Skip to main content

15254 километри

Денес си ја испратив најдобрата другарка за Австралија. Другарка која ми била здрав разум и совест. Другарка која ми била поддршка за сè и која секогаш ми помагала и ме учела како да се сакам и прифатам себе онаков каков што сум. Другарка која никогаш не ми дозволила да се сомневам што сè можам да постигнам. Другарка која ме научи како да не трошам време и енергија на небитни луѓе и работи. Другарка која беше спремна да жртвува од себе само за да го заштити нашето пријателство. Другарка со која сме го испиле целиот алкохол на светот, сме ги исплакале сите тажни песни и сме се смееле до грчеви во стомак. Другарка со која си ги знаеме најинтимните тајни, најголемите стравови и најубавите соништа. Денес си ја испратив другарката која е пола од она што сум јас.

И среќен сум. Среќен сум што оди во подобар живот, што ќе има прилика да живее прекрасно и да напредува. Среќен сум што оди со човекот кој ја сака највеќе и што ќе даде сè од себе она секогаш да е насмеана и задоволна. Среќен сум затоа што одат далеку од сè што е гнасно овде.

Едно ми е мака само. Меѓу нас ќе бидат 15.254 километри. И нема да се решат со доаѓање на две години, со гледање кога ќе се врати на неколку дена во Македонија затоа што сакајќи и самиот јас да си одам од дупкава, само на другата страна на светот, животов ќе нè оддалечи за едно 1.500 километри дополнително. A meeting halfway ќе биде nearly impossible коа двајца фаќаат толку различни насоки во животот, независно од близината која ја имаат.

И тешко ми е, многу ми е тешко.

Popular posts from this blog

Пензионерите

Драги, миризливи, небањати, застоени, запотени, умирисани на вчерашни манџи пензионери кои со себе влечете, не една, не две, туку 40 кеси преполнети со зеленчуци, овошја и по некое одмрзнато копанче купено од пазар на тезга, кога веќе го окупирате јавниот превоз, запазете ги следниве подточки. Пробајте да не смрдите Културата која ја барате од младите, применете ја и самите Не купувајте количински ко да се спремате за Големата Депресија Садниците транспортирајте ги на друг начин, а не со автобус кој по вашето напуштање изгледа како да пренесувал ровови земја Ако веќе смрдите, НЕ БАРАЈТЕ да се затвораат прозорите во автобусите. Луѓе сме, воздух ни треба. Не ми викајте да станам ако претходно сте трчале и сте буткале луѓе само за да фатите место во автобус. Кога ве држат нозете да трчате, можат да ве подржат и за две станици. Не коментирајте. Коментарите дека младината е невоспитана ви се џабе кога 90% од нас младите во автобус сме со слушалици. Ако едвај се движите, шо мајка б...

Предрасудите

Делувам како човек кој стварно жали што живее во земјава, меѓутоа немам една причина која може да ме натера да го сменам мојот став. Денес сакам да зборувам за предрасудите. Ја тераме Македонија кон ЕУ. Ја тераме Македонија кон ЈуЕсЕј... Ја тераме Македонија кон сè што нарекуваме high-developed country. Правиме измени во закони, приспособуваме стандарди, имплементираме работи кои не одговараат ниту најмалку на било кој аспект од нашиот начин на живот. Да не должам многу, правиме сè што го прават и оние наши земји - идоли. Но до каде сме со свеста? До каде сме со начинот на кој го прифаќаме светот? Убаво е како тоа ние гледаме со широко отворени очи, но лошо е како срцата ни се затворени према сите тие шаренила кои доаѓаат од надвор. Сè повеќе и повеќе ме изненадува фактот дека и покрај очекуваното, новите генерации да се развиваат во духот на либералноста, во правецот во кој се тера едно отворено општество, сме тргнале во насоката која се зацртала пред некои си 50 години. Тогаш машко б...

Апел со мала лична историја

Растев во средина каде машките играа со колички и носеа машки бои, каде беше срамота и неприфатливо за машко да игра ластик со девојчињата пред зграда, да сака да им прави плетенки на другарките. Растев во средина каде „тоа е за женски/машки“ беше најверојатно секоја трета реченица која возрасните ја кажуваа.  Како поразличен од групата на машки деца во зграда никогаш не се пронајдов во играњето фудбал – затоа секогаш стоев на страна и затоа секогаш се буткав да се дружам со девојчињата бидејќи „женските“ игри ми беа поинтересни. Од тука нормално излегоа и сите наредни ситуации во кои сум се нашол не само јас, туку и многу други „поразлични“ деца. Во основно на почеток и не беше така лошо, првите четири години бевме уште мали за било што да дојде до израз, да се коментира, да се забележува иако бидувањето педантен откако се сеќавам беше потенцирано како „нежна“ карактеристика која ја поседувам. Наредните четири години кога дефинитивно се приметуваше дека не сум into the activities ...