Skip to main content

Интелектот на просечниот освестен македонец

Во време на политичка криза каде буквално станува збор за живот или робија, кога народот станува да се побуни против недостаток на демократија, недостаток на слобода на избор и говор, недостаток на толеранција, недостаток на правен систем, недостаток на квалитет во секој сегмент од животот на еден граѓанин, се соочуваме со идеолошка криза на бунтовната група која тврди дека се бори за подобро утре.

Нема да навлегувам во партиските ангажмани на луѓето. Нема ниту да се осудам да му мрчам на некој зошто е симпатизер или член на една, друга или трета политичка партија. Ниту на крај памет не би си дал за право да му речам на некој дека е ретардиран само поради тоа што не е на мојата бранова должина за одредена тема или сет на теми.

Не сте слободоумни и без предрасуди само ако се решите да поддржите одреден број на маргинализирани групи, независно дали е од аспект на сексуална определба, здравствена или финансиска состојба или национална припадност. Не ги гледајте само опипливите работи по кои ќе ги дефинирате луѓето како прифатливи или неприфатливи за вас.
Немојте да се фалите дека не ви пречи лапање на две девојки у јавност кога исмејувате човек кој слуша музика поинаква од таа шо ја сакате.
Не се гордејте со тоа што би биле среќни да гледате како двајца мажи среќно заљубени се шетаат фатени за рака ако притоа навредувате човек кој ужива во поинаква кинематографија од таа која ви се допаѓа.
Џабе сте океј со дружењето со ХИВ позитивни личности кога дури се поздравувате со нив им се смеете на трите девојки кои поминале во тигрести хеланки и ги нарекувате сељанки од зад планина.
Не е во ред гласно да се борите за правата на лицата со физички/психички инвалидитет а притоа неистомислениците да ги наречете инвалидизирани у паметот.
Тажно е кога се борите против сиромаштија притоа организирајќи манифестации за собирање донации за исполнување на политички цели.
Мачно е кога ве читам како се борите за правата на жената и нејзината еднаквост во општеството и првата која ќе одлучи дека сака да биде домаќинка и да се посвети на семејство наместо на професија веднаш ја обележувате како маолумна, нереализирана и неспособна вештерка.
Трагично е да посветувате цели реферати на бранење на слободата за изразување на различен/спротивен став а притоа максимално да вложувате енергија во обезвредување на она што не се совпаѓа со вашата зацртана слика.

Не ми пречи ниту еден начин на изразување револт. Не ми пречи борба за подобро утре. Не ми пречи напредок на општеството во секоја насока. Но ми пречи кога е тоа селективно, исто како до сега, само од другата страна на мостот.

Ама вие си знаете. Јас сум само уште еден платеник кој бидејќи не е со вас, нема право на свој став, а ако веќе го има и го искаже, одма има дополнителна трансакциска сметка со нелегални приливи од некои темни и мрачни бесправно добиени пари.

До следната интелектуална поставка.

Се читаме.



Popular posts from this blog

Пензионерите

Драги, миризливи, небањати, застоени, запотени, умирисани на вчерашни манџи пензионери кои со себе влечете, не една, не две, туку 40 кеси преполнети со зеленчуци, овошја и по некое одмрзнато копанче купено од пазар на тезга, кога веќе го окупирате јавниот превоз, запазете ги следниве подточки. Пробајте да не смрдите Културата која ја барате од младите, применете ја и самите Не купувајте количински ко да се спремате за Големата Депресија Садниците транспортирајте ги на друг начин, а не со автобус кој по вашето напуштање изгледа како да пренесувал ровови земја Ако веќе смрдите, НЕ БАРАЈТЕ да се затвораат прозорите во автобусите. Луѓе сме, воздух ни треба. Не ми викајте да станам ако претходно сте трчале и сте буткале луѓе само за да фатите место во автобус. Кога ве држат нозете да трчате, можат да ве подржат и за две станици. Не коментирајте. Коментарите дека младината е невоспитана ви се џабе кога 90% од нас младите во автобус сме со слушалици. Ако едвај се движите, шо мајка б...

Предрасудите

Делувам како човек кој стварно жали што живее во земјава, меѓутоа немам една причина која може да ме натера да го сменам мојот став. Денес сакам да зборувам за предрасудите. Ја тераме Македонија кон ЕУ. Ја тераме Македонија кон ЈуЕсЕј... Ја тераме Македонија кон сè што нарекуваме high-developed country. Правиме измени во закони, приспособуваме стандарди, имплементираме работи кои не одговараат ниту најмалку на било кој аспект од нашиот начин на живот. Да не должам многу, правиме сè што го прават и оние наши земји - идоли. Но до каде сме со свеста? До каде сме со начинот на кој го прифаќаме светот? Убаво е како тоа ние гледаме со широко отворени очи, но лошо е како срцата ни се затворени према сите тие шаренила кои доаѓаат од надвор. Сè повеќе и повеќе ме изненадува фактот дека и покрај очекуваното, новите генерации да се развиваат во духот на либералноста, во правецот во кој се тера едно отворено општество, сме тргнале во насоката која се зацртала пред некои си 50 години. Тогаш машко б...

Апел со мала лична историја

Растев во средина каде машките играа со колички и носеа машки бои, каде беше срамота и неприфатливо за машко да игра ластик со девојчињата пред зграда, да сака да им прави плетенки на другарките. Растев во средина каде „тоа е за женски/машки“ беше најверојатно секоја трета реченица која возрасните ја кажуваа.  Како поразличен од групата на машки деца во зграда никогаш не се пронајдов во играњето фудбал – затоа секогаш стоев на страна и затоа секогаш се буткав да се дружам со девојчињата бидејќи „женските“ игри ми беа поинтересни. Од тука нормално излегоа и сите наредни ситуации во кои сум се нашол не само јас, туку и многу други „поразлични“ деца. Во основно на почеток и не беше така лошо, првите четири години бевме уште мали за било што да дојде до израз, да се коментира, да се забележува иако бидувањето педантен откако се сеќавам беше потенцирано како „нежна“ карактеристика која ја поседувам. Наредните четири години кога дефинитивно се приметуваше дека не сум into the activities ...