Skip to main content

Отоци

1. Не се сликав со елката, дали сум нормален?
2. Не си го сликав јадењето, дали сум нормална?
3. Не се чекирав дека сум излезен, дали сум нормален?
4. Не си ја сликав новата облека, дали сум нормална?
5. Не ја споделив Wake me up when september ends у септември, дали сум нормален?
6. Не стаив слика од новите штикли на инстаграм, дали сум нормална?
7. Не стаив статус дека си грмам со екипата, дали сум нормален?

----------------
ПРВО, ДА НОРМАЛНИ СТЕ. И ВТОРО ПЛУС И ТЕШКИ ОТОЦИ СТЕ СО МУАБЕТИВЕ И ЗАМАРАТЕ И АМАН ПРЕСТАНЕТЕ И ПОДОСАДНИ СТЕ ОД СИТЕ ШО ГО ПРААТ ОНА ПОГОРЕ ЗА КОЕ МУДАВА ДИЊИ МИ ГИ НАПРАИВТЕ У ПОСЛЕДНО ВРЕМЕ.


п.с. Одам да постирам вечера на инстаграм, таман ненормален да бидам

Popular posts from this blog

Пензионерите

Драги, миризливи, небањати, застоени, запотени, умирисани на вчерашни манџи пензионери кои со себе влечете, не една, не две, туку 40 кеси преполнети со зеленчуци, овошја и по некое одмрзнато копанче купено од пазар на тезга, кога веќе го окупирате јавниот превоз, запазете ги следниве подточки. Пробајте да не смрдите Културата која ја барате од младите, применете ја и самите Не купувајте количински ко да се спремате за Големата Депресија Садниците транспортирајте ги на друг начин, а не со автобус кој по вашето напуштање изгледа како да пренесувал ровови земја Ако веќе смрдите, НЕ БАРАЈТЕ да се затвораат прозорите во автобусите. Луѓе сме, воздух ни треба. Не ми викајте да станам ако претходно сте трчале и сте буткале луѓе само за да фатите место во автобус. Кога ве држат нозете да трчате, можат да ве подржат и за две станици. Не коментирајте. Коментарите дека младината е невоспитана ви се џабе кога 90% од нас младите во автобус сме со слушалици. Ако едвај се движите, шо мајка б...

Предрасудите

Делувам како човек кој стварно жали што живее во земјава, меѓутоа немам една причина која може да ме натера да го сменам мојот став. Денес сакам да зборувам за предрасудите. Ја тераме Македонија кон ЕУ. Ја тераме Македонија кон ЈуЕсЕј... Ја тераме Македонија кон сè што нарекуваме high-developed country. Правиме измени во закони, приспособуваме стандарди, имплементираме работи кои не одговараат ниту најмалку на било кој аспект од нашиот начин на живот. Да не должам многу, правиме сè што го прават и оние наши земји - идоли. Но до каде сме со свеста? До каде сме со начинот на кој го прифаќаме светот? Убаво е како тоа ние гледаме со широко отворени очи, но лошо е како срцата ни се затворени према сите тие шаренила кои доаѓаат од надвор. Сè повеќе и повеќе ме изненадува фактот дека и покрај очекуваното, новите генерации да се развиваат во духот на либералноста, во правецот во кој се тера едно отворено општество, сме тргнале во насоката која се зацртала пред некои си 50 години. Тогаш машко б...

Музиката и нејзината еволуција

Добро бе, до кога ќе морам да читам твитови, статуси, блогови за тоа која музика е поквалитетна? До кога луѓето ќе си кажуваат едни на други што треба а што не треба да се слуша, што е квалитет а што не е? Долго време се спремам да истрескам неколку реченици по тастатура за ова и после читањето статијава  на ценетиот портал Он.Нет, се решив дека едноставно не можам да држам во себе повеќе. Она што првично иритира е фактот дека овие статии ги пишуваат луѓе кои решиле дека статијата така треба да изгледа. Ниту правеле јавна анкета, ниту истражувале глобално мислење, ниту пак помислиле да го направат тоа. Едноставно се накурчиле зошто омилената им група од пред 75 години продала помалце албуми од разлигавениот Џастин Пипер. Второ - музиката е веќе индивидуален вкус. Затоа се развиени поп, хип-хоп, класика, аренби, техно, хаус, електро, денс, диско, метал, хеви метал. Ако не ви се сфиѓа стилот на Гага, ја имате Бијонсе. Ако не ја сакате ни неа, го имате Бруно Марс. Ако ви е премног...