Skip to main content

Традицијата и празниците

Неколку години по ред како читам заебанции на тема празников. Не само овој, туку сите празници на кои луѓето се собираат по дома и учевствуваат во некаков 'ритуал'.

Суеверија, паганство, глупости и смешки се само дел од работите кои ги читам од сè повеќе луѓе. Смешни сме биле. Глупаво било да објаснуваш на странци зошто палиме оган и играме ора и се веселиме. Смешно било да објаснуваш на странец шо е Водици и како не работиме тој ден за да се фрлаат луѓе у вода по крст и така натаму. Долга е листата и на други празници и заебанции кои во текот на целата година ги пишуваат луѓе де од што немаат шо да праат, де од шо сакаат да бидат смешни, интересни, поблиски до западната цивилизација и што ти уште не.

Да се разбереме мили мои. Ако прва и основна причина зошто не славите некој празник ви е пошо сте атеисти, со вас муабетот застанува тука. Атеист едноставно не верува. Нема зошто како атеисти да се исмејувате со туѓите избори во однос на религијата/традицијата.

Другиве, шо сте у фазон дека тоа е сè пагански обичај, дека е смешно и глупаво, имам само да ви кажам дека морате малку повеќе да се посветите на тоа да си ја запознаете историјата на народот. Да видите шо значење има секој од ритуалите, секоја паганска навика. Не давајте толку отпор на тоа шо сте македонци, имате многу да запознаете и со тоа да засакате голем дел од сè она шо сега ви изгледа смешно и бесмислено. 

За крај, сакам едно да ви е јасно. Без разлика шо сте и со какви убедувања живеете, празнициве гледајте ги како момент кога се собирате со набјлиските, со оние кои ги сакате и со оние кои ви значат сè. Трчајќи по оној привиден убав живот кој го има на запад, губиме од навиката да поминуваме време со оние кои се тука во секој момент за нас. Со оние кои дале сè што имале за вие да сте денес тоа што сте. Искористете ги празнициве за да ја осетите топлината на семејството, на пријателите и на партнерите. Не мора да практикувате одења во црква, пеење погачи, печници, вина, палење свеќи и сè што е дел од секој празник. Ама воздржете се од бедни исмејувања. Наместо тоа, седнете на маса со најблиските, макар и еден човек да е тоа. Споделете малку љубов, малку насмевки колку и да се краткотрајни и само за тој момент. Значат и ве греат. 
Не заборавајте да бидете човечни. Немојте да мислите дека е смешно да бидете блиски и да посветувате време за да одржите хармонија. 

Еве ви една споредба со Кина. Земјата е главна економска сила во светот, сè зависи од неа, а нема народ на планетава што повеќе си ја цени традицијата. Одат двете работи заедно. Немојте да мислите дека во современиот свет нема место за негување на она што е останато од нашите предци. 

Имајте убави и весели празници и носете насмевки на лицето и љуов во срцата.

За многу години.

Popular posts from this blog

Пензионерите

Драги, миризливи, небањати, застоени, запотени, умирисани на вчерашни манџи пензионери кои со себе влечете, не една, не две, туку 40 кеси преполнети со зеленчуци, овошја и по некое одмрзнато копанче купено од пазар на тезга, кога веќе го окупирате јавниот превоз, запазете ги следниве подточки. Пробајте да не смрдите Културата која ја барате од младите, применете ја и самите Не купувајте количински ко да се спремате за Големата Депресија Садниците транспортирајте ги на друг начин, а не со автобус кој по вашето напуштање изгледа како да пренесувал ровови земја Ако веќе смрдите, НЕ БАРАЈТЕ да се затвораат прозорите во автобусите. Луѓе сме, воздух ни треба. Не ми викајте да станам ако претходно сте трчале и сте буткале луѓе само за да фатите место во автобус. Кога ве држат нозете да трчате, можат да ве подржат и за две станици. Не коментирајте. Коментарите дека младината е невоспитана ви се џабе кога 90% од нас младите во автобус сме со слушалици. Ако едвај се движите, шо мајка б...

Предрасудите

Делувам како човек кој стварно жали што живее во земјава, меѓутоа немам една причина која може да ме натера да го сменам мојот став. Денес сакам да зборувам за предрасудите. Ја тераме Македонија кон ЕУ. Ја тераме Македонија кон ЈуЕсЕј... Ја тераме Македонија кон сè што нарекуваме high-developed country. Правиме измени во закони, приспособуваме стандарди, имплементираме работи кои не одговараат ниту најмалку на било кој аспект од нашиот начин на живот. Да не должам многу, правиме сè што го прават и оние наши земји - идоли. Но до каде сме со свеста? До каде сме со начинот на кој го прифаќаме светот? Убаво е како тоа ние гледаме со широко отворени очи, но лошо е како срцата ни се затворени према сите тие шаренила кои доаѓаат од надвор. Сè повеќе и повеќе ме изненадува фактот дека и покрај очекуваното, новите генерации да се развиваат во духот на либералноста, во правецот во кој се тера едно отворено општество, сме тргнале во насоката која се зацртала пред некои си 50 години. Тогаш машко б...

Музиката и нејзината еволуција

Добро бе, до кога ќе морам да читам твитови, статуси, блогови за тоа која музика е поквалитетна? До кога луѓето ќе си кажуваат едни на други што треба а што не треба да се слуша, што е квалитет а што не е? Долго време се спремам да истрескам неколку реченици по тастатура за ова и после читањето статијава  на ценетиот портал Он.Нет, се решив дека едноставно не можам да држам во себе повеќе. Она што првично иритира е фактот дека овие статии ги пишуваат луѓе кои решиле дека статијата така треба да изгледа. Ниту правеле јавна анкета, ниту истражувале глобално мислење, ниту пак помислиле да го направат тоа. Едноставно се накурчиле зошто омилената им група од пред 75 години продала помалце албуми од разлигавениот Џастин Пипер. Второ - музиката е веќе индивидуален вкус. Затоа се развиени поп, хип-хоп, класика, аренби, техно, хаус, електро, денс, диско, метал, хеви метал. Ако не ви се сфиѓа стилот на Гага, ја имате Бијонсе. Ако не ја сакате ни неа, го имате Бруно Марс. Ако ви е премног...