтересни. Од тука нормално излегоа и сите наредни ситуации во кои сум се нашол не само јас, туку и многу други „поразлични“ деца. Во основно на почеток и не беше така лошо, првите четири години бевме уште мали за било што да дојде до израз, да се коментира, да се забележува иако бидувањето педантен откако се сеќавам беше потенцирано како „нежна“ карактеристика која ја поседувам. Наредните четири години кога дефинитивно се приметуваше дека не сум into the activities ...