Skip to main content

Кога неделата те тера да мислиш

Хаотична хармонија, така би си го нарекол периодов кој ме мачи некое време наназад. 
Сè е тука, сè е како што треба, но некако како да не оди по правилен редослед. 
Не знам дали е тоа до мене или е до природата на човекот, но често се сомневам во убавината на моментите, бидејќи знам дека животот не оди лесно и подмачкано постојано. И кога ќе почнам да мислам на тоа и кога ќе видам што е зад мене, колку и да сум сигурен во убавината и стабилноста, толку и се мислам дали сум онаму каде што сакам да сум, дали ги правам работите што сакам да ги правам, дали се радувам навистина на она што го имам или префрлам само превез од лажна среќа колку да се утешам сам.
Покрај сето она што го имам постигнато со 23 години, кое е малку во споредба со едни но многу во споредба со други, не можам а да не се замислам што од сега па натаму. 
Вечен проблем ми е тоа што не знам како е човек да биде спонтан. Мака ми е што не можам да живеам од денес за утре и да не мислам каде ќе сум наредните три години и што ќе правам со себе. Мразам и што поради тоа неизвсноста на иднината ме убива и уште толку допринесува за притисокот кој го осеќам. 
Не знам дали е наметнат притисок од околината, за тоа што и како треба да направам и како да го одиграм животов, или притисок кој доаѓа од внатре, но знам дека е тука и дека ми ги побркува мислите многу често во последно. Има некој чуден микс од сите актуелни ситуации кој ми ствара тежина и ми прави да се осеќам несигурно. Секој еден однос со луѓето околу мене придонесува за тоа - независно дали е позитивно или негативно искуство. 

Се наоѓам себеси во последно многу често како седам у соба, сам, со пуштен некој 3 hours relaxing music микс од јутјуб за да си ја разбистрам главата - и не иде. Толку премногу информации ми кружат во глава што и да замислам празна бела соба пак ќе ми се испишат глупости по ѕидовите во рок од една секунда. Заборавив како се филтрира светот. Порано полесно селектирав што ќе процесирам во глава. Сега ме напаѓа буквално сè.
Не знам дали за некои ситуации созреав прерано или одредени личности останаа многу зелени и тинејџери, ама знам дека таа разлика со луѓе кои ти биле блиски знае многу да боли и да пореметува. 

И еве, дури го пишувам ова иде музика за релаксација а јас не можам да се фокусирам на една тема. Паметот ми оди на милион работи кои ме мачат и кои ме тераат да се мавам од ѕид размислувајќи на нив.  
Мислам дека ќе одам да јадам. Ако веќе се тепам од размислување бар нека биде тоа на полн стомак.


Popular posts from this blog

Пензионерите

Драги, миризливи, небањати, застоени, запотени, умирисани на вчерашни манџи пензионери кои со себе влечете, не една, не две, туку 40 кеси преполнети со зеленчуци, овошја и по некое одмрзнато копанче купено од пазар на тезга, кога веќе го окупирате јавниот превоз, запазете ги следниве подточки. Пробајте да не смрдите Културата која ја барате од младите, применете ја и самите Не купувајте количински ко да се спремате за Големата Депресија Садниците транспортирајте ги на друг начин, а не со автобус кој по вашето напуштање изгледа како да пренесувал ровови земја Ако веќе смрдите, НЕ БАРАЈТЕ да се затвораат прозорите во автобусите. Луѓе сме, воздух ни треба. Не ми викајте да станам ако претходно сте трчале и сте буткале луѓе само за да фатите место во автобус. Кога ве држат нозете да трчате, можат да ве подржат и за две станици. Не коментирајте. Коментарите дека младината е невоспитана ви се џабе кога 90% од нас младите во автобус сме со слушалици. Ако едвај се движите, шо мајка б...

Предрасудите

Делувам како човек кој стварно жали што живее во земјава, меѓутоа немам една причина која може да ме натера да го сменам мојот став. Денес сакам да зборувам за предрасудите. Ја тераме Македонија кон ЕУ. Ја тераме Македонија кон ЈуЕсЕј... Ја тераме Македонија кон сè што нарекуваме high-developed country. Правиме измени во закони, приспособуваме стандарди, имплементираме работи кои не одговараат ниту најмалку на било кој аспект од нашиот начин на живот. Да не должам многу, правиме сè што го прават и оние наши земји - идоли. Но до каде сме со свеста? До каде сме со начинот на кој го прифаќаме светот? Убаво е како тоа ние гледаме со широко отворени очи, но лошо е како срцата ни се затворени према сите тие шаренила кои доаѓаат од надвор. Сè повеќе и повеќе ме изненадува фактот дека и покрај очекуваното, новите генерации да се развиваат во духот на либералноста, во правецот во кој се тера едно отворено општество, сме тргнале во насоката која се зацртала пред некои си 50 години. Тогаш машко б...

Апел со мала лична историја

Растев во средина каде машките играа со колички и носеа машки бои, каде беше срамота и неприфатливо за машко да игра ластик со девојчињата пред зграда, да сака да им прави плетенки на другарките. Растев во средина каде „тоа е за женски/машки“ беше најверојатно секоја трета реченица која возрасните ја кажуваа.  Како поразличен од групата на машки деца во зграда никогаш не се пронајдов во играњето фудбал – затоа секогаш стоев на страна и затоа секогаш се буткав да се дружам со девојчињата бидејќи „женските“ игри ми беа поинтересни. Од тука нормално излегоа и сите наредни ситуации во кои сум се нашол не само јас, туку и многу други „поразлични“ деца. Во основно на почеток и не беше така лошо, првите четири години бевме уште мали за било што да дојде до израз, да се коментира, да се забележува иако бидувањето педантен откако се сеќавам беше потенцирано како „нежна“ карактеристика која ја поседувам. Наредните четири години кога дефинитивно се приметуваше дека не сум into the activities ...