Skip to main content

Предновогдишна еуфорија



Не е еуфорија.

Комбинација од спомени од семејна топлина, од убава атмосфера, насмеани луѓе, симпатично украсени излози на продавници, накитени канделабри, дрвја, паркови, улици. Испреплетено со ладниот воздух, веењето на снег, тркалањето снежни топки за снешко, шарите на прозорите наутро. Чајот, столната ламба, книгата, тивката божиќна компилација од музика пуштена да ја надополнува атмосферата во позадина. Трепелтивата светлина од миризливата свеќа, волнените капа, шал и ракавици. Сеќавањето на многуте честитки кои ги праќавме и добивавме, избирањето на истите по тезгите на плоштад. Китење на елката, отплеткувањето на сијаличките и нивната музика, бирањето на нови лампиони и украси во поранешен Смешко на Максим Горки. Санката на полјаната до зграда, пакетчињата под елка, плишаните новогодишни мечиња. Зимскиот распуст, игрите со снег, мавањето со топки снег по автобуси, лижењето мразулци кои висат од покриви и натстрешници.
И денес, бидејќи многу од ова фали, поради обврските кои ги немав како дете, поради работата која сè почесто ми одзема и по 10-12 саати на ден, поради магијата која почнува сè повеќе да фали бидејќи луѓето од разни причини пробуваат да се индиферентни према целиов период, јас продолжувам да се присетувам на тоа како било.
Се присетувам бидејќи за човек најважно е во секој момент да успее да најде спомени кои ќе му вратат чувство на безгрижност, топлина, сигурност и среќа. А има ли подобар збир на сето ова од спомените на новогодишните и божиќните празници?

Уживајте ги деновиве и потрудете се и вие некому да му вродите такво чувство на тотален благодет за да има утре кога ќе се најде во канџите на суровиот свет на што да се потсети и да се осети безбедно.

Popular posts from this blog

Пензионерите

Драги, миризливи, небањати, застоени, запотени, умирисани на вчерашни манџи пензионери кои со себе влечете, не една, не две, туку 40 кеси преполнети со зеленчуци, овошја и по некое одмрзнато копанче купено од пазар на тезга, кога веќе го окупирате јавниот превоз, запазете ги следниве подточки. Пробајте да не смрдите Културата која ја барате од младите, применете ја и самите Не купувајте количински ко да се спремате за Големата Депресија Садниците транспортирајте ги на друг начин, а не со автобус кој по вашето напуштање изгледа како да пренесувал ровови земја Ако веќе смрдите, НЕ БАРАЈТЕ да се затвораат прозорите во автобусите. Луѓе сме, воздух ни треба. Не ми викајте да станам ако претходно сте трчале и сте буткале луѓе само за да фатите место во автобус. Кога ве држат нозете да трчате, можат да ве подржат и за две станици. Не коментирајте. Коментарите дека младината е невоспитана ви се џабе кога 90% од нас младите во автобус сме со слушалици. Ако едвај се движите, шо мајка б...

Предрасудите

Делувам како човек кој стварно жали што живее во земјава, меѓутоа немам една причина која може да ме натера да го сменам мојот став. Денес сакам да зборувам за предрасудите. Ја тераме Македонија кон ЕУ. Ја тераме Македонија кон ЈуЕсЕј... Ја тераме Македонија кон сè што нарекуваме high-developed country. Правиме измени во закони, приспособуваме стандарди, имплементираме работи кои не одговараат ниту најмалку на било кој аспект од нашиот начин на живот. Да не должам многу, правиме сè што го прават и оние наши земји - идоли. Но до каде сме со свеста? До каде сме со начинот на кој го прифаќаме светот? Убаво е како тоа ние гледаме со широко отворени очи, но лошо е како срцата ни се затворени према сите тие шаренила кои доаѓаат од надвор. Сè повеќе и повеќе ме изненадува фактот дека и покрај очекуваното, новите генерации да се развиваат во духот на либералноста, во правецот во кој се тера едно отворено општество, сме тргнале во насоката која се зацртала пред некои си 50 години. Тогаш машко б...

Апел со мала лична историја

Растев во средина каде машките играа со колички и носеа машки бои, каде беше срамота и неприфатливо за машко да игра ластик со девојчињата пред зграда, да сака да им прави плетенки на другарките. Растев во средина каде „тоа е за женски/машки“ беше најверојатно секоја трета реченица која возрасните ја кажуваа.  Како поразличен од групата на машки деца во зграда никогаш не се пронајдов во играњето фудбал – затоа секогаш стоев на страна и затоа секогаш се буткав да се дружам со девојчињата бидејќи „женските“ игри ми беа поинтересни. Од тука нормално излегоа и сите наредни ситуации во кои сум се нашол не само јас, туку и многу други „поразлични“ деца. Во основно на почеток и не беше така лошо, првите четири години бевме уште мали за било што да дојде до израз, да се коментира, да се забележува иако бидувањето педантен откако се сеќавам беше потенцирано како „нежна“ карактеристика која ја поседувам. Наредните четири години кога дефинитивно се приметуваше дека не сум into the activities ...