Skip to main content

Баба ми

Годинава излезе да е онаа преку 2-3 години коа се кречи дома па коа се ротира мебел па коа се прередува сè што ќе се најде дома, нели за да се освежи атмосферата и целиот ентериер.
И фала богу успеав да ги натерам мајка ми и брат ми да попуштат и да почнеме да фрламе некои стари работи кои зафаќаат место, никако не се користат и само пречат.
Трета недела како сме растурени дома и еве денес почна крајот.
Се намести сè кај што треба да биде, се средивме и ние малку и остана сеа само селектирањето на работите шо ќе си одат и тие шо ќе останат.

Недела. Глупа недела. Ден пред работа. Пред 5 ултра напукани денови со обврски.
И ден кога брат ми излага и останувам сам да разгледам шо ќе лета у канта шо ќе остане дома да потсеќа на минатото.

И седнувам така, кутија по кутија, сè што стоело под спалната да прочепкам, да видам.
Налетувам на една кутија со пликоа. Зелени, жолти, бели, црвени. Секакви пликоа.
Отворам во нив, и напикани по неколку честитки, онака на купче по 5-6 за да не стојат на отворено ама и да не се сите една по една спакувани.
Роденденски честитки, честитки шо сме им ги праќале на моите за годишнина, новогодишни честитки.
И меѓу тие новогодишните, една од 2003 од баба ми и дедо ми. Цел реферат испишан на честитката. И ја читам и ми доаѓа некоја неопислива топлина. Го познав ракописот на баба ми. Гледам горе десно поштенска марка. Која среќа бе. Луѓето живееа во станот до нас а честитките  ни ги праќаа по пошта за да се радуваме.
И ми текна на баба ми. Почина во 2005, пред цели 10 години. Ретко ми текнува на неа, каква жена беше и колку нè сакаше. Ретко ми текнува пошо тогаш имав само 12-13 години. Бев 7мо одделение. И одамна е тоа.
Наеднаш враќање на сите спомени со неа, на сите смеења, на сите карања, на сите направени колачи, кифли, пити, сплетени џемперчиња, калци, шалови, капи и ракавици. На нејзината среќна насмевка на моите петки од школо.
Еднаш, се сеќавам, надвор ја видел некој стара женичка, ѝ понудил рачен саат да ѝ продаде за 150 денари. Она сакала да го земе за мене. Му дала 500 денари и он избегал со парите и не ѝ вратил кусур. Ама среќна беше кога дојде дома и кога кажа. Купила саат за внучето, не биле битни парите.

И дополнително, на радио има некои македонски стари поп песни, како у моментов шо иде Лоша Девојка од Тамара. Песната од таа година се погоди да биде.

Недело, кучко, фала ти шо присеќаш на старите времиња.

Одјава.

Popular posts from this blog

Пензионерите

Драги, миризливи, небањати, застоени, запотени, умирисани на вчерашни манџи пензионери кои со себе влечете, не една, не две, туку 40 кеси преполнети со зеленчуци, овошја и по некое одмрзнато копанче купено од пазар на тезга, кога веќе го окупирате јавниот превоз, запазете ги следниве подточки. Пробајте да не смрдите Културата која ја барате од младите, применете ја и самите Не купувајте количински ко да се спремате за Големата Депресија Садниците транспортирајте ги на друг начин, а не со автобус кој по вашето напуштање изгледа како да пренесувал ровови земја Ако веќе смрдите, НЕ БАРАЈТЕ да се затвораат прозорите во автобусите. Луѓе сме, воздух ни треба. Не ми викајте да станам ако претходно сте трчале и сте буткале луѓе само за да фатите место во автобус. Кога ве држат нозете да трчате, можат да ве подржат и за две станици. Не коментирајте. Коментарите дека младината е невоспитана ви се џабе кога 90% од нас младите во автобус сме со слушалици. Ако едвај се движите, шо мајка б...

Предрасудите

Делувам како човек кој стварно жали што живее во земјава, меѓутоа немам една причина која може да ме натера да го сменам мојот став. Денес сакам да зборувам за предрасудите. Ја тераме Македонија кон ЕУ. Ја тераме Македонија кон ЈуЕсЕј... Ја тераме Македонија кон сè што нарекуваме high-developed country. Правиме измени во закони, приспособуваме стандарди, имплементираме работи кои не одговараат ниту најмалку на било кој аспект од нашиот начин на живот. Да не должам многу, правиме сè што го прават и оние наши земји - идоли. Но до каде сме со свеста? До каде сме со начинот на кој го прифаќаме светот? Убаво е како тоа ние гледаме со широко отворени очи, но лошо е како срцата ни се затворени према сите тие шаренила кои доаѓаат од надвор. Сè повеќе и повеќе ме изненадува фактот дека и покрај очекуваното, новите генерации да се развиваат во духот на либералноста, во правецот во кој се тера едно отворено општество, сме тргнале во насоката која се зацртала пред некои си 50 години. Тогаш машко б...

Апел со мала лична историја

Растев во средина каде машките играа со колички и носеа машки бои, каде беше срамота и неприфатливо за машко да игра ластик со девојчињата пред зграда, да сака да им прави плетенки на другарките. Растев во средина каде „тоа е за женски/машки“ беше најверојатно секоја трета реченица која возрасните ја кажуваа.  Како поразличен од групата на машки деца во зграда никогаш не се пронајдов во играњето фудбал – затоа секогаш стоев на страна и затоа секогаш се буткав да се дружам со девојчињата бидејќи „женските“ игри ми беа поинтересни. Од тука нормално излегоа и сите наредни ситуации во кои сум се нашол не само јас, туку и многу други „поразлични“ деца. Во основно на почеток и не беше така лошо, првите четири години бевме уште мали за било што да дојде до израз, да се коментира, да се забележува иако бидувањето педантен откако се сеќавам беше потенцирано како „нежна“ карактеристика која ја поседувам. Наредните четири години кога дефинитивно се приметуваше дека не сум into the activities ...