Skip to main content

Македонските јавни лица и терминологијата

Во моменти кога се потпишува петиција за подобри услови за децата со посебни потреби, кога народот почнува да размислува малку повеќе за сите групи на граѓани кои се дел од ова општество и појавува желба да помогне во подобрување на положбата во општеството на истите, се соочуваме со појава на група на поединци (во случајов политички аналитичар) кои мавтајќи со своите дипломи и титули (поради кои очекуваме дека ќе се начитани и ќе имаат тро побогат речник за употреба, а и самите богами така се поставуваат) без никакво размислување, за опишување на негативна карактеристика на поединец користат терминологија поврзана со една од состојбите на децата кои спаѓаат во онаа група за која се потпишува петицијата.
Не знам кој е Петар Арсовски, и искрено не ме ни интересира да дознаам, ама тој Петар Арсовски кога веќе се нарекува политички аналитичар, чие мислење се очекува да има некаква тежина, не смее да си дозволи дури ни во момент на афектна состојба да изјави нешто како она на сликата подолу. 



Пред само неколку месеци кога Оливера Трајковска искористи слична терминологија, луѓето јавно побараа од неа да излезе и да се извини за несдооветната употреба на аутистичноста за доловување на сосема друга поента. Може се почека некој ден, или една недела, но на крај Оливера излезе и се извини.
Затоа сметам дека кој и да е, каде и да се наоѓа и што и да прави, Петар Арсовски треба да излезе, јавно (како што излегол за да ја даде изјавава) да се извини за давањето вака негативно светло на аутизмот сакајќи да опише политичка ситуација и да ја долови истата мисла на малку посоодветен начин.
Бидејќи веројатно ваквата несоодветна употреба на терминологијата кај нас е прилично честа појава, би замолил во секој момент кога можете и имате простор за тоа да укажувате на овие работи. Колку и да е навидум незначајно, патот кон општеството кон кое се стремиме се изодува чекор по чекор. И секој од тие чекори е важен.


Popular posts from this blog

Пензионерите

Драги, миризливи, небањати, застоени, запотени, умирисани на вчерашни манџи пензионери кои со себе влечете, не една, не две, туку 40 кеси преполнети со зеленчуци, овошја и по некое одмрзнато копанче купено од пазар на тезга, кога веќе го окупирате јавниот превоз, запазете ги следниве подточки. Пробајте да не смрдите Културата која ја барате од младите, применете ја и самите Не купувајте количински ко да се спремате за Големата Депресија Садниците транспортирајте ги на друг начин, а не со автобус кој по вашето напуштање изгледа како да пренесувал ровови земја Ако веќе смрдите, НЕ БАРАЈТЕ да се затвораат прозорите во автобусите. Луѓе сме, воздух ни треба. Не ми викајте да станам ако претходно сте трчале и сте буткале луѓе само за да фатите место во автобус. Кога ве држат нозете да трчате, можат да ве подржат и за две станици. Не коментирајте. Коментарите дека младината е невоспитана ви се џабе кога 90% од нас младите во автобус сме со слушалици. Ако едвај се движите, шо мајка б...

Предрасудите

Делувам како човек кој стварно жали што живее во земјава, меѓутоа немам една причина која може да ме натера да го сменам мојот став. Денес сакам да зборувам за предрасудите. Ја тераме Македонија кон ЕУ. Ја тераме Македонија кон ЈуЕсЕј... Ја тераме Македонија кон сè што нарекуваме high-developed country. Правиме измени во закони, приспособуваме стандарди, имплементираме работи кои не одговараат ниту најмалку на било кој аспект од нашиот начин на живот. Да не должам многу, правиме сè што го прават и оние наши земји - идоли. Но до каде сме со свеста? До каде сме со начинот на кој го прифаќаме светот? Убаво е како тоа ние гледаме со широко отворени очи, но лошо е како срцата ни се затворени према сите тие шаренила кои доаѓаат од надвор. Сè повеќе и повеќе ме изненадува фактот дека и покрај очекуваното, новите генерации да се развиваат во духот на либералноста, во правецот во кој се тера едно отворено општество, сме тргнале во насоката која се зацртала пред некои си 50 години. Тогаш машко б...

Апел со мала лична историја

Растев во средина каде машките играа со колички и носеа машки бои, каде беше срамота и неприфатливо за машко да игра ластик со девојчињата пред зграда, да сака да им прави плетенки на другарките. Растев во средина каде „тоа е за женски/машки“ беше најверојатно секоја трета реченица која возрасните ја кажуваа.  Како поразличен од групата на машки деца во зграда никогаш не се пронајдов во играњето фудбал – затоа секогаш стоев на страна и затоа секогаш се буткав да се дружам со девојчињата бидејќи „женските“ игри ми беа поинтересни. Од тука нормално излегоа и сите наредни ситуации во кои сум се нашол не само јас, туку и многу други „поразлични“ деца. Во основно на почеток и не беше така лошо, првите четири години бевме уште мали за било што да дојде до израз, да се коментира, да се забележува иако бидувањето педантен откако се сеќавам беше потенцирано како „нежна“ карактеристика која ја поседувам. Наредните четири години кога дефинитивно се приметуваше дека не сум into the activities ...